Среда, 14 Февруари 2018   
Објавена монографијата „Стив Пљакас“ од Славе Катин

stive-pliakes

Книгоиздателството „Македонска искра“ од Скопје деновиве ја објави монографијата „Стив Пљакас“ од публицистот Славе Катин. Публикација која е на англиски и македонски јазик, на 340 страници, е посветена на името и делото на еден од големите бизнисмени и истакнати општественици од македонско потекло во Канада, Стив Пљакас.

Бизнисменот Пљакас е канадски Македонец роден на 2 јуни 1940 година во селото Зелениче, Леринско, во егејскиот дел на Македонија. Тој е исклучително позната, призната и неодминлива личност меѓу Македонците во Канада и Соединетите Американси Држави. Бизнисменот Стив Пљакас е еден од најистакнатите Македонци кои се иницијатори, организатори и големи борци за афирмација и за одбраната на македонското многувековно име на Македонците ширум светот, Македонската православна црква - Охридска архиепископија и на националниот и духовниот живот на Македонците во дијаспората.

Во изминатите триесеттина години, тој беше особено активен во промовирањето на демократијата во Македонија за заштита на македонската вистина. Исто така, тој беше голем промотор за признавањето на Македонија како суверена, независна и самостојна држава на Балканот. Бизнисменот Стив Пљакас остварува блиски контакти со повеќе познати личности, дипломати и организации во светот во врска со настаните и состојбите во татковината и се бори за просперитетна   иднина на Македонија.

Стив Пљакас беше претседател на организацијата „Обединети Македонци“, претседател на Македонската православна црква „Свети Климент Охридски“ и претседател и спонзор на Комитетот за олимписките игри од Канада. Тој даде значајна финансиска помош за Македонците - олимпијци на Олимпијадите во 2004 година во Атина, и во 2008 година во Пекинг. Стив Пљакас е човекот кој го носеше македонското знаме пред македонските спортисти на двете олимпијади и беше најсрекниот Македонец во светот.

Стив Пљакас е човекот на кого Македонија му е големата љубов. Тој не отстапува и го брани сè она што е поврзано со античка Македонија. Со неговата посветеност за зачувување на древните македонски корени, насекаде во светот ја раширил вистината за античка Македонија насекаде во светот. Меѓу другото, заедно со професорот Мајкл Димитри се првите ентузијасти кои во 1995 година ги посетија и ги открија Калешите, народ  кои се смета за потомци на Александат III Македонски (Велики) во Пакистан.

Меѓу другите активности во новата средина во Канада, бизнисменот Стив Пљакас стана  член на масонската ложа во Њу Маркет. И како масон е познат поборник за човековите права, а со тоа за правата на Македонците во Канада и во сите делови на Македонија и во светот.

Македонската заедница во Торонто постојано ја промовира дедовската земја – Македонија, македонската нација, нејзината историја, литература, религија,  јазик култура, а во исто време и вистината за постигнувањата во новата мултиетничка демократска Канада. Затоа со право се вели дека Стив Пљакас ја обедини Македонската заедница во Торонто и пошироко, преку најразлични активности и преку спонзорирање на социо-културни настани. Исто така, тој соработува со канадските власти за унапредување на правата на Македонците во Канада и претставува мост меѓу Канада и Република Македонија.

Стив Пљакас е роден во егејскиот дел на Македонија и бил сведок на македонското партизанско движење за слобода. Но, во исто време бил и сведок кога грчкиот фашистички поредок  го направи црното сценарио за да прогони, да ги исели, а со тоа да ги избрише Македонците од својата земја, од своите вековни дедовски корени, а на нивно место да досели православни Турци (Просвиги).

Познатиот македонски бизнисмен Стив Пљакас заедно со својата сопруга Лили ја најдоа и ја почувствуваа слободата, демократијата и вистинскиот слободен живот во Канада. Затоа, тие како посветени канадски жители, се почитувани, познати и признати граѓани на демократското мултикултурно канадско општество. Тоа им даде крилја тие да бидат големи хуманисти, донатори намногу важни национални и културни манифестации во Канада и Соединетите Американски Држави каде живеат и работат многубројни Македонци од сите делови на Македонија.

Стив Пљакас долги години работи за Македонија, за Македонците и македонското прашање, обединувајќи ги македонските иселеници и Македонците  во  соседните  земји  со  спонзорирање на социо-културолошки настани. Неговата покојна сопруга Лили и тој особено се грижеја за своите сонародници во егејскиот и пиринскиот дел на Македонија, Македонците од Мала Преспа и на други места ширум светот. Притоа, донирале средства за хуманитарни и други организации во Република Македонија, меѓу кои и апарат за дијализа. Спонзорирале информативни гласила, портали, организации, цркви и друг вид асоцијации во неговата родна земја и насекаде во светот каде живеат Македонци. Тие се сопственици на големиот и единствен трговски центар „Македонија“ во Њу Маркет. Впечатливо дизајнираните рекламни табли на центарот „Македонија“ на некои им пркосат, а за многумина е место за препознавање и запознавање со Македонија.

„Македонска нација“

 

На прво место

News image

6.000 партиски војници на товар на државниот буџет

Скандал од невидени размери е што владата вработува 6.000 партиски војници на товар на државниот б...

Историја

News image

До 1860 година не само овде во Србија туку и меЃу самите Бугари не било познато дека во Македонија има Словени!

“...До 1860 година не само овде во Србија туку и меѓу самите Бугари не било познато дека во Македони...

Иселеници

Култура и туризам

News image

Брајчинските иселенички средби

Се одржаа 23-те „Брајчинските иселенички средби“

Фељтон

News image

Александар Македонски (45)

Александар Македонски штотуку го освои Источен Иран, пред да го започне големиот пох...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.