Среда, 11 Април 2018   
Јубилеј: 40 години од постоењето на Литературното друштво „Григор Прличев“

ДВИГАТЕЛ НА МАКЕДОНСКАТА СВЕСТ ВО АВСТРАЛИЈА

На 31 март се навршија 40 години од постоењето на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ кое од самиот почеток покажа дека е главен фактор за промовирање на македонскиот јазик, литература, култура и нација во Австралија и кое завзеде водечка улога во разбудување свеста на Македонците дека само со почитување на својот јазик и културна позадина ќе можеме да опстоиме како нација не само во Австралија туку и во самата Македонија.

prlicev-jubilej

Друштвото се формира во период кога тогашните (како и сегашните) влади на нашите соседи водеа една уништувачка политика кон Македонците, во период кога југословенската влада вршеше големо влијание врз македонското иселеништвото да се сузбие и уништи македонскиот идентитет. Тоа беше еден период кога Друштвото им беше трн во очите на режимот на југославија, вклучувајќи ги и македонските поданици и нивните слуги во дијаспората кои на секој начин се обидуваа да ја обесхрабрат или понижат работата на Друштвото. Но љубовта кон својот јазик и кон својата татковина Македонија беше мотивација да се твори и делува во сите полиња во социјално-политичкиот живот на заедницата, да се промовира македонската историја и организира културни средби за обединување на заедницата.

Преку Литературното друштво (како пример) се даде иницијатива за формирање на: Македонско шаховско друштво; Независни македонски етнички училишта (пред тој период македонскиот јазик се изучуваше преку југословенските училишта); Комитетот за македонските човекови права за НЈВ; Македонска добротворна асоцијација; Австралиско-македонски младински театар; одбор за организирање на Денови на македонската култура во 1986, 1988, 1992 година; Фондација за изучување на македонскиот јазик на Универзитетот Маквари; Австралиско македонскиот театар од Сиднеј и други асоцијации кои сеуште активно делуваат во македонската заедница. Исто преку Друштвото се дадоа иницијативи за организирање на национални протести против нацистичко настроените влади на соседите, посебно во 80-тите и 90-тите години, испраќање писма и лобирање до австралиските институции и влади и издавање на посебни меморандуми за човековите права на Македонците во поробените делови на Македонија.

makedonsko-literaturno-drustvo-grigor-prlicev

Друштвото исто така формира Библиотека под истото име (единствена од ваков вид надвор од Република Македонија) која поседува повеќе илјади книги; го издаваше списани за литература и култура „Повод“ (издаде 54 броеви); издаде 77 наслови со различни жанрови од своите членови; организира годишни наградни конкурси за поезија и проза; членовите (над 300) на Друштвото се присутни на сите полиња во културниот живот на Македонците во Австралија, а што е најважно во Друштвото членуваат дописни членови од повеќе држави во светот кои ги штитат интересите на македонската нација. Некои членови членуваат и во Друштвото на писателите на Македонија, а дваесетина писатели од Македонија се почесни членови во Друштвото.

За оваа јубилејна година на Дрштвото во план е да се издадат повеќе наслови од членовите, Монографија  од Друштвото, Архив на Друштвото како и Антологија со поезија од своите членови. Во оваа јубилејна година, Македонската нација повторно се наоѓа пред прагот на (себе) уништување. Поради тоа апелирам до сите членови, дописни и почесни, да не престанат да се борат за македонскиот јазик, да не подлегнуваат на дневните политички слогани и партиски да се делат и уништуваат.

Борбата на Македонците да формираат независна држава од секогаш била макотрпна, но не смо заради тоа што сме биле негирани од соседите туку поради тоа што оние кои најповеќе треба да ги штитат македонските интереси (пр. сегашната влада на Република Македонија) немаат доволно свест дека со битисување на македонскиот јазик се уништува македонскиот идентитет и нација. Жалосно, интересите лични им се поважни од интересите на својата нација.

Душан Ристевски

 

На прво место

News image

ЕУ интеграција единствено под услов на уставно име и национален идентитет

ОМД: ЕУ интеграција единствено под услов на уставно име и национален идентитет

Историја

News image

Што преставуваше Бугарија за Македонија

На почетокот на август 2017 година Македонија и Бугарија потпишаа Договор за пријателство, добрососе...

Иселеници

News image

ВИСТИНАТА ЗА СОЗДАВАЊЕТО НА ГРЧКАТА ДРЖАВА

Неодамна на интернетската мрежа изненадно се појави видео ...

Култура и туризам

News image

Манастир „Свети Архангел Михаил“ во село Теово, Велешко

На 35 километри југозападно од Велес недалеку од селото Богомила распослано пред клисурата на реката...

Фељтон

News image

Александар Македонски (28)

Кога Александар се укотви, го испрати Парменион со мал дел од војската да го најави ...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.