Среда, 07 Март 2018   
На песочните плажи на Тихиот Океан (11)

meksiko11-1

ОД ПАТУВАЊАТА ПО СВЕТОТ – МЕКСИКО

Истиот ден по пристигнувањето во Порто Ваљарта, по обимниот ручек во хотелот „Лас Памас“, ја почувствувавме  убавата песочна плажа што се раширила пред хотелпт, а ситниот песок се простира во недоглед. Таму, за прв пат го гледавме сонцето како зајдува во океански далечини. Гледка која ни остана во длабоко сеќавање и која скоро секој ден ја повторувавме.

Секојдневно уживавме на зајдисонцето во тропската клима, со дневни температути повисоки од 30˚C во текот на целиот ден. Притоа, бевме информирани дека во летните месеци, пак,  редовно паѓа дожд, а зимите се, главно суви.

Ги гледавме водите на најголемиот и најдлабокиот океан на Земјата, Тихиот Океан кои се брануваа од далечините до брегот. Океанот кој се протега од Беринговото Море на Арктикот до Антарктикот на југ и од Индонезија до Колумбија. Површината на океанот изнесува околу 180 милиони км², а најдлабоката точка е 11 км под површината на водата која се наога во Маријанската Бразда близу Маријанските Острови, што воедно ја претставува и најголмата длабочина на воден објект во светот. Во Тихиот Океан има голем број островски држави. Исто така во него постојат околу 25.000 острви (повеќе отколу во сите океани заедно), од кој најмногу се наоѓаат јужно од екватораот.

Во аналите за Тихиот Океан е забележано дека долж неправилните западни граници лежат многу ивични водени базени кои денес се именуваат како мориња, од кои најголеми се Коралното, Јужнокинеското,  Јапонското, Тасмановото и Жолтото Море. Така во текот на патувањата на Фернандо Магелан до Филипините, по излегувањето од теснецот низ Огнената земја (теснец кој подоцна го добил името по него) познат по јаките бури, тогаш му се причинило дека Тихиот Океан е многу мирен, по што и го добил името.

Сепак, подоцна се испоставило дека не е секогаш мирен. Копното по Тихиот Океан било подложено на вулкански ерупции и земјотреси. Исто така, бројни тајфуни започнале на тоа подрачје. Еден од најопасните е цунами, (ветрови кои се последица од подводните потреси) со огромни бранови кои ги уништуваат островите и градовите каде поминуваат.

meksiko11-2
Делфини во Тихиот Океан

На третиот ден од престојот во хотелот „Лас Палмас“, една од агенциите која се наоѓаше во непосредна близина на рецепцијата, нѝ организираше разгледување на дел од Порто Ваљарта. Автобусот беше полн со истите гости со коу патувавме од Канада до Мексико.

Убавата Мексиканка која ни беше домаќин и водич веднаш ни посака добродојде и започна со некои куси историски информации за Порто Ваљарта. Така, таа рече дека во 1918 година, селото било издигнато во статус на општина и преименувано по поранешниот гувернер на Игнасио Ваљарта.

Инаку, активниот градски живот во Порто Ваљарта започнал кога таму пристигнала првата авионска служба во 1932 година и изградбата на малиот аеродром. Потоа, бил изграде мост над Куала со што се поврза со патот кон Компостела. Дотогаш единствениот пристап до Порто Ваљарта бил преку море и воздух. Нашата домаќинка особено ја истакна 1942 година кога се појавила првата реклама за Порто Ваљарта во списанието „Модерн Мексико“, со седиште во Њујорк, за потоа во 1945 година, да слета првиот авион носејќи 21 патник.

Така, до 1950-тите, градот Порто Ваљарта почнал да привлекува Американци, главно писатели и уметници во ерата на Ајзенхауер и Макарти. Градот исто така привлекол мексикански уметници и писатели кои биле подготвени да ги остават удобностите на животот во поголемите градови и да се населуваат на брегот на Тихиот Океан. Новиот аеродром бил изграден во 1962 година, поврзувајќи ја Порто Ваљарта со Лос Анџелес кога мексиканската авиокомпанија почнала да нуди пакетни патувања, слични како оние што ние ги имавме „all inclusive“.

Во шеесетите и седумдесетите години летовалиштето Порто Ваљарта започнал да биде главна туристичка дестинација. Во 1964 години американскиот режисер Џон Хјустон таму го снимил филмот "Ноќта на Игуана". За време на снимањето, американските медиуми детално ја покривале вонбрачната врска на Елизабет Тејлор со Ричард Бартон, како и за честите борби помеѓу Хјустон и четирите ѕвезди на филмот. Таквата рекламна пропаганда помогнала да се стави Порто Ваљарта како една од главните дестинации на мапата за американските туристи.

meksiko11-3
Дел од Порто Ваљарта

Тоа ги поттикнало мексиканските власти значително да инвестираат особено во подобрувањето на транспортот за да го направат Порто Ваљарта лесна дестинација за патување. Така, се развил меѓународниот аеродром во градот, патниот  транспорт значително се подобрил, а и многу се инвестирало во развојот на автопатот и комунална инфраструктура.

Кога автобусот беше во близината на пристаништето Ел Саладо, каде што се наоѓа постојниот терминал за крстарење, Мексиканката нé информира дека тоа било отворено на 1 јуни 1970 година, со што Порто Ваљарта станал првиот пристанишен град во Халиско. Тука туристите од САД и Канада почнале да влегуваат со своите јахти. Тоа бил периодот од кога Порто Ваљарта доживеал туристички бум, како меѓународна туристичка дестинација, а со тоа привлекол бројни туристи и доселеници од САД, Канада и Европа.

Исто така, за Порто Ваљарта била значајна посетата на американскиот претседател Ричард Никсон, кој се состанал со тогашниот мексикански претседател Густаво Диас Ордаз во Порто Валарта во август 1970 година.  Посетата го поттикнала развојот на меѓународната аеродромска и туристичка инфраструктура во Порто Ваљарта, со што во медиумите биле печатени бројни рекламни материјали за убавините на градот.

Потоа бевме информирани дека економската криза во Мексико ги предизвикала туристите да доаѓаат уште повеќе во Порто Ваљарта. Како резултат на девалвацијата на мексиканскиот песос, ова летовалиште постанало дестинација особено за американските туристи. Додека девалвацијата на песото донела рекорден број туристи, во исто време во оваа област кај обичните граѓани се јавува значително зголемување на проблемите поврзани со сиромаштијата. Но затоа Порто Ваљарта станал популарна дестинација за голем број американски и канадски пензионери. Тоа придонело да  се појави градежениот бум во градот Порто Ваљарта.

meksiko11-4
Дел од островите Мариета

Исто така нашето тиристичко патување беше да ги посетиме островите Мариета. Тие се група мали ненаселени острови кои се наоѓаат неколку километри од брегот на Порто Ваљарта. Со кристално чисти води и песочни плажи овие острови се едни од најживописните места на светот и се многу популарна туристичка дестинација, особено поради изобилството на морски животни.

Меѓутоа, островите се заштитени од лов и риболов од мексиканската влада, со што претставуваат еден вид резерват на риби, особено за грбавите китови, делфини и други морски животни кои посетителите можат да ги видат на ова интересно место.

Според информациите што ги добивме од нашиот водич, стровите се формирале пред илјадници години како резултат на вулканска активност и се целосно ненаселени. Во 1900-тите години мексиканската влада ги користела како цел при воените вежби, токму поради тоа што биле ненаселени, при што наместо урнатини и пустош, се формирале неверојатни пештери и карпести формации, кои се атракција за посетителите.

Една таква формација е скриената плажа која претставува еден вид отворен кратер и е формирана од експлозија на бомба во комбинација со ерозија на карпите како резултат на локалните временски услови. Оваа плажа фицијално е наречена „Playa De Amor“,плажа на љубовта. До скриената плажа може да се пристапи само кога плимата е ниска, а посетителите треба да поминат низ краток тунел кој води до спектакуларната плажа опкружена со ретка флора и фауна.

Островите Мариета се природен резерват заштитен од мексиканската влада. За да се посети скриената плажа потребна е дозвола. Но, и без дозвола тие заедно со песочните плажи на Тихиот Океан се привлечни места за вљубениците на природата и посетителите на Порта Ваљарта.

Продолжува

slave-katinn
Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Димков : Во Службениот весник стои дека референдумот е неуспешен

Димков:Цврсто стоиме на ставот- нема промена на Уставот со цел промена на уставното име

Историја

News image

Циркуларно писмо на Министерството за народна просвета на Народна Република Бугарија за исправки во учебниците по истори

Ноември 1947 г. Изработката на новите учебниците по историја по 9.IX.1944 година беше извршена во п...

Иселеници

News image

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски - најголемиот инвеститор од македонското иселеништво (14)

Иселувањето од прилепскиот крај на Ѓорѓија Џорџ Атанасоски...

Култура и туризам

News image

Македонски или Тројански даб симбол на вечноста

Македонскиот даб е ендемски вид со посебни карактеристики и преставува вистинско природно богатсво. ...

Фељтон

News image

Александар Македонски (53)

Во Суса тој ја изрази оваа идеја со непогрешлива јасност и на симболичен начин за це...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.