Среда, 10 Јануари 2018   
Меѓу Македонците во светската метропола – Торонто (3)

kanada3ОД ПАТУВАЊАТА ПО СВЕТОТ КАНАДА

Кога човек се наоѓа во Торонто, главниот, најголемиот и најубавиот град во провинцијата Он­тарио се чувствува како да е во светот во кој се из­ме­шала американската и европската култура, ста­рото и новото. Торонто е општосветски град во кој живеат околу пет милиони жители од сите меридијани.

Тој е сместен на северозападниот брег на езерото Он­тарио, едно од трите најголеми езера во Северна Аме­рика и во светот, кое заедно со езерото Хјурон и Ири преку речниот тек на Лоренцовата Река по­вр­зува голем број американски и канадски мет­ро­по­ли кон Атлантскиот Океан. Меѓу езерата Ири и Онтарио се наоѓаат импозантните Нијагарски Водопади, најголемите и најпознатите во светот, а кои се само сто­тина ки­ло­мет­ри оддалечени од Торонто.

При нашата посета на таа важна канадска и светска метропола со ог­ромни перспективи, од пишаните документи дознавме дека Торонто е формиран  во 1793 година под името Јорк, а во 1839 година го добива сегашното име. Се простира од Оквил до Ошава на растојание од околу сто километри.

Торонто е бисерот на Онтарио, во кој се сместени, меѓу другото, голем број об­ра­зов­ни центри: една од највисоката кула во светот, позната како „Си Ен Тауер”, Забавниот парк „Онтарио Плеис”, „Харбоур фронт”, каде што се одржуваат голем број музички, театарски и други претстави, Спортскиот и културен центар „Скај Дом”, Научниот центар „Онтарио” и голем број други знаменитости познати ширум светот.

Инаку, преселувањето на Македонците во Канада, започна на крајот од 18 век, се засили по Илинденското вос­тание во 1903 година, а осо­бе­но беше изразено по балканските војни и по Првата светска војна, кои на­мес­то слободата од петвековното ропство, на Маке­дон­ците им до­не­соа тројна поделба, угнетување, аси­ми­лаци­ја, денационализација и фи­зич­ко уништување што ги спро­­­­ведуваа порано ослободените соседи, Бу­гарија, Грција и Кралска Југославија.

Она што се случуваше во минатото во период од неколку векови, по Првата свет­ска војна, за релативно кусо време во одделни делови на Македонија настанаа крупни миграциони движења и етнички промени кои имаа катастрофални последици за ма­кедонското население.

Бранот на доселување од трите делови на Маке­донија во Канада, исто така, беше интензивен меѓу две­­те светски војни и по свет­ската криза. Меѓутоа, по Втората светска војна, а особено по поразот на Де­­мо­кратската армија на Грција и Граѓанската војна во    Гр­ција, на чија страна масовно учествуваше и македон­ско­то население од егејскиот дел на Македонија, со надеж де­ка конечно ќе ги добие своите национални и социјал­ни права, иселувањето раписно се зголеми.

kanada3-2
Центарот, стариот дел на Торонто

Потоа, во периодот по 1960 година, со либерализацијата на политиката за работа во други земји, голем број работници и ин­­телектуалци од СР Македонија заминаа во Канада. Пре­­­селничките движења кон ова голема земја непрестана во континуитет сé до де­нес. Меѓутоа, интензитет на иселувањето е различен зависно од еко­­номско-поли­тич­ки­те состојби во Македонија, на Бал­ка­нот и во светот.

Македонските доселеници сé уште не се соодветно присутни и во поли­тич­киот живот на та­мош­ното оп­ште­ство, а та­к­ов е слу­ча­јот и со дру­гите иселеници од Балканот. Меѓутоа, нивните по­­стиг­нувања се бележити, потврдени и значајни во областа на културата, образованието и социјалниот живот воопшто, особено на економски план. Голем е бројот на деловни луѓе од ма­кедонско потекло, особено во Торонто, кои по­стиг­­нуваат доста бројни  резултати. Таквиот напредок сé повеќе при­до­несува да стануваат интегрален и важен дел на ка­надското општество и познати и признати од до­ма­шниот фак­тор и од другите етнички групи.

Паралелно со остварените материјални услови се јавува и тран­сформација на животните навики кај Македонците во Канада, осо­бе­но од егејскиот дел на Македонија, од кои голем број се пробиле во ви­сокото општество, пред сé со своите инте­лек­туал­ни, об­разовни и научни верификувани потенцијали и способности. Денес има голем број Канаѓани од     ма­ке­донско потекло кои се про­фесори, лекари, инженери, музичари, писатели, умет­ни­ци и други професии.

По Втората светска војна, а поради нерешениот ста­тус на Ма­ке­дон­­ската православна црква во Маке­до­нија, иселениците го носеа со се­бе духот на Охрид­ска­та архиепископија. Црквите во прекуокеанските зем­ји се градени од Македонците, особено од егејскиот дел на Ма­ке­до­­нија. Но, за жал, тие се подведувани под туѓа канонска јурисдикција.

kanada3-3

Меѓутоа, со конституирањето на Народна Република Македонија и про­гласувањето на автокефалноста на Ма­кедонската православна црква, на­стани од фун­да­мен­тал­но значење и за иселениците. Се отвори нов процес на со­з­давање помасовни автентични македонски организации, маке­дон­ски црковни општини, културно-уметнички, лите­ра­тур­ни, забавни, спортски друштва и друг вид асоција­ции, а започнаа да се печатат и иселенички весници, спи­санија, билтени и се отворија македонски радио и телевизиски ста­ници. Тоа е особено изразено во метрополата Торонто.

При нашата посета се уверивме дека Торонто е град во кој културното живеење е со долги традиции и е многу блиску до она во Европа. Гра­дот има голем број современи театарски куќи и дру­ги центри на културата, во кои чести гости се врв­­­н­и уметници од си­­те делови на светот. Притоа, привилегија е да се при­­суствува на некоја од културните манифестации во оваа метропола, особено на оние на кои за билет се чека подолг период и потребни се повеќе пари.

Овој пат ќе зборуваме за театарската прет­ста­ва што се одржа на отворена сцена во Хајд Паркот во Торонто, на која, присуствуваа многу вљу­беници на делото на Шекспир, најголемиот драма­тург на сите времиња, меѓу кои беше и авторот на овие редови Славе Катин.

А дејството се случи во еден топол, убав ден. Голем број граѓани од западниот дел на То­ронто побараа засолниште во прекрасниот амбиент на паркот и под дебелите сенки на познатиот ка­­надски јавор, чиј лист во исто време е симбол на на­­цијата. Тука, заедно со посетителите се измешаа и верверичките, кои во Канада се заштитени со за­­кон.

Вриеше од народ. И бели и црни и жолти од сите делови на светот. Секој се забавуваше на свој начин на прекрасните падинки во паркот каде што се чувствува свежина и чист воздух. Нашата посета на ова излетничко место беше со цел да при­сус­твуваме на театарската претстава „Многу врева за ништо” од Вилијам Шекспир.

Театарската претстава се одигра на отворена сцена, што е типично за вакви пригоди, а која на­ли­ку­ваше на амфитеатар од античкото време, а ние се чувствувавме како да сме на некоја претстава во Хераклеја кај Битола или во античкиот анфитеатар во Охрид. Театарот во Торонто е сместен на една падинка во паркот во чие под­ножје е лоцирана сцената и придружните прос­тории. На три­би­ната имаше повеќе од илјада посетители. Наседнати во по­лукруг уживавме во извонредната изведба на зна­чајното Шекспирово дело, за коешто често актерите беа наградувани со бурни и долготрајни аплаузи и овации.

Продолжува

slave-katinn
Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Од Божик до Водици не чини навечер да плетат жените чорапи

Ако го донесла работата чоека за да одит на туѓина на Божик, дури не поминат Водици, не чинело да се...

Историја

News image

ПРОБЛЕМОТ НА ЈАЗИКОТ НА МАКЕДОНЦИТЕ ВО ТРУДОВИТЕ НА РАНАТА ГЕРМАНСКА МАКЕДОНИСТИКА

„Во македонската држава како службен јазик се заведуе народниот македонски јазик“ гласи едната речен...

Иселеници

News image

На незаборавните Нијагарски водопади (4)

Од Торонто се упативме за Хамилтон, градот што е сместен н...

Култура и туризам

News image

Мариово - „Мирна земја" (1)

Георги Траjчев Георгимаjков (Прилеп, 1869 – Софија, 1945) е просветител, фотограф и револуционер, де...

Фељтон

News image

Александар Македонски (15)

Иако Филип Втори Македонски остана навреден од атинската помош на Византиум, сепак и...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.