Среда, 07 Февруари 2018   
Во МПЦ „Света Богородица“ во Детроит (7)

sad7-1

ОД ПАТУВАЊАТА ПО СВЕТОТ – СОЕДИНЕТИТЕ АМЕРИКАНСКИ ДРЖАВИ

Често пати се вели дека Америка е земјата на бизнисот и религијата. Тоа се потврдува со фактот што на тие богати простори век векуваат еден крај друг многу­бројни народи и нации од сите расни групи со различни ре­ли­гии и од сите континенти во светот. Меѓу нив, зна­чајно место имаат и Македонците, кои ги уживаат си­те права и слободи за развивање на своите на­цио­­н­ални чувства, на својата култура, религија и на сè она што  што го донеле и го чуваат од етничка Македонија и ја карактеризира нивната самостојност и са­мобитност.

Во минатото Маке­дон­ците на северноамериканскиот континент биле во по­­по­дре­дена по­ложба во споредба со емиграцијата на соседните зем­­ји на Балканот. Затоа биле пос­тојана цел на ту­ѓи­те пропаганди. Соседните земји, со свои­те освојувачки и аси­ми­ла­тор­ски апетити, насто­ју­ва­ле со сите сили и пер­фидни средства, да ги придобијат и да се наметнат на неорга­ни­зи­ра­ни­­те Македонци, со цел да ја деформираат и да ја потиснат нивната нацио­нал­на свест. Така заразени од туѓите проп­а­ган­ди, за жал, како религиозни луѓе некои се приклучиле кон (про)бугарски, (про)српски, (про)грчки пра­во­слав­ни цркви и други организации и клубови.

Ме­ѓу­тоа, положбата рапидно се смени по консти­ту­и­­­ра­ње­то на Република Македонија и осо­бено по об­но­ву­вањето на Охридската архие­пис­ко­пија во ли­цето на Македонската православна црква. Како резул­тат на тие придобивки, Ма­ке­дон­ците во Соединетите Американски Држави формираа многу македонски пра­вославни црк­ви, манастири, црковни општини македонски друштва, клубови и различни асо­ци­јации, отворија радија и ТВ-програми, започнаа да печатат весници, списанија и други инфор­ма­тив­ни гла­сила на македонски јазик.

Тоа при­донело во но­вите средини тие да се претстават како за­себна на­ција, со своја држава, со длабоки корени, со национална црква и со сите дру­­ги атрибути на еден народ во светот. Македонските иселеници за­ста­­наа на страната на вистината, со цел да го афир­ми­­­раат македонскиот народ и Република Маке­до­нија.

sad7-2
Детроит

Америка отсекогаш била „ветената земја” за Европејците, односно народите од оваа страна на океанот. Тие се населувале на тој богат и по многу нешта карактеристичен континент од почетокот на освојувањето до денешни дни. Процесот на до­се­лу­вање непрекинато трае и, веројатно, ќе продолжи и во ид­нина. Во овој долг период на доселување, ако Њу­јорк станал центарот за Евреите и Италијанците, Лос Анџелес за Кинезите, Чикаго за многу народи и нации, тогаш Детроит е средиштето на Ма­ке­дон­ците од сите делови на Македонија.

Детроит е центарот на ав­то­мо­бил­ска­та индустрија и на други важни компании, затоа и станал „мека” за Македонците. Најголем број нашинци нашле сигурна егзистенција токму во автомобилските компании, а одреден број, особено доселениците од Тетовско отвориле фурни, ресторани, слаткарници, дуќани и средни индустриски капа­ци­те­ти, во кои работат голем број доселеници од Ма­ке­донија и пошироко од Балканот.

Нашето патување од Чикаго го продолживме за Детроит со летот кој траеше околу еден час. Беше пладне кога авионот се вивна во висините и леташе од североисточната страна, долж брегот на езерото Ми­чиген, во кое како во море пловат бродови, јахти, лаѓи...  Во далечината се забележуваше градот Милвоки во државата Висконсин, кога авио­нот сврте кон исток, а потоа преку езерото и ко­п­нениот дел на државата Мичиген се најдовме над цен­тарот на автомобилската индустрија - Детроит.

Детроит е велеград на езерото Ири - една од петте метрополи во Соединетите Американски Држави и седиште на ав­то­мо­бил­ски­те компании „Форд”, „Крајслер” и „Џенерал моторс”. Тоа е град на авионската и електронската индустрија, кој уште во 1796 година го формирале Французите. Исто така, Детроит е еден од големите центри на афроамериканското население, како и значаен културен, административен и спортски центар на тие аме­ри­кан­ски простори.

Меѓутоа, за нас најзначајно е тоа што Детроит е средиштето на најбројната македонска колонија во Соединетите Американски Држави, во која првите печалбари од егејскиот дел на Македонија, од Преспа, Битолско и други места се доселиле уште при крајот на ВИИИ век. Денес во метрополата  живеат четириесетина илјади Македонци и тоа претежно од Преспанско, Тетовско и Битолско. Затоа, со право се вели дека Вратница - Тетовско и Љубојно - Преспанско се преселиле во Детроит, а нив, за жал, ги има повеќе таму отколку во Македонија (околу 300 семејства од Вратница, а околу 120 семејства од Љубојно).

sad7-3
Олтарот на МПЦ „Света Богородица” во Детроит

На покана на црковната управа, делегацијата од Македонија на чело со митрополитот Кирил, кој имаше посебно место во црковно-националното живеење на Македонците во Детроит, ја посетивме Македонската православна црква „Света Богородица”. Таму се сретнавме со доста нашинци кои најдоа слободно време да дојдат и да слушнат за поголем број прашања и проблеми од „стариот крај”, како што често велат за Македонија. Се отвори дискусија, при што присутните посебно се интересираа за состојбите во Македонската православна црква, за состојба во Република Македонија и за животот и настаните особено во Тетовско.

При нашата посета на Детроит бевме информирани дека постоела иницијатива за формирање и изградба на македонска православна црква меѓу Македонците од Детроит уште од поодамна. Меѓутоа, таа желба се исполнила дури во 1975 година кога Македонската православна црква „Света Богородица” била примена во крилото на Светиклиментовата црква и потпаднала под нејзина јурисдикција и кога митрополитот Кирил отслужил прва архијерејска литургија на македонски јазик.

Бевме запознати со активностите на овој многу значаен духовно-културен македонски центар, во чиј состав работи Културно-уметничкото друштво „Танец”, во кое членуваат педесетина млади момчиња и девојчиња, претежно родени во Соединетите Американски Држави, а кои се вљубеници во македонскиот фолклор.

Овие млади Американци од македонско потекло редовно учествуваат на голем број манифестации што се одржуваат во Соединетите Американски Држави и во Канада, особено на црковно-народните собири што се организираат на тие простори. Женската секција е десна рака на управата на црквата. Посебно место има училиште на македонски јазик.

sad7-4

Денес стариот објект на црквата е продаден а изградена е нова црква која претставува соборен храм и најголем објект на Македонската православна црква во Соединетите Американски Држави. До храмот се изградени големи сали и други простории што претставуваат убав македонски архитектонски комплекс. Местото е осветено на 25 септември 1995 година, а црквата е осветена на 21 септември 2002 година.

Од посебно значење за македонската заедница во Детроит беше, секако, Катедрата по македонски јазик што со успех работеше на Универзитетот „Ен Арбор”. Македонскиот јазик како признат, познат и рамноправен со другите светски јазици, започна да се изучува во Детроит од септември 1991 година. На првиот курс беа запишани десет студенти, од кои пет Американци од немакедонско потекло. Средства за одржување на Катедрата, покрај образовните установи, обезбедуваше и Македонската православна црква „Света Богородица” од Детроит

Продолжува

slave-katinn
Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Заев, Албанците не те сакаат! Ниту Македонците! Ниту Турците!

Отворено писмо од Арбен Таравари Градоначалник на општина Гостивар до Зоран Заев

Историја

News image

Коренот на Македонците

После сето ова што го предочивме, можеме да се вратиме на книгата на пророкот Даниил и на родословна...

Иселеници

News image

ПЕТТАТА СВЕТСКА СРЕДБА НА ДЕЦАТА БЕГАЛЦИ НА 30 ЈУНИ И 1-2 ЈУЛИ 2018 ГОДИНА

Делегација на Сојузот на здруженијата на Македонците од Ег...

Култура и туризам

News image

СУРАТИ

СУРАТИ

Фељтон

News image

Александар Македонски (19)

Наспроти големото возбудување што беше предизвикано од убиството на Филип Македонски...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.