Среда, 07 Март 2018   
Македонски информативни гласила со името „Илинден“ во Канада (25)

ilinden25-1

„ИЛИНДЕН 1903-2003 И МАКЕДОНСКИТЕ ИСЕЛЕНИЦИ“

Процесите на иселување во Канада започнале речиси во исто време како и оние во САД. Дури еден период Канада била „отскочна штица" за одење во САД, каде што полесно се наоѓала работа и заработувачката била поголема, што бил најважниот мотив и за преселниците од Македонија. Познато е дека првите Македонци во Канада се доселиле 1898 година и тоа претежно во Торонто, денес најбројна македонска колонија на иселеништвото, а потоа во Виндзор, Хамилтон и други места, а тоа биле печалбари од Јужна Македонија, денешна Егејска Македонија.

Со формирањето на првите друштва и друг вид асоцијации и организации, меѓу иселеништвото се појавиле и првите информативни гласила. Меѓутоа, веднаш треба да се нагласи дека информативната дејност и организираното живеење во Канада е многу слично, ако не и идентично на она во САД.

Всушност, весниците, билтените и другите гласила што излегувале во САД во периодот до Втората светска војна се дистрибуирапе и во Канада и во извесна смисла претставувале заеднички гласила. Ваква практика е присутна и денес и речиси секое гласило претставува информатор за сите Македонци на северноамериканскиот континент.

Првите гласила на македонски јазик ги издапа Национапната организација „Обединети Македонци" од Торонто, меѓу кои „Илинден" во 1961 година, „Македонски живот" 1962 година, „Илинденски весник" во 1967 година, „Македонија" во 1971 година, „Канадско-македонски глас" 1979 година, иМакедонски глас“ 1980 година, сегашниот весник „Обединети Македонци". Денес најзначајно место во информативната дејност имаат независните весници „Македонија“, „Македонски весник“ и други.

Организацијата „Обединети Македонци" формирана 1959 година, претставува интегративен фактор на бројното иселеништво и организатор на традиционалниот Илинденски пикник на кој се среќавале и до 25.000 посетители, а во чија чест се лечатат бројни гласила.

ilinden25-2

Исто така, во изминатите педесетина години, вистината за славниот Илинден била тема и за радио часовите на Македонците во Канада. Тие посебно место им посветуваа на Илинденското востание, на Крушевската Република, на АСНОМ... Затоа, заслужија посебно место во прославата на стогодишнината на Илинден. Денес само во Торонто со успех работат три радио и два телевизиски часови, слушани од бројното македонско иселеништво, бидејќи секојдневно им ја презентираат македонската култура, јазик и музичките достигнувања.

Тие ги информираат Македонците за новостите во Република Македонија, за животот и работата во иселеничките организации, како и за активностите во македонските православни црковни општини, друштва, клубови и друг вид асоцијации, кои претставуваат национални, духовни и културно-просветни центри за македонските доселеници од сите делови на Македонија во демократска и мултикултурална Канада.

Во продолжение се претставени македонски гласила што го носат името Илинден.

„ИЛИНДЕН" („ILINDEN“) (1961) – ТОРОНТО

Ова е прво списание на организацијата „Обединети Македонци", а и прво слисание на македонски јазик во дијаспората. Тоа излезе на 1 август 1961 година како македонски семеен магазин, а било отпечатено на 24 страници, заедно со кориците, на формат 21,5 х 28,5 см. Се печатело на македонски јазик со латиница и на англиски јазик, со цена на чинење од  25 центи.

Клишето на главата е на македонски јазик и со латиница, на чија лева страна е поместен амблемот на организацијата „Обединети Македонци". Списанието го уредил Редакциски одбор составен од членови на организацијата „Обединети Македонци", а било отпечатено во печатницата „Шерман" во Торонто.

ilinden25-3
Манастирот „Св. Илија“

Во воведната страница на првиот број, се вели дека: „Обединетиот македонско-канадски комитет започна да го издава ова списание за целата македонска емиграција, и дека се очекува да излегува ловремено. Неговата цел е да ја објасни важноста на македонското прашање, односно обединувањето на Македонците во Канада, без разлика на нивната политичка и религиозна припадност.

Ако целата македонска емиграција биде водена под едно знаме, ќе се постигнат поголеми резултати на секое поле. Вака обединети ние Македонците ќе бидеме многу покорисни за македонската кауза и за нас самите во оваа земја, обединети можеме да ја развиваме нашата културно-просветна дејност".     

Понатаму се зборува за отворање културни центри во Канада кои ќе им служат на над 30.000 Македонци со цел преку нив тие да го популаризираат своето име и своето минато...

„Македонскиот комитет го застапува принципот на неутралност - политика која е дело на македонскиот народ кој живее во Македонија, и убеден дека правилно е решено македонското прашање во Канада. Потврда за тоа се постигнатите успеси на последните два илинденски пикници и двете културно-просветни приредби одржани во Торонто".

Во овој број повеќето текстови се на англиски јазик, покрај кои, значајно место е дадено на Декларацијата за значењето на „Обединети Македонци" (Канадски комитет), за македонскиот литературен јазик, за македонскиот филм и за активностите на Македонците во Торонто, а се поместени и неколку писма, текстови за деца, речник на македонскиот јазик, како и бројни рекламно-пропагандни материјали и фотографии од животот во Македонија и во Торонто.

Ова е едно од поиздржаните списанија што македонските иселеници го имале во Торонто и пошироко и претставува лример за македонскиот печат во Канада.

„ИЛИНДЕН" („ILINDEN") (1966) - ТОРОНТО

Во чест на Илинденските празнувања во 1966 година бил отпечатен годишникот ,Илинден", како публикација на националната организација „Обединети Македонци - Канадски комитет" од Торонто. Годишникот бил отпечатен на формат 21 х 29 см. како списание, на англиски и македонски јазик, со латиница, на 56 страници, од кои 40 страници со текстуален дел, а 16 се исполнети со рекламно-пропаганден материјал.

ilinden25-4

Годишникот го уредил Редакциски одбор на Организацијата. На корицата од годишникот е фотографијата од споменикот на Гоце Делчев, а потоа следи преамбулата на Уставот и амблемот на Организацијата „Обединети Македонци", и текстот на химната на Канада.

Во воведната статија што е поместена на англиски јазик на втората страница, повеќе се зборува за историскиот момент од тој период, со посебна нагласка на последиците од војната како големо зло за човештвото. Затоа, се вели дека и Македонците во Канада треба да дадат свој придонес во надминувањето на проблемите кои го конфронтираат човештвото. Како лотврда на мирољубивоста на Македонците, во продолжение нa англиски јазик е песната под наслов „Мртвото девојче од Хирошима".

Веднаш потоа на македонски јазик следи пригоден текст за Гоце Делчев, народната песна „Болен ми лежи Миле Поп Јорданов", материјали за Крушевската Република, за потресната трагедија на Христо Узунов, за делото и значењето на свети Климент Охридски, како и за Илинден во светлината на свети Климентовиот јубилеј 1050 - годишнината.

Посебен простор е посветен на поетските дела на Константин Миладинов, Никола Вапцаров, Кочо Рацин и други автори, а има и текстови на англиски јазик кои се однесуваат на литературните дела на Григор Прличев, на јазикот на Македонците, на историското Илинденско востание, на македонската музика и фолклор, на уметничкиот балет во Македонија и на други културни вредности.

Публикацијата „Илинден" што ја издале „Обединетите Македонци" привлекува со својата разновидна содржина и текстови за актуелниот момент од богатиот национален, културно-просветен и духовен живот на македонските доселеници во Канада и претставува значаен дел од македонската книжевна дејност во дијаспората.

Продолжува

slave-katin-33
Пишува:
СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

6.000 партиски војници на товар на државниот буџет

Скандал од невидени размери е што владата вработува 6.000 партиски војници на товар на државниот б...

Историја

News image

До 1860 година не само овде во Србија туку и меЃу самите Бугари не било познато дека во Македонија има Словени!

“...До 1860 година не само овде во Србија туку и меѓу самите Бугари не било познато дека во Македони...

Иселеници

Култура и туризам

News image

Брајчинските иселенички средби

Се одржаа 23-те „Брајчинските иселенички средби“

Фељтон

News image

Александар Македонски (45)

Александар Македонски штотуку го освои Источен Иран, пред да го започне големиот пох...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.