Среда, 28 Март 2018   
Македонски информативни гласила со името „Илинден“ во САД (28)

ilinden28-1

„ИЛИНДЕН 1903-2003 И МАКЕДОНСКИТЕ ИСЕЛЕНИЦИ“

Процесите на иселување во Соединетите Американски Држави започнале речиси во исто време како и оние во Канада. Познато е дека првите Македонци во САД се доселиле уште  на крајот од 18-от век, а сите тие доаѓале преку Елис Ајланд, во Њујорк.

Со формирањето на првите друштва и друг вид асоцијации и организации, меѓу иселеништвото се појавиле и првите информативни гласила. Меѓутоа, веднаш треба да се нагласи дека информативната дејност на Македонците  и нивното организираното живеење во САД е многу слично, ако не и идентично на она во Канада.

Всушност, весниците, билтените и другите гласила што излегувале во САД во периодот до Втората светска војна се дистрибуираа и во Канада и во извесна смисла претставуваа заеднички гласила. Ваква практика е присутна и денес и речиси секое гласило претставува информатор за сите Македонци на северноамериканскиот континент.

Македонците во Соединетите Американски Држави се особено организирани во македонските православни цркви, но и во различни друштва и асоцијации. Овие значајни македонски асоцијации се, всушност, афирматори на македонската вистина и мост на зближување на нивната втора татковина – САД и Република Македонија.

Со доаѓањето на Македонците во САД, за нив започнал колкутолку побезгрижен живот. Бидејќи од крајот на XIX и во почетокот на XX век, Соединетита Американски Држави биле „ветената земја" и, благодарение на големиот економски подем, широко ги отвориле вратите за слободно доселување од други краишта на светот, особено од Европа. Во тој период - Њујорк во своето пристаниште Елис Ајленд секојдневно пречекувале и испраќале во внатрешноста на земјата илјадници емигранти. Меѓу нив, бројноста била поголема  особено по Илинденското востание и по поделбата на Македонија.

Далеку од својата родна земја - Македонија, доселениците во мислите ги носеле најмилите што останале дома и, се разбира, во своите срца ја носеле поробената татковина. Особено тешко ја поднесувале самотијата, разделбата, болката за либето...

Веројатно поради силната соседска пропаганда особено бугарската, меѓу двете светски војни само едно друштво е именувано со името „Илинден". Имено, во почетокот на 1922 година, група македонски доселеници од градот Њујорк, ја основале организацијата „Илинден". Оваа организација иʼ испратила протестна Резолуција во врска со потпишувањето на договорот за пријателство меѓу Србија и Бугарија.

Меѓутоа, по втората светска војна, Македонците во САД започнале да го прославуваат Илинден. И кај нив, како икај Македонците на другите континенти Илинден бил, е и ќе биде светла точка и искра на надежта за нивно опстојување. Илинденските празнувања и посвети биле на различен начин. Така, меѓу другото, заслужува да се споменат гласилата и друштвата поврзани со Илинден.

ilinden28-2

МАКЕДОНСКИ КУЛТУРЕН ЦЕНТАР „ИЛИНДЕН"  - ДЕТРОИТ

Македонскиот културен центар „Илинден" од Детроит беше единствена институција од ваков вид во САД и Канада. Во рамките на центарот „Илинден" се печатеше списанието „Македонски ѕбор " кое одигра важна улога во информирањето на Македонците на северноамермканскиот континент.

Списанието „Македонски збор" од Детроит посветило голем број материјали проследени со факти врзани за Илинден, Илинденското востание и Крушевската Република, кои оставија вистински траги во историскиот дел за Македонија.

Тоа е едно од првите македонски списанија од ваков вид во дијаспората што се печатеше на литературен македонски јазик и претставуваше значаен афирматор на македонското име и нација, а беше тесно поврзано со стварноста во Републиката Македонија.

Првиот број на списанието „Македонски збор" излезе на први август 1977 година за време на прославата на Илинденското востание во Детроит, а е печатен на осум страници во големина 28 х 22 см. со латиница чија форма ќе ја задржи и за идните броеви.

Овој број е посветен на 74-годишнината од Илинденското востание и 33-годишнината од конституирањето на македонската држава Република Македонија. Излегувањето на списанието е настан од посебен интерес во информирањето на македонската колонија во Детроит и пошироко.

Во првио број во воведната статија се објаснува целта на списанието „Македонски збор". Меѓу другото се вели: Списанието се планира да излегува еднаш месечно како образовно - воспитно и информативно гласило, кое ќе ја шири македонската култура, писменоста и историјата меѓу Македонците во Северна Америка (САД и Канада).

ilinden28-3

Инаку, списанието беше орган на Македонскиот културен центар „Илинден" од Детроит, а главен и одговорен уредник, сопственик и душата на списанието беше Сотир Гроздановски, познат општественик, новинар и културен работник во македонската колонија во Детроит, роден во с. Буково – Битолско

Исто така, за време на излегувањето на списанието, се јавуваат голем број Македонци од Детроит, Торонто и други градови како членови на издавачкиот совет, дописници и активни донатори и помагачи.

„МАКЕДОНСКА ИСКРА" (1977) – ДЕТРОИТ

По повод Македонскиот илинденски пикник одржан на 14 август 1977 година во Детроит, Организацијата „Обединети Македонци", гранка во Детроит, го отпечати првиот број на весникот „Македонска искра". Ова информативно гласило е печатено на македонски јазик со кирилица, а има материјапи и на англиски јазик. Весникот го издаде Редакциски колегиум на организацијата и со ориентација да излегува повремено.

Во првиот број од август 1977 година на првата страница е поместена етничка карта на Македонија, фотографии од Никола Карев, претседател на Крушевската република, и Гоце Делчев, идеологот и револуционерот од илинденскиот период, како и програмата за пикникот. Во продолжение следи пригоден опширен текст за Илинден, информација за целта и улогата на Организацијата „Обединети Македонци", и нејзиниот устав за Северна Америка.

Посебен простор е посветен на текстот за првата Македонска православна црква во Детроит - „Света Богородица", во кој, покрај другото, се вели дека во декември 1974 година е формиран Иницијативен одбор за организирање и градење на црквата и дека одржувањето на пикникот е време кога може да се собарат доброволни прилози за тој духовен дом.

По една страница е посветена на Струшките вечери на поезијата, на Сколје - градот на солидарноста, на спортскиот клуб „Вардар" од Детроит, како шампион во Мичигенската лига за 1977 година, а на последната страница е поместена етничка карта на Македонија со фотографии на поголем број револуционери од илинденскиот период.

Продолжува

slave-katin-33
Пишува:
СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

ЕРДОГАН И ЦИПРАС СЕ ИСПОКАРАА ЗА МАКЕДОНИЈА

ЕРДОГАН И ЦИПРАС СЕ ИСПОКАРАА ЗА МАКЕДОНИЈА РАЗГОВОРОТ БИЛ ДОСТА НАПНАТ

Историја

News image

МАКЕДОНСКОТО СОНЦЕ И КРАЛОТ ДЕМЕТРИЈ НА БРОНЗЕНИ ШТИТОВИ ОД „СТАРО БОНЧЕ“, КАЈ СЕЛОТО БОНЧЕ, ПРИЛЕПСКО

МАКЕДОНСКОТО СОНЦЕ И КРАЛОТ ДЕМЕТРИЈ НА БРОНЗЕНИ ШТИТОВИ ОД „СТАРО БОНЧЕ“, КАЈ СЕЛОТО БОНЧЕ, ПРИЛЕПС...

Култура и туризам

News image

ВРЕМЕ Е

Чедомир Б.Шопкиќ

Фељтон

News image

Александар Македонски (62)

ИЗГРАДБА НА БРОЈНИ ЗНАЧАЈНИ ХРАМОВИ ПОСВЕТЕНИ НА АНТИЧКОТО ВРЕМЕ

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.