Среда, 14 Март 2018   
ВО ФЛОРИДА ПРОМОВИРАНА МОНОГРАФИЈАТА ЗА НАЈГОЛЕМИОТ ДОНАТОР ОД МАКЕДОНСКОТО ИСЕЛЕНИШТВО – АТАНАС БЛИЗНАКОВ

atanas-bliznakov-monografija

На пикникот што го организираше Македонската православна црква „Св. Димитрија“ од Флорида на 11 март 2018 година, беше претставено јубилејното издание на монографијата за македонскиот национален деец, иселеник и повратник од САД, Атанас Близнаков, чиј автор е публицистот Славе Катин. Промоцијата се одржа по повод 40-годишнината од формирањето на фондацијата „Атанас Близнаков“ на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ од Скопје.

Монографијата, чиј рецензенти се: Ректорот Проф.д-р Никола Јанкуловски и проректорот Проф. м-р Гордана Јосифова - Неделковска е на македонски и англиски јазик, а е издание на Ректоратот на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ од Скопје. Делото беше претставено пред голем број македонски иселеници од сите делови на Македонија, особено од Д’мбенското друштво и од селото  Д’мбени, Костурско, од каде потекнува донаторот Атанас Близнаков.

Ова беше четврто претставување на монографијата „Атанас Близнаков“ на северноамериканскиот континент. Делото е посветена на животот и делото на најголемиот македонски донатор во иселеништвото ­ Атанас Близнаков (15.12.1901 – 10.07.1998). Тој е  еден од познатите и признатите македонски иселеници – повратници,  кој ја формира најголемата фондација во Македонија, од која околу 350 студенти завршиле универзитетско образование.

Според авторот, Атанас Близнаков припаѓа на онаа напредна генерација од првите доселеници на американскиот континент, која далеку од својата родна земја, со целиот свој живот и со целото свое битие остана трајно врзана со својот македонски народ и со Македонија.

Донаторот Атанас Близнаков не бил обичен печалбар туку како личност настојувал да навлезе во суштината на македонската судбина, слобода и правдољубива идеја, гледајќи ги работите со многу сериозен пристап, со што се издигна над времето во кое живееше. Затоа со право се вели дека неговата фондација претставува пример, поттик и инспирација за Македонците во иселеништвото и во Република Македонија, рече авторот.

 

На прво место

News image

Груевски: БЕСКРАЈНО ЈА САКАМ МАКЕДОНИЈА

БЕСКРАЈНО ЈА САКАМ МАКЕДОНИЈА

Историја

News image

Конвенцијата помеѓу Бугарија и Грција за иселување на малиинствата!

По Првата светска војна (1914 - 1918), со склучувањето на Договорот за мир со Бугарија на 27 ноември...

Иселеници

News image

Покана: 21. Денови на браќата Миладиновци во Осиек и Ѓаково

Покана: 21. Денови на браќата Миладиновци во Осиек и Ѓаков...

Култура и туризам

News image

Улогата на МПЦ-ОА во Преспа

Македонската православна црква одиграла значајна улога во Преспа. Христијанското население од етничк...

Фељтон

News image

Александар Македонски (33)

Co сигурност е потврдено дека Александар Македонски го префрли во Александрија пазар...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.