Среда, 04 Април 2018   
Македонски асоцијации со името „Илинден“ во САД (29)

ilinden29-1

„ИЛИНДЕН 1903-2003 И МАКЕДОНСКИТЕ ИСЕЛЕНИЦИ“

Во изминатиот период кај македонските иселеници во САД се постигнати видни резултати во духовниот и културно-просветниот живот. Создадени се бројни македонски друштва, организации, спортски клубови и други форми на дејствување, во кои масовно се собираат македонските иселеници. Едно од тие е, секако друштвото „Илинден“

ДРУШТВОТО „ИЛИНДЕН" ОД ДЕТРОИТ

Ова друштво го формирапе доселеници од селото Рогачево, Тетовско. А во државата Мичиген во САД има околу педесеттина семејства од селото Рогачево, од кои само во Детроит триесеттина. Друштвото „Илинден" постои од 1979 година.

Од тогаш иселениците од ова село го слават и верскиот и национален празник Илинден. Исто така, организираат и селска слава на „Св. Спас", како сеќавање на селската слава во нивното село. Таа се одржува во црковната сала на „Св. Богородицз", каде што се собираат околу 200 до 300 души. Секој трет месец управата организира состанок на членството, кое плаќа членарина од 25 долари годишно.

Друштвото „Илинден" за изградба на новата црква „Св. Спас" во нивното село, како помош испратило 35.000 долари."

Илинденските празнувања кај Македонците во САД се повод и убава можност за голем број другарувања, за организирани пикници, за одржување национални, културни, духовни, црковни и други манифестации. Уште со самото доаѓање во новите средини, првите македонски доселеници, особено од Беломорска Македонија кои живееле во Чикаго, Гери, Детроит, Рочестер, Кливленд и други градови, по повод Илинден организирале вечеринки, пикници и други собирања.

Познати се бројните вечеринки и организирани пикници во Детроит, место во кое и во предвоениот период бројот на македонските доселеници бил најголем. Исто така, бројни селски друштва од Леринско, Битолско, Костурско, Преспанско, Тетовско и други краишта од Македонија, и во минатото и сега организираат заеднички пикници, вечеринки и селски слави, што претставуваат повод за зближување и зачувување на традициите, обичаите јазикот и дел од културата на дедовската земја.

Слични, но по обем помали пикници се организираат и во други градови во САД, каде се собираат посетители од тие американски простори. Во текот на Илинденските празници започнале да се формират и со бројни активности на фолклорен план да докажуваат бројни македонски играорни групи од САД кои своите вредности и љубовта кон македонската игра и песна особено ги изразуваат во текот на одржувањето на македонски црковно-духовни собири.

ilinden29-2

Овие национално-духовни другарувања се одржуваат повеќе децении кон крајот на август и во почетокот на септември во различни градови каде егзистирааат македонски првославни црковни општини на северноамериканскиот континент. На собирите доаѓа до израз заедништвото на македонските доселеници преку постигањата на оргаиизационо, културно, фолклорно и слортско поле, а за младите тие се место за запознааање и проширување на пријателствата и зајакнување на македонскиот поредок.

Како резултат на бројните активности на духовно поле, а особено по обновувањето на Охридската архиепископија во лицето на Македонската православна црква, процесот на изградба на овие храмови и организирано живеење на нашинците од сите делови на Македонија, станувал поинтензивен а особено за време на Илинден.

Така, на 14 јули 1963 година, на празникот на светите апостоли Петар и Павле, во Гери, Индијана беше осветена првата македонска црква во САД. Како резултат, пак, на обновувањето на Охридската архиепископија се роди Македонската православна црковна општина „Успение на Пресвета Богородица" во Колумбос, Охајо, каде била и одржана првата богослужба на македонски мајчин јазик на тој континент.

Во Детроит, пак, која е најбројна македонска колонија во САД, на 13 август 1978 година е извршено осветување и полагањо каментемелник за градба на МПЦО „Св. Богородица" чин што го извршил тогашниот надлежен архиереј митрополитот г. Кирил. И во Виндзор, градот слроти Детроит, на 12 август 1979 година беше извршено осветување на храмот „Св. Никола", а на 3 август 1981 година во Чикаго беше осветена МПЦО „Св. Кирил и Методиј". Во август 1982 година и во Синсинати, Охајо, беше завршена и пуштена во употреба црковната сала, која служела и како храм и културен дом.

ilinden29-3

Во македонската колонија во Лореин, Охајо, во август 1978 година беше отслужена првата архиерејска литургија од македонскиот владика г. Кирил, а во МПЦО „Св. Никола" која е за градовите Маслон, Кентон и Акрон. Во текот на Илинденските празнувања во 1989 година беше осветен камен темелникот на новиот сакрален објект „Св. Никола“ што го изврши поглаварот на Македонската православна црква г.г. Гаврил.

Сите овие црковно-национални активности коишто македонските доселеници во САД ги преземаат во текот на Илинденските лразници, претставуваат можност повеќе за афирмација на македонските традиции, верски обреди, култура и на македонската вистина во целост.

МАКЕДОНСКИ РАДИО И ТВ-ЧАСОВИ ВО САД

Радио и ТВ часовите на Македонците во САД, со мали исклучоци, главно, се изведуваат аматерски, во комерцијални цели и полуфесионално организирано, но со силен жар и ентузијазам, токму поради потребата македонските и другите доселеници од Балканот да слушнат и да разберат за состојбите, пред сеʼ, во тамошните колонии и пошироко од „стариот крај", како што често го нарекуваат дедовското огниште.

Тие носат длабока порака: го јакнат патриотскиот дух, успеваат да го зачуваат националниот идентитет, јазикот, културата и богатите музички и фолклорни вредности на македонскиот народ. Од музички аспект, пак, за разлика од другите радио и ТВ часови во Канада, со мали исклучоци, носат пред сеʼ македонски карактер. За сите радиочасови во САД, Илинден е постојана тема и му посветуваат посебен простор.

Продолжува

slave-katin-33
Пишува:
СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Ти мора да си многу глуп…

Најчевска до Заев: Ти мора да си многу глуп…

Историја

News image

Маkедонiя и младотурkи - Aлеkсандръ Амфитеатровъ (1912)

              Рускиот патеписец Aлександар Амфитеатров во 1912 г., говорејќи за битк...

Иселеници

News image

Д-р Игор Јанев – бранител на името на Македонија

Меѓу големиот број Македонци со различно образование, зани...

Култура и туризам

News image

Дела на Славе Катин посветени на црковното и духовно-националното живеење

Славе Катин припаќа на Преспа, на Македонците во дијаспората, на етничка Македонија и на Македонскат...

Фељтон

News image

Александар Македонски (41)

Во текот на битките во Источен Иран, картата покажа дека погрешно беа претставени не...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.