Среда, 11 Април 2018   
Информативни гласила со името „Илинден“ во Европа (30)

ilinden30-1

„ИЛИНДЕН 1903-2003 И МАКЕДОНСКИТЕ ИСЕЛЕНИЦИ“

Во историјата на Македонците во Европа, денешна Европска Унија е запишано дека  иселувањето на емигрантите од логорите во Грција, Италија и Австрија започнало 1951 години, главно, во Австралија, Нов Зеланд и Јужна Америка (Бразил и Аргентина), од 1957 година во Белгија, 1958 и 1961/62 во скандинавските земји, а во седумдесеттите години се засилил бранот на Македонци на тогашна привремена работа и престој во Европа.

Се проценува дека само од Република Македонија во земјите на стариот континент денес има над сто илјади преселници, од кои 80% се Македонци, кои пак таму живеат и работат неколку децении.  Најголем број од нив над педесетина илјади се во Германија, над десет илјади во Швајцарија, десетина илјади во Шведска, потоа, по десетина илјади во Австрија, во Франција и во Данска, како и повеќе илјади во Белгија и во другите европски земји.

Според неофицијални податоци неколку илјади Македонци се од Беломорска Македонија и помал број од Пиринска Македонија и од Албанија. Овој број на Македонците во Европа во последните години, речиси, е непроменлив, или варира со помали осцилации.

Македонците кои работат во поголемита центри ширум Европа, уште со доаѓањето имаат организиран живот преку организациите, клубовите, друштвата, црковните општини, печатот и другите асоцијации. Оваа форма на општествено собирање придонесува за зачувување на националниот и културнио идентитет на Македонците и нивната  многу блиска врска со родната земја Македонија

Тука, со различен успех се организираат информативни (печат, радио), културно-забавни, воспитно-образовни, црковно-просветни, спортски и други активности, кои придонесуваат за зближување во новите средини. Илинден бил секогаш голем ден за Македонците во европските земји. Затоа во прилог се дадени гласилата, клубовите и другите асоцијации посветени на         Илинденското востание.

Прв весник шго на македонски јазик се појавил на стариот континент е „Македонија". Тој излегол во пролетта 1957 година како весник на среден формат, умножен на шапилограф. Го уредил Пеце Спасовски, политички емигрант од Битолско, кој живеел во Швајцарија. Меѓутоа, од „Македонија" бил отпечатен еден број. Сознанијата за весникот (добиени преку посредни информации и разговори), упатуваат дека се работи за предвесник на списанието на македонски јазик „Македонска лоза" што ќе се појави во Осло 1959.

 Дотогаш Македонците биле подложени на пропагандното влијание на бројни емигрантски гласила (бугарски, четнички и усташки) кои ја негирале македонската нација и македонскиот литературен јазик, Македонска црква и сеʼ што е македонско.

ilinden30-2

„ИЛИНДЕН 1903"  (1976) – ПАРТИЛЕ

Во 1976 година, во Партиле, во Шведска се појавило списанието „Илинден 1903". Тоа беше орган на ДОМ (Движење за ослободување на Македонија) Се печатеше на македонски јазик со кирилица и на шапилограф. Списанието го уредуваше Миле Илиевски, а соработуваа члонови на групата ДОМ. Се печатеше повремено и беа излезени десетина броеви.

Страниците на ова гласило се исполнети со бројни материјали од областа на историјата на македонскиот народ, на Илинден, на АСНОМ, со посебна нагласка на делото на Методија Андонов - Ченто.

МАКЕДОНСКИ КЛУБ „ИЛИНДЕН" - ВИЕНА

Клубот го формираше група ентузијасти, Македонци на привремена работа во Виена. Од властите во градот им беа доделени некои запуштени простории во една стара зграда. Со заеднички средства и со многу доброволна работа успеаа да ги реновираат и да создадат услови за работа на клубот.

Потоа во тие простории имаше убава, прилично голема сала која се користеше и како угостителски објект. Салата беше украсена со повеќе слики на државници и личности од нашата историја, како и со слики на природните убавини, како Охрид, Крушево и други. Исто така, Клубот поседуваше и неколку други помали простории што ги користеја за разни секции или како канцеларии.

Во клубот работеја следните секции: музичката и фолклорната, спортски екипи - фудбалска, пинглонгарска и кугларска, како и два актива, еден на младите и друг на жените.

Во клубот членуваа или учествуваа во активностите, речиси, сите граѓани од Македонија што престојуваа во Виена, други странци, но и неколку Австријци, инаку пријатели на нашите сонародници.

МАКЕДОНСКИ КЛУБ „ИЛИНДЕН" – РАТИНГЕН

ilinden30-3
Центарот на Ратинген

Целта на овој клуб се заедничките интереси за татковината Македонија. Клубот работи на зачувување, зацврстување и ширење на македонската култура и традиција, како и на запознавање на германскиот народ со македонските народи и обичаи и неговата култура и уметност.

„Еве пак дојде време, време на промени, по толку години да го дочекаме „Илинден", Македонците да го добијат оиа за што со векови се бореле, нивните поко-ленија и идните чеда македонски да живеат во самостојна. и слободна Македонија. Клубот го носи името„Илинден“ по славното Илинденско востание на славните војводи и комити од Крушевска та Република со надеж дека ќе ги следиме нивните патишта.-Инаку, името е прифатено по предлог на Славица Цветковска.

Амблемот на клубот го изработи младинецот Никола Цветков, а го одобри раководството на „Илинден". Клубските знамиња ги шиеја женските членови на клубот. Главен иницијатор и организатор за основање на овој македонски клуб е Лазо Стефановски. Претседателството на клубот го сочинуваат: претседател - Никола Стојановски, потпретседатели - Лазо Стефановски и Димитар Цветков и секретар - Митко Гунчев, се вели во извештајот на клубот.

По повод формирањето на клубот на 24 октомври се одржала другарска вечер на која присуствувале голем број Македонци. Таа вечер за прекрасното и ведро расположение се погрижиле оркестарот на Наско Џорлев со синовите Зоран Џорлев - виолина, тамбура и во-кал, Ристо Џорлев - тапани и нивниот постојан член Бедрија Синаноски - Беџо, како и викалниот солист од МТВ - Блаже Богев. Во програмата зеле учество и фолклорната група на македонскиот клуб „Гоце Делчев" од Дизелдорф.

„ИЛИНДЕН (1952-1956) – БУКУРЕШТ

ilinden30-4
Букурешт

Илинден" е списание на македонски јазик што се печатело во Романија. Тоа беше орган на Централниот совет на организацијата „Илинден". Се печатешњ на македонски јазик со кирилица, употребувајќи и руски букви, на формат 16,5 х 25,5 см. Списанието од август 1952 година излегуваше на четиринаесетина страници и тоа како периодично гласило. Него го уредувала Редакцијата составена од д-р Ѓорѓи Неделков, Ставре Кочов и Стерјо Дачов

Истата Редакција што го уредуваше и водеше радио-часот на македонски јазик. „Илинден" заедно со слисанието „Мзкедонски живот" и „Македонче" се печатени во Букурешт, а се дистрибуирале и во другите земји во кои имало Македонци од Егејска Македонија.

Преку списанието „Илинден", организацијата ја изнесувала својата политика која била и политика на Кумунистичката партија на Грција (КПГ), сообразена и со политиката на Информбирото во однос на Кумунистичката партија на Југославија (КПЈ) и воопшто во однос на Југославија. Но, како списание морало да одговори и на националните потреби, нудејќи материјали со иториска, културна, фолклорна, литературна и друга содржина.

Продолжува

slave-katin-33
Пишува:
СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Мицкоски: Референдумот нема да успее

Мицкоски: Референдумот нема да успее

Историја

News image

Едмонд Бушие де Бел напишал книга под наслов: „La Macedoine et Les Macedoniens", (Раriѕ 1922, 80, IV. 303)

Едмонд Бушие де Бел, роден на 23 август 1878 година во Везиње, Франција. Завршил класична гимназија ...

Иселеници

News image

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски - најголемиот инвеститор од македонското иселеништво (11)

По осамостојувањето на Република Македонија, господинот Ат...

Култура и туризам

News image

Македонски литературен кружок во Софија

Македонскиот литературен кружок беше формиран во август 1936 година, при редакцијата на весникот „Ма...

Фељтон

News image

Александар Македонски (50)

И овој пат ќе нагласиме дека во изминатите, а и во наредните продолженија ќе се обид...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.