Среда, 14 Февруари 2018   
Од посетите на МПЦ „Св. Димитрија“ и „Св. Јован“ на Флорида (8)

sad8-1

ОД ПАТУВАЊАТА ПО СВЕТОТ – СОЕДИНЕТИТЕ АМЕРИКАНСКИ ДРЖАВИ

Патувањето за Флорида го започнавме на аеродромот „Кенеди” во Њујорк. Овој светски аеродроми, покрај тоа што е огромен, тој е едноставен, практичен и со безброј патокази. Авионот во кој удобно се сместивме и патувавме полета на пладне од Њујорк. Првата дестинација беше аеродромот Шарлот, во Северна Каролина, каде останавме околу еден час, а потоа полетавме за Форт Лаудердел на Флорида, град кој е важна сообраќајна раскрсница и место на богаташи. Тој е најголемото пристаниште на американските јахти и најбогатите куќи на тој дел од Флорида, а можеби и во светот.

Нашата цел на посетата беше да ја почувствуваме  и да понесеме спомени од Флорида, а во исто време да ја посетиме македонската колонија и двете македонски православни цркви: „Свети Димитрија” и „Свети Јован Крстител”. Се запознавме со историскиот развој на Флорида пред нашето патување од пишаните материјали. Меѓу другото, таа е сојузна држава на Соединетите Американски Држави, на полуостровот Флорида, помеѓу Атланскиот Океан и Мексиканскиот Залив, чиј главен град е Телахаси, но се чини Мајами е најзначајниот град, како и градовите Џексонвил, Темпа и прочуените  морски капалишта Мајами Бич, Палм Бич и Дејдона Бич. Флорида е пространа рамница, со песочни брегови и суптропска клима, со многу благи зими и топли лета.

Флорида е сместена од границата со државата Џорџија, и се протега до југ до  Флоридскиот Мореуз, кој е еден од најважните морски теснеци на Западната хемисфера. Тој ја дели Флорида од  Куба, а со тоа дели два различни света..    

Низ Флорида течат многу реки со бавен тек. Има голем број мочуришта и езера, а поголемо е езерото Окичоби. Туризмот е најразвиена гранка во Соединетите Американски Држави, но, исто така, во Флорида е развиена и прехранбената, дрвната и други индустрии. По производство на минерални фосфати е прва во Западната хемисфера.

sad8-2
МПЦ „Св. Димитрија” во Јужна Флорида

Инаку, Флорида ја открил шпанскиот истражувач Понсе де Леон во 1513 година. Под Шпанија била до 1763 година, потоа под Англија се’ до 1783 година, кога повторна потпаднала под Шпанија. Во 1819 година Соединетите Американски Држави ја откупиле од Шпанија, меѓутоа долготрајната битка меѓу Соединетите Американски Држави и семинолските Индијанци оставила траги. Флорида е сојузна држава на Соединетите Американски Држави  од 1845 година.

На тие простори вдолж океанот,покрај бројните приватни куќи можат да се видат десетици илјади повеќекатни згради, распослани покрај водената шир, кои се значајни сами за себе и претставуваат една богата архитектонска целина. Се чувствува дека брегот дише многу потопло и поубаво и за очите и за душата од каде и да било на друго место во светот.

Да се види Флорида, во исто време значи човек да се запознае со вистините кои се видени на филмското платно, преку малиот екран, во фантазиите, мечтите… Затоа, често се вели дека цела Флорида е вистинското светско место за живеење и рекреација. Со своите трговски центри, места за рекреација, со културните центри, со прекрасните океански плажи и многуте заливи за паркирање на богатите јахти, тој дел на Флорида е многу популарно место на богаташите од северниот дел на САД и од Канада..

Флорида е една од најинтересните простори на Земјината топка поради својата географска положба, клима и посебност од секаков вид. Човек има впечаток дека по должината на брегот на океанот се наоѓа еден град чија големина е непрегледна илјадници километри од Џонсонвил до Мајами. Затоа, често се вели дека богатите Американци не случајно ја одбрале Флорида, каде живеат претежно во есен и зима, А нив, со право ги викаат „птици преселници”, кои се шетаат по убавите и интересните и по многу нешта карактеристични простори, за кои за да се видат е потребно многу време.

Во Флорида ја посетивме и Македонската православна црква „Свети Димитрија”, која се наоѓа во Јужна Флорида северно од Мајами.  Оваа црковна општина е една од помладите што Македонците ја формирале и претставува место на собирање и другарување на доселениците на тие топли и убави простори.

Почетоците за формирање на црковниот храм „Свети Димитрија” започнале со конституирањето на македонскиот клуб на Флорида, на Василица, на 14 јануари 1989 година. Таа забава останала незаборавна како собир на другарување и братска љубов на македонските доселеници во тие убави и топли краишта на Јужна Флорида. Потоа, на 15 август 1989 година, била формирана Македонската православна црква „Свети Маченик Димитрија” и  била рагистрирана пред американските власти во Талахаси (Tallahaccee) во Флорида.

Почетоците на црковниот живот започнале во изнајмени сали и клубови, при што македонски свештеници служеле на сите поголеми верски празници. Потоа, започнале да се организираат пикници и други манифестации, на кои се собирале македонските иселеници од Соединетите Американски Држави и Канада.

Во оваа прилика треда да се назначи дека секоја прва седмица во месец март Македонците од Флорида организират пикник. Пикниците се дел од активностите на членовите на црквата „Свети Димитрија” и на други добронамерници и пријатели на Македонците од северните делови на САД и од Канада, кои како „птици преселници” на есен доаѓаа на Флорида. Кога ние присуствувавме на еден пикник имаше околу 250 посетители.

Тогаш се нагласи улогата на МПЦ „Св. Димитрија” што ја има меѓу Македонците во Флорида, како и потребите за доизградба на храмот и за иднината на овој значаен духовен, национален и семакедонски центар во Јужна Флорида. На пикникот настапија македонски играорки и естрадни уметници.

За Македонците во Флорида ке остане за паметење 2004 година, кога се купени две куки, на Булеварот Нортлеик во Палм Бич Гарденс. Тие потоа се адаптирани во црква и црковна сала. Во нив се продолжи и се практицира православната македонска вера, обичаите, традиции, песната и орото и други духовни и културните вредности донесени од Македонија. 

sad8-3
Дел од пикникот во Флорида
    

Во црквата „Св. Дитрија” која се наоѓа на источниот брег на океанот е посетена од голем број Македонци кои од почеток до денес се вклучени во активностите за изградба и реконструкција на зградата, меѓу кои најголеми донатори се бизнисмените браќата Јосив и Георге Атанасоски. Се чини членките на женската секција се столбот на активностите во црквата. Тие заедно со другите членови на црквата, со младите генерации организираат игранки, прослави за верски празници, прослава на Нова година и други собирања за Македонците од сите делови на Македонија.

Затоа, со право може да се рече дека црквата „Свети Димитрија” во Јужна Флорида, заедно со уште стотина македонски храмови во дијаспората и околу три илјади во Македонија е доказ за постоењето и признавањето на Македонската православна црква во лицето на Охридската епископија. 

Црквата „Свети Јован Крстител’, пак, се наоѓа на западниот дел на Флорида, на Мексиканскиот Зали. Ние тргнавме на долгиот пат за да ја посетиме по долгиот автопат од источниот до западниот брег на Флорида. Колона автомобили се движеше по автопатот кој поминува покрај многу населени места и фарми. Исто така, тој го дели и мочуриштето во кое имавме можност од непосредна близина на оградата од автопатот да видиме различни морски птици, но и крокодили, кои мирно го чекаа својот плен.

Автопатот беше со сите американски нишани, но беше прав, недогледен и за возачот и здодевен. По повеќе часа возење се најдовме од другата страна на брегот на Флорида, во градот Нејплс. Таму, во ресторанот Вергина (Вергина), каде се вишнееше македонското знаме со сонцето од Кутлеш, имавме средба со познатите македонски иселеници и бизнисмени, наши долгогодишни пријатели, кои покрај Торонто и Чикаго свиле убави гнезда на еден мал богат остров во Мексиканскиот Залив.    

Во Нејплс се чувствувавме како дома, како во Македонија. Истиот ден кога пристигнавме, од ресторанот Вергина кој се наоѓа во центарот на градот, на главната улица  ја гледавме парадата што започна токму пред ресторанот Вергина, чиј главен организатор и спонзор беше еден нашинец по потекло од Егејска Македонија. Средбата во Вергина беше многу срдечна, пријателска, македонска. Разговаравме за многу работи кои се однесуваат на збиднувањата, напредокот и иднината на Македонија.

sad8-4

Од Нејплс се упативме кон север за да  ја посетивме Македонската православна црква „Свети Јован Крстител” во Тарпон Спрингс, недалеку од градот Темпа. Таму, на западната страна на Флорида, спроти Мексико, пред голем број Македонци, кои претежно живеат во северните делоти САД и од Канада.

Таму имавме средби со управата на црквата, како и со бројни македонски иселеници со кои се познаваме уште од Канада и северните делови на САД. Во просториите на црквата „Свети Јован Крстите”, како и во црквата „Свети Димитрија” ја промовиравме монографијата на бизнисменот Ѓорѓија-Џорџ Атанасовски, чиј автор е авторот на овие редови.

Задоволството се чувствуваше кај сите присутни што се одржа еден културен настан во таа македонска црква која славеше неколку години од нејзиното постоење беше големо.Притоа, Управата изрази голема благодарност на Ѓорѓија-Џорџ Атанасоски за неговата финансиска помош на Македонските православни цркви и асоцијации во Соединетите Американски Држави.

Продолжува

slave-katinn
Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Димков : Во Службениот весник стои дека референдумот е неуспешен

Димков:Цврсто стоиме на ставот- нема промена на Уставот со цел промена на уставното име

Историја

News image

Циркуларно писмо на Министерството за народна просвета на Народна Република Бугарија за исправки во учебниците по истори

Ноември 1947 г. Изработката на новите учебниците по историја по 9.IX.1944 година беше извршена во п...

Иселеници

News image

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски - најголемиот инвеститор од македонското иселеништво (14)

Иселувањето од прилепскиот крај на Ѓорѓија Џорџ Атанасоски...

Култура и туризам

News image

Македонски или Тројански даб симбол на вечноста

Македонскиот даб е ендемски вид со посебни карактеристики и преставува вистинско природно богатсво. ...

Фељтон

News image

Александар Македонски (53)

Во Суса тој ја изрази оваа идеја со непогрешлива јасност и на симболичен начин за це...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.