Среда, 10 Јануари 2018   
Странскиот печат, особено грчкиот, за Асномска Македонија (17)

grcki-vesnici

„ИЛИНДЕН 1903-2003 И МАКЕДОНСКИТЕ ИСЕЛЕНИЦИ“

Многу искрени пријатели во светот несебично и безрезервно го поздравиле раѓањето на Република Македонија и слободниот национален развој на макддонскиот народ. Многу личности, не само што не ги затвориле очите пред една историска вистина, туку отворено го изразиле своето задоволство со успесите што ги постигнап македонскиот народ во сите области на својот слободен општествено-политички, стопански и културен живот.

Така, во својот опис за Скопје, американскиот журналист Гордон Шепард во списанието „Рипортер" („Reporter") од 8.1.1959 година забележал: „Нема многу остатоци од ромaнтичната слава на турско Скопје, кое некогаш беше веднаш до Царигрзд, со своитв 120 џамии и двете илјади дуќанчиња со ќепенци на кои им се восхитуваа странците. Индустриските планови на комунизмот вршат притисок врз остатоците на овој бивш каравански центар. Станбените згради никнуваат меѓу преостанатите џамии во градот. Малите балкони и модерните фасади во разни бои. Чудно изгледаат покрај ѕидовите на старите исламски храмови...

Првиот универзитет во Македонија претставува силно оружје и за ширење на македонската идеја. Маса од 4.153 редовни студенти се младинци од оваа област. Ректорот и повеќето од професорите се Македонци, а учебниците се пишувани на македонски или на српско-хрватски јазик. Бев заинтересиран да видам што е точно македонски јазик. Научниот собир на универзитетот ме увери дека нивниот јазик има 40.000 свои зборови, иако и ректорот кој ја преведува „Илијадата" на македонски јазик призна дека за многу зборови мора да се враќа на старословенски. На македонскиот литературен јазик се напишани веќе од 20 романи, повеќе драми, збирки од песни, како и една опера..."

Видниот норвешки славист д-р Аркус Галис, професор на универзитетот во Осло, во норвешкото списание „Самтуден" („Ѕатtидеn") во декември 1955 година објавил текст под наслов „Настанувањето на еден литературеn јазик".

„Во Република Македонија - пишува д-р Галис според статистиката во 1948 година наоѓаме 800.000 луѓе кои ги употребуваат македонските дијалекти како мајчин јазик. Кон Македонците во Републиката пребројуваме и околу 200.000 Шиптари, близу 100.000 Турци, 20.000 Цигании 10.000 Аромуни. Исто така и надвор од Југославија среќаваме Словени што говорат македонски, одиосно во соседството, во Бугарија и Грција.

Македонците во југословенската Македонија имаат денес свој сопствен писмен јазик македонски. Тоа е веројатно најмладиот писмен јазик во Европа, зашто тој е стабилизиран дури по Втората светска војна. Пред оваа војна се говореше само за ,македонски дијалект" или „срлско-македонски", или „бугарско-македонски дијалект."

Но, до настанување на македонскиот писмен јазик не се дојде само од себе си, туку тоа има своја претходна историја, што оди паралелно со борбата за национална независност на Македонците воопшто, борба што барашв тешки жртви и голема сила..."

Во текстот „Македонија меѓу Исток и Запад", објавен во органот на германската социјалдемократска партија „Форваро", Хари Шлајхер пишува:

„Првиот поглед на добредојде што го фрлив прекуСкопје, недвосмислено ми посведочи дека јас за време на моето школување не сум бил многу невнимателен. Со изградбата на станицата не би се засрамил ни еден средноевропски град со 160.000 жители. Животот во градот, особено живата изградба направи да станам посиромашен за уште една илузија, Имено, тука на половина пат за Ориентот, не успеав да најдам една оаза на јавашлук...

Македонија денес како една од шесте релублики на СФРЈ си има свој сопствен политички, стопански и културен живот. За Македонија денес започнува едно ново поглавје во историјата. Техничари, научници и уметници создаваат нова македонска култура, која веќе во XI век и подоцна беше на висина. Охрид е ризница и за Европа едно нешто што ја тера да се срами и што покажува колку оваа култура е близу до западиоевропската, но сепак останала незабележана. Но, Македонија и понатаму живее и денес е на пат да го надмине својот среден век, кој толку долго траеше..."

Ираклис Папахристу, главен уредник на грчкиот весник „Неос дромос", кој излегува во Атина, бил импресиониран од творечкиот полет што ги има зафатено луѓето во СРМ во изградбата на нов живот, па во споменатиот весник од 8 до 21 октомври 1958 година, во репортажата под наслов „Еден поглед на социјалистичка Југославија", за Македонија пишува:

Далеку во позадината чадеа оџаците на фабриките, а покрај нив се издигнуваат станови на работниците. Го минуваме мостот на Вардар и возот влегува во станицата кај главниот град на Социјалистичка Република Македонија, една од шесте републики на Југославија. Спроти станицата има едеи хотел на инвалиди од војната на четири ката и една прекрасна тераса што служи за летен ресторан на хотелот.

Југословенската македонска Република има околу два милиони жители и се наоѓа на просторот од бугарската граница на исток, до Албанија до запад. На аголот на улицата од еден звучник се слуша народна музика. Улицата е прекрасна и чиста како во сите градови во Југославија. Тука се забележува особена живост, како млада република што е и што се гледа на сегде, јужно од Белград. Но, тука овој ентузијазам се проширува не само на стопанството, туку на секој сектор од општествениот и културен живот. Една млада република со скокови се обидува да ја надмине заостанатоста и има амбиција да ги стигне и надмине другите републики од федерацијата. Тоа е еден повик многу човечки и на кој се одвиваат младите луѓе со голема полет и верба.

grcki-vesnici-2

Во старата и заостаната Македонија, денес се случува една преродба. Се’ се стреми да стане ново од темел. Бавно со големи напори, но сигурно. Темел на напредокот е трудот. Сите работат, сиге се во производство, во издигањето на човечката сила. Не е животот рај тука, ниту пак некој ти говори за рај. Освен тоа рајот се наоѓа само во фантазијата на аскетите и пророците, додека животот и творештвото се резултат на напори и акција. Проблемот е да не оди попусто човечката дејност и тоа мислам дека го успеаја младите луѓе што управуваат денес со Социјалистичка Република Македонија..."

Грчкиот напреден писател и публицист Јанис Гуделис во книгата: „Патувања и размисли - Југославија", во поглавјото што го посветува на СР Македонија бележи: „На картата гледаме дека Југословенска Македонија доминира на земјата. Има пространство од 26.494 клм.кв. со население повеќе од 1.750.000 жители и претставува една од Републиките на Југославија.

Владеачки јазик тука е македонскиот. Сепак, националните малцинства ги употребуваат своите јазици. Албанците, албанскиот, Турците, - турскиот, Имаат свои весници, свои емисии, свои училишта и секакви културни средства.

Во споредба со периодот пред окупацијатаположбата е многу изменета. Седумдесет и пет отсто од населението пред војната беа селани, а сега процентот слезе на 40 отсто. Другите жители живеат во градовите и индустриските центри.

Скопје, главниот град е еден убав град со половина милион жители. Доаѓа на трето место по Белград и Зцгреб по број на жители. Вардар со широки мостови, културните споменици, старите цркви и џамии (изградбата и тука е во напон), парковите и авениите, го прават Скопје еден од поубавите балкански градови...

Постои еден манастир, „Св. Прохор Пчински", каде беше свикано на 2 август 1944 година Првото заседание на АСНОМ со присуство на 115 народни претставници. Присуствуваа и членови на воените мисии на Англија и САД при Главниот штаб на Македонија. На ова заседание беше прогласена Македонија како федерална и рамноправна држава во рамките на Федерална демократска Југославија..." се вели меѓу другото во овие извештаи.

Продолжува

slave-katin-33
Пишува:
СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Од Божик до Водици не чини навечер да плетат жените чорапи

Ако го донесла работата чоека за да одит на туѓина на Божик, дури не поминат Водици, не чинело да се...

Историја

News image

ПРОБЛЕМОТ НА ЈАЗИКОТ НА МАКЕДОНЦИТЕ ВО ТРУДОВИТЕ НА РАНАТА ГЕРМАНСКА МАКЕДОНИСТИКА

„Во македонската држава како службен јазик се заведуе народниот македонски јазик“ гласи едната речен...

Иселеници

News image

На незаборавните Нијагарски водопади (4)

Од Торонто се упативме за Хамилтон, градот што е сместен н...

Култура и туризам

News image

Мариово - „Мирна земја" (1)

Георги Траjчев Георгимаjков (Прилеп, 1869 – Софија, 1945) е просветител, фотограф и револуционер, де...

Фељтон

News image

Александар Македонски (15)

Иако Филип Втори Македонски остана навреден од атинската помош на Византиум, сепак и...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.