Среда, 11 Април 2018   
Атанас Близнаков – најголемиот донатор од македонското иселеништво (5)

atanas-bliznakov-5-1

СЕМЕЈНОТО ПОТЕКЛО НА АТАНАС БЛИЗНАКОВ

Во долгите и интересни разговори што авторот на овие редови, Славе Катин ги водеше со Атанас Иван Близнаков се дозна дека тој произлегува од видната фамилија Близнакови од Д’мбени. Фамилијата на Близнакови се смета за една од најстарите во Д’мбени, а корените на оваа фамилија одат некаде до втората половина на XVI век, кога Близнакови се доселиле во Д’мбени од селото Сајново – Костурско. Според кажувањата на Атанас сите негови предци го носеле презимето Близнакови и немале никакво друго презиме или прекар.

Најдалеку што Атанас помнеше е името на неговиот прадедо, кој бил умрен кога Атанас се родил. Неговиот прадедо се викал Лексо и бил од селото Д’мбени. Тој имал два сина Васил и Динко. Динко бил исто така умрен кога се родил Атанас, но тој ја помнеше Динковица, како што ја викале по името на мажот ѝ, а не се сеќаваше на нејзиното моминско презиме. Динко и Динковица имале една ќерка по име Мара, која била мажена во фамилијата Каљкови, а починала во Скопје.

Неговиот, пак, дедо Васил Близнаков имал три сина: Пандо, Трајко и Иван (Ванчо) – таткото на Атанас. Чичко му Пандо Близнаков бил четник и загинал херојски во борбата на Локвата и Вињари на 31 мај 1903 година, од бајонетите на турскиот аскер, заедно со уште дванаесет негови другари - четници.

И неговата сопруга – Пандовица, односно Васила Близнакова била убиена кога ги пасела говедата и кога се противставила на Турците и почнала да бега, за да не биде фатена и потурчена. Пандо и Васила во бракот имале две ќерки: Лена Поповска која починала во Бургас, Бугарија, а била мажена за Иван Поповски од Д’мбени, трговец во Дедеагач, а во 1929 година се преселиле во Бугарија. Тие во бракот ги имаат ќерките Славка, Васка, Виолета и синот Јорго кои го посеаја семето македонско во Бугарија. 

atanas-bliznakov-5-2
Таткому Иван (Ване) и мајкаму Доча Близнакови во Гери

Другата ќерка на Пандо и Васила се викала Дина, по името на бабата на Атанас Близнаков. Таа била мажена во семејството Терзиевци од Д’мбени, а починала во Скопје 1986 година. Дина Терзиева ги родила синовите Андон кој има ќерка Дочка, и Трајко и ќерката Нуша, кои сега живеат во Скопје, додека третиот син Мите загинал во Граѓанската војна во Грција.

Чичкото, пак, на Атанас – Трајко со стрината Лена Близнакови ја имале ќерката Стоја Мусманова која има два сина: Стасо кој живее во Скопје и Јани кој свил гнездо во Полска, додека ќерката Марјанти живее во Чешка.

Иван (Ванчо) Близнаков, кого во САД го викале Ване или Џан, е татко на Атанас Близнаков. Тој е роден во 1876 година. Според кажувањата на Атанас, точно не се знае во кој период, но со сигурност се знае дека е роден во Д’мбени. Иван бил со среден раст, бил писмен, имал завршено второ одделение во егзархиското училиште во селото, но грчки не знаел ниту да зборува, ниту пак да пишува. Тој бил благороден по природа, домаќин и многу се грижел за семејството. Во времето кога бил во САД, редовно испраќал пари, облека и продукти за семејството во Д’мбени.

Иван првпат отишол во САД, во 1906 година и тоа во пролетта, со некој брод, а пред тоа во 1905 година бил на печалба во Анадолија. Во Америка останал три години, спечалил пари и се вратил во селото. Со спечалените пари изградил убава куќа на два ката, а потоа во 1910 година, повторно се вратил во Америка и останал сé  до 1919 година, кога со поголема сума пари се вратил во родниот крај.

Во Д’мбени останал цели шест години, за во 1925 година повторно да се врати во САД и да остане сé до смртта во април 1964 година. Во САД Иван работел во челичарницата во Медисон, Илиноис, од каде што и бил пензиониран, а бил погребан заедно со сопругата Доча на гробиштата Каламет во Леик Каунти, во државата, Индијана, САД.

Мајката на Атанас Близнаков – Доча е родена во 1879 година, исто така, во селото Д’мбени, а била одрастена во семејството Мусмановци. Нејзиниот татко Пенчо бил од Д’мбени, а мајка ѝ  Вана била од селото Дреновени, Костурско. Пенчо многу години бил печалбар во Анадолија, каде што починал и бил погребан, а Вана останала вдовица во Д’мбени. Доча цело време живеела со синот Атанас и со снаат Славка, со кои многу добро се сложувала. Таа заедно со Славка заминала во САД 1937 година и повеќе не се вратила во родното место. Во 1957 година починала во САД и била погребана кај својот сопруг Иван, во заедничката гробница.

Според кажувањата на Славка Близнакова, Доча била многу мила по природа. Постојано си оделе заедно во Македонската православна црква ,,Св. Петар и Павле” во Гери, а често имала обичај и да се шета во паркот што се наоѓал во непосредна близина на нивната куќа во Гери. Доча имала многу почит кон Славка и Атанас и затоа често биле прикажувани како пример на хармонично и честито македонско семејство. Кога Доча се омажила за Иван имала 20 години, била стројна девојка, а Иван бил на 24 години. Нивниот живот бил многу среќен и двајцата имале почит еден кон друг, што го пренеле на своите поколенија и биле многу среќно и задоволно семејство.

Доча имала една сестра по име Димана, која била мажена во Д’мбени, а по виорот на војната се преселила во Прилеп. Била мажена за Нумо Миовски од Д’мбени, познат борец и претседател на Судскиот комитет во илинденскиот период во Корештата.

Од љубовта меѓу родителите на Атанас, Доча и Иван, се родиле тројца синови и една ќерка, од кои останале само двајца синови. Првиот од нив бил Атанас, вториот Васил, додека Пандо умрел во 1925 година на четиригодишна возраст, а ќерката Славка била трето дете и умрела 1912 година на тригодишна возраст.

atanas-bliznakov-5-3
Надгробната плоча на братму Васил

Васил е роден во 1906 година како второ дете а, починал во 1999 година во Гери, каде што е погребан. Од рано детство (1927) заминал во САД, каде што живеел со својата сопруга Анастасија, родена во Селото Апоскеп, која во САД пристигнала во 1957 година и се омажила за Васил Близнаков. Тие во бракот ја имаат само ќерката Дочка (Дороти), која е родена на 13 април 1962 година. Таа е интелигентна и има завршено колеџ во САД, а сега живее заедно со својата мајка во Мерилвил, Индијана, со кои Атанас и Славка имаа блиски контакти.

Од овие податоци за семејството Близнакови, од кое потекнува Атанас, може да се види и да се сфати неговото македонско потекло и неговиот македонски корен, семејство кои, како што ни рече Атанас во еден разговор, пуштило долги и длабоки корени во Македонија и во САД.

Атанас Близнаков постојано со гордост и со почит зборуваше за своето семејство, за неговото потекло, за македонскиот дух, за христијанскиот морал и за почитта што постоела меѓу членовите на Близнакови. Многупати нагласуваше дека воспитанието што го добил од своите родители било пресудно во неговиот живот, зашто неговите родители го воспитувале и го учеле, според Соломоновата изрека ,,Слушај ја, синко, поуката на татка си и не го отфрлај заветот на мајка си”.

Родителите го учеле да биде послушен, трудољубив, чесен и добар граѓанин. Овие зборови постојано му се вртеле во мислите и му давале силен поттик и правец во животот и работата. Затоа и во разговорите ги повторуваше ваквите позитивни човечки одлики и често велеше дека Америка постигна многу, бидејќи луѓето ги учи да бидат работливи, точни, искрени и исполнителни во бизнисот. Ова беше неговата девиза во работата.

Михајло Керамидчиев

 

Мајка од Егеј

 

Кажи ми мајко од Егеј

Зошто те везден шамија црна

Носија црна тебе покриват?

 

Зошто ти образ радосен не е

И твојте очи секогаш плачат

Секогаш матни солзи проливат?

 

Синови жалиш или свои ќерки?

Или те мисли, надеж за Егеј

Надеж за живот тебе убиват?

 

Кажи ни мајко, вносија црна

Вшамија црна поглед ми гасне

И твојте солзи всрце ми горат

В’срце ми горат, снага ми топат.

Продолжува

katin14
Пишува: СЛАВЕ  КАТИН

 

На прво место

News image

ЕУ интеграција единствено под услов на уставно име и национален идентитет

ОМД: ЕУ интеграција единствено под услов на уставно име и национален идентитет

Историја

News image

Што преставуваше Бугарија за Македонија

На почетокот на август 2017 година Македонија и Бугарија потпишаа Договор за пријателство, добрососе...

Иселеници

News image

ВИСТИНАТА ЗА СОЗДАВАЊЕТО НА ГРЧКАТА ДРЖАВА

Неодамна на интернетската мрежа изненадно се појави видео ...

Култура и туризам

News image

Манастир „Свети Архангел Михаил“ во село Теово, Велешко

На 35 километри југозападно од Велес недалеку од селото Богомила распослано пред клисурата на реката...

Фељтон

News image

Александар Македонски (28)

Кога Александар се укотви, го испрати Парменион со мал дел од војската да го најави ...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.