Среда, 14 Февруари 2018   
Македонски иселенички асоцијации во светот и нивната улога (22)

ilinden22-1

„ИЛИНДЕН 1903-2003 И МАКЕДОНСКИТЕ ИСЕЛЕНИЦИ“

Македонските иселеници во прекуокеанските земји манифестирале позитивен став и голема лојалност кон Народноослободителната борба и НР Македонија, и пружиле организирана помош во нејзината обнова и изградба по војната. Така, најкрупна и најзначајна по својот ефект и значење била кампањата за изградба на Американската болница во Скопје, која започнала ао 1946 година, а во 1958 година била свечено пуштена во употреба.

Македонците, особено во прекуокеанските земји во изминатиот период биле тесно поврзани со традициите. Затоа, тие често се населувале на порано формираните македонски етнички населби. Таму, во светските метрополи, македонските доселеници постигнале забележителни резултати во областа на културата, образованието и социјапниот живот воопшто.

Нивните постигања на економски, образовен и културен план, во голема мерка, придонесувале тие да не бидат третирани како граѓани од втор ред, туку како интеграпен и важен дел во новата средина, познати и признати од домашниот фактор и од другите етнички групи.

Голем број на деловни луѓе од македонско потекло низ светот постигнале и постигнуваат евидентни резултати. Ваквиот налредок, пред сеʼ, придонесува за нивната општествена афирмација и поповолен третман во средините каде живеат, однесувајќи се кон нив како кон посебна етничка заедница, рамноправна со другите етнички групации во многунационапните општества во САД, Канада, Австралија, Нов Зеланд, Европската Унија (Европа), Јужна Америка, Турција и во други земји.

Паралелно со остварените материјални услови се јавува и тран­сформација на животните навики кај Македонците во дијаспората, осо­бе­но од егејскиот дел на Македонија, од кои голем број се пробиле во ви­сокото општество, пред сé со своите инте­лек­туал­ни, об­разовни и научни верификувани потенцијали и способности. Денес има голем број иселеници  од ма­ке­донско потекло кои се про­фесори, лекари, инженери, музичари, писатели, умет­ни­ци и други професии.

Инаку, по­­стиг­нувањата на Македонците во дијаспората се бележити, потврдени и значајни во областа на културата, образованието и социјалниот живот воопшто, особено на економски план. Меѓуто, во име на вистината треба да се каже дека македонските доселеници сé уште не се соодветно присутни и во поли­тич­киот живот на та­мош­ното оп­ште­ство, а та­к­ов е слу­ча­јот и со дру­гите иселеници од Балканот.

ilinden22-2

Од политички и други причини, на Македонците од егејскиот дел на Македонија не им било дозволено да се школуваат на својот мајчин јазик, а многу мал бил бројот на оние што завршиле грчки училишта. Затоа, поголемиот број Македонци од овој дел на Македонија, (а кои во прекуокеанските земји се најбројни и ги има околу 60 отсто), дошле во новата средина со многу ниско или со никакво образовно ниво.

Меѓутоа, мотивирани од желбата да обезбедат основна егзистенција и да создадат подобри услови за живот на семејството, посветувале поголемо внимание и на образованието и личниот статус. Како резултат на тоа, голем број од нив го научиле англискиот јазик, а своите деца ги испраќале на школување во англиски училишта, колеџи и универзитети.

Ова било изразено кај последните неколку генерации, особено кај иселениците од поново време кај кои повисокото воспитно-образовно и културно-научно ниво, придонело за подобрување на нивната образовна и бизнис структура и општествениот статус.

Свој придонес на овој план има и Македонската православна црква која игра значајна улога во олфаќањето на Македонците надвор од земјата, особено во прекуокеанските земји, а во поново време и во Европската Унија. По обновувањето на Охридската архиепископија во 1958 година и по прогласувањето на автокефапноста во 1967 година, Македонската православна црква направи силен пробив меѓу бројното македонско иселеништво во прекуокеанските земји - САД, Канада и Австралија, како и меѓу Македонците кои повремено или постојано се вработиле во заладноевропските, односно Европската Унија и други земји.

Идејата за формирање македонски црковни општини во прекуокеанските земји се родила најпрвин во Мебурн - Австрапија, каде што била осветена првата македонска православна црква „Св. Ѓорѓи". Тоа е прв мaкедонски храм на австралискиот континент, а и воопшто во иселеништвото, осветен од македонски владика.

Тој чин за сите Македонци во Мелбурн и пошироко бил од особена важност и претставува темелник на Макодонската православна црква во прекуокеанските земји. Во 1962 година е поставен камен-темелник за изградба на црквата „Се. Петар и Павле" во Гери, САД, во 1964 година на црквата „Св. Климент Охридски" во Торонто, Канада, а во 1973 година на црквата „Св. Наум Охридски" во Малме, Шведска.

Тој број постојано се зголемува, па активно работат бројни црковни олштини и манастири во четирите епархии на Македонската православна црква: Американско--канадска, Австралиска, Сиднеско - австралиска и Европската епархија, кои ги координираат активностите на црквите.

Денес македонски црковни општини и цркви во прекуокеанските и европските земји има 20 во САД, 10 во Канада, 28 во Австралија, а 28 во Европската Унија (поранешни западноевропските земји) и една во Африка.

Македонските православни цркви и општини се мошне ценети во домашните средини, пред сеʼ, заради резултатите што Македонците ги постигнаат во работата, а и заради нивниот лојален однос кон новата татковина. Тие досега претставуваат најзначајни и најголеми собиралишта на иселеници од сите делови на Македонија. Македонските православни цркви во прекуокеанските и европските земји го одразуваат единството и непосредно придонесуваат за афирмација на Македонија.

Од особена важност за активното живеења на македонските иселеници досeга е создавањето на црковните општини, градењето цркви и манастири. Така, преку своите црковни општини ја афирмираат Македонија како членка на меѓународната заедница. Всушност, тие се мост на соработката на Република Македонија со Европа, Европската Унија, со Австралија, САД и Канада.

ilinden22-3

Досега не еднаш е кажано дека македонското иселеништво и неговите асоцијации, како што се македонските црковни општини, прераснало во мошне значаен и позитивен фактор во градењето на добрите и заемни односи меѓу земјите во кои живеат македонските иселеници и Република Македонија.

Македонските православни цркви, културно-уметничките, спортските друштва, женските секции, македонските училишта, радио и ТВ часовите, весниците, списанијата и билтените играат огромна улога за македонските иселеници во прекуокеанските земји. Тие се можност и средство за афирмирање на културните вредности и постигања на македонските иселеници во прекуокеанските земји, но и афирматори на Република Македонија, како нераскинлив и интегрален дел на меѓународната заедница.

Треба да се потенцира дека Македонците во дијаспората претставувале една хомогена целина, веќе афирмирана и често посочувана како пример по својата организираност и активност меѓу  етничките грулации.

Во македонските православни црковни општини македонските доселеници, без оглед на тоа од кој дел на Македонија се дојдени, зборуваат ист јазик, пеат исти песни, играат исти ора, учат на македонски јазик и ги продолжуваат македонските илинденски традиции и обичаи донесени од Македонија. 

Паралелно со создавањето на македонските друштва, цркоаните организации и другите асоцијации, особено по Втората светска војна, македонските доселеници покренале и издавање на иселенички весници, списанија и отворање радио-часови на мајчинјазик, преку кои ги изразуваат целите и задачите на организациите, нивните активности и целокупното живеење, како и стремежите на нивните постигнувања во целина.

Продолжува

slave-katin-33
Пишува:
СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Заев, Албанците не те сакаат! Ниту Македонците! Ниту Турците!

Отворено писмо од Арбен Таравари Градоначалник на општина Гостивар до Зоран Заев

Историја

News image

Коренот на Македонците

После сето ова што го предочивме, можеме да се вратиме на книгата на пророкот Даниил и на родословна...

Иселеници

News image

ПЕТТАТА СВЕТСКА СРЕДБА НА ДЕЦАТА БЕГАЛЦИ НА 30 ЈУНИ И 1-2 ЈУЛИ 2018 ГОДИНА

Делегација на Сојузот на здруженијата на Македонците од Ег...

Култура и туризам

News image

СУРАТИ

СУРАТИ

Фељтон

News image

Александар Македонски (19)

Наспроти големото возбудување што беше предизвикано од убиството на Филип Македонски...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.