Среда, 28 Март 2018   
Природно е секој да си го сака и брани своето, а потоа да го почитува туѓото

poraka1

Порака до Амбасадорот од македонската заедница од Сиднеј

Почитуван Господине Трпевски,

Четири и пол години изминаа откако дојдовте во Австралија како Амбасадор на Република Македобжнија. Ние, преставниците на македонските друштва и организации Ви благодариме што воспоставивте контакт со нас и што присуствувавте на нашите активности, онолку колку што Ви дозволуваа обврските и времето. Денеска, кога е време за повлекување на финалната црта на сумирањето на резултатите, сакаме да Ви порачаме како Заедница, дека Ви благодариме за вашата професионалност.

Се надеваме дека и идниот Амбасадор ќе дојде овде како Амбасадор на Република Македонија.

poraka2

poraka3

Ве испраќаме одовде со надеж дека, како умен и интелегентен човек, пред сѐ, а потоа и како Македонец, го дополнивте вашето знаење за модерната дипломатија(зашто човекот се учи додека е жив), и тоа знаење ќе им го пренесете на Вашите колеги МАККЕДОНЦИ, од било која националнот во Македонија, а кои работат во македонската дипломатија.

Не се сомневаме дека пред Вас е светла кариера на политичар, не само на дипломат во Македонија. Ви посакуваме голем успех и ви порачуваме дека секогаш ќе стоиме зад вас, зашто веруваме во вашето достоинство, во вашата чесност и во вашата љубов за Македонија. Впрочем, без корените, сите заедно сме никој и ништо.

И овде живееме во демократија. Контролирана, умерена, видна , но стегната во рамките на достоинството на државата, целта на постоењето на државата и нејзините важни атрибути: јазикот, културата, традицијата.

Природно е секој да си го сака и брани своето, а потоа да го почитува туѓото. Тоа се човечки не пишани правила. Отстапувањето од нив води во хаос.

Затоа Ве молиме, на претседателот Ѓорѓе Иванов, кој ве прати овде како Амбасадор, но и на шефот на дипломатијата, кој ние го сметаме за силеџија и нелегитимен, да им ги пренесете следниве пораки:

1. Македонската заедница од Австралија се спротивставува на плиткоумните размислувања за менување на многувековното име на Македонија. Спротивниот исход е дека ќе се направи масовна гробница на македонците и ќе не закопаат заедно со нашата историја, јазик, нашата култура.

2. Цврсто стоиме зад фактот дека НЕ треба двојазичност во Македонија, туку напротив, ако се способни и чесни (а силеџиите не се такви), треба да направат закон со кој ќе се зацврсне употребата на македонскиот јазик, кој е пра мајка на сите јазици, што лингвистите и археолозите секојдневно го докажуваат на научна база.

3. Им порачуваме на црковните свештеници и владици, да не им паѓа на памет да ги спроведуваат ништожните одлуки кои ги донесоа. Мајката црква, не може да стане пајсторка на Бугарската црква. Ако се чувствуваат како Бугари, нека си ги земат мантиите и нека го фатат патот за Бугарија. Доста и беа предавници на Македонија! Кажете им дека можат со себе да си ги земат и скапите возила, и деф да фатат од Македонија- никогаш повеќе да не се вратат.

4. Сѐ што е направено досега во Македонија треба да си остане. Спомениците, објектите , улиците. Кажете му на министерот за култура дека треба европското знаење да го прилагоди на македонската средина, односно, специфично сите вработени во Министерството за култура да ги испрати на психијатриски прегледи пред да им дозволи од готово да прават вересија. Парите за рушење на спомениците да ги пренасочи кон издавање на македонска литература и величење на македонското културно наследство.

Можеме да зборуваме до утре за да ви го искажеме нашето незадоволство со моментната состојба во Македонија.

Статистичките податоци покажуваат дека 64 посто од парите во Буџетот на Македонија доаѓаат од дијаспората. Имајте го тоа на ум кога ќе станете важна личност во македонската политика.

Ви посакуваме среќен пат, разумна понатамошна работа и многу љубов за своето и за Македонија. Да сте жив и здрав и пак да се видеме како МАКЕДОНЦИ од Македонија!

poraka5

poraka4

Македонска заедница во НЈВ

 

На прво место

News image

ЕУ интеграција единствено под услов на уставно име и национален идентитет

ОМД: ЕУ интеграција единствено под услов на уставно име и национален идентитет

Историја

News image

Што преставуваше Бугарија за Македонија

На почетокот на август 2017 година Македонија и Бугарија потпишаа Договор за пријателство, добрососе...

Иселеници

News image

ВИСТИНАТА ЗА СОЗДАВАЊЕТО НА ГРЧКАТА ДРЖАВА

Неодамна на интернетската мрежа изненадно се појави видео ...

Култура и туризам

News image

Манастир „Свети Архангел Михаил“ во село Теово, Велешко

На 35 километри југозападно од Велес недалеку од селото Богомила распослано пред клисурата на реката...

Фељтон

News image

Александар Македонски (28)

Кога Александар се укотви, го испрати Парменион со мал дел од војската да го најави ...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.