Среда, 28 Март 2018   
ВО ФЛОРИДА ПРОМОВИРАНА МОНОГРАФИЈАТА „СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

steve-pliakes

Во организација на Македонската православна црква „Св. Димитрија“ од Флорида на 18 март 2018 година, се одржа промоција на монографијата за познатиот канадски бизнисмен од македонско потекло, Стив Пљакас. Делото, за кое се рецензенти: Академик Антоније Шкокљев-Дончо и Проф. д-р Вера Стојчевска-Антиќ, е издание на Книгоиздателството „Македонска искра“ од Скопје, чиј автор е публицистот Славе Катин. Публикација е на англиски и македонски јазик, на 340 страници и е посветена на името и делото на еден од големите бизнисмени и истакнати општественици од македонско потекло во Канада, Стив Пљакас. Пред голем број Македонци од сите делови на Македонија, монографијата ја промовираше Лена Гоговкса.

Промоторот Лена Гоговска меѓу другото рече дека бизнисменот Пљакас е канадски Македонец роден во селото Зелениче, Леринско, во егејскиот дел на Македонија. Тој е исклучително позната, призната и неодминлива личност меѓу Македонците во Канада и Соединетите Американси Држави. Тој е еден од најистакнатите Македонци кои се иницијатори, организатори и големи борци за афирмација и за одбраната на многувековното име на Македонците ширум светот, Македонската православна црква - Охридска архиепископија и на духовниот и националниот живот на Македонците во дијаспората.

Во изминатите триесеттина години бизнисменот Пљакас и неговата покојна сопруга Лили беа големи промотор за признавањето на Македонија како суверена, независна и самостојна држава на Балканот. Стив остварува блиски контакти со повеќе познати личности, дипломати и организации во светот во врска со настаните и состојбите во татковината и се бори за просперитетна   иднина на Република Македонија.

Стив Пљакас беше претседател на организацијата „Обединети Македонци“, претседател на Македонската православна црква „Свети Климент Охридски“ и претседател и спонзор на Комитетот за олимписките игри од Канада. Плљакас бил и пратеник во Општината Њумаркет. Тој даде значајна финансиска помош за Македонците - олимпијци на Олимпијадите во 2004 година во Атина, и во 2008 година во Пекинг. Стив Пљакас е човекот кој го носеше македонското знаме пред македонските спортисти на двете олимпијади и беше најсрекниот Македонец во светот.

Меѓу другите активности во новата средина во Канада, бизнисменот Стив Пљакас стана  член на масонската ложа во Њумаркет. И како масон е познат поборник за човековите права, а со тоа за правата на Македонците во Канада и во сите делови на Македонија и во светот. Тој постојано ја промовира дедовската земја – Македонија, македонската нација, нејзината историја, литература, религија,  јазик култура, а во исто време и вистината за постигнувањата во новата мултиетничка демократска Канада.

Стив и Лили Пљакас се сопственици на големиот и единствен Трговски центар „Македонија“ во Њумаркет. Впечатливо дизајнираните рекламни табли на центарот „Македонија“ на некои им пркосат, а за многумина е место за препознавање и запознавање со Македонија.

Затоа со право се вели Стив Пљакас ја обедини Македонската заедница во Канада, САД и пошироко преку најразлични активности и преку спонзорирање на различни социо-културни настани. Исто така, тој соработува со канадските власти за унапредување на правата на Македонците во Канада и претставува мост меѓу Канада и Република Македонија, вели авторот Славе Катин.

 

На прво место

News image

Ти мора да си многу глуп…

Најчевска до Заев: Ти мора да си многу глуп…

Историја

News image

Маkедонiя и младотурkи - Aлеkсандръ Амфитеатровъ (1912)

              Рускиот патеписец Aлександар Амфитеатров во 1912 г., говорејќи за битк...

Иселеници

News image

Д-р Игор Јанев – бранител на името на Македонија

Меѓу големиот број Македонци со различно образование, зани...

Култура и туризам

News image

Дела на Славе Катин посветени на црковното и духовно-националното живеење

Славе Катин припаќа на Преспа, на Македонците во дијаспората, на етничка Македонија и на Македонскат...

Фељтон

News image

Александар Македонски (41)

Во текот на битките во Источен Иран, картата покажа дека погрешно беа претставени не...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.