Среда, 11 Април 2018   
Семакедонски протест за одбрана на името на државата и идентитетот на нацијата во Виена

semakedonski-protest

07 април 2018 година, Хелден плац-Хофбург во Виена - Австрија

Загрижени за политичката криза во Македонија, Ние, австриските државјани со македонско потекло и Македонците на работа во Австрија, се собравме на мирен протест во Виена, јасно и гласно да кажеме СТОП на демонтажата на државноста и унитарноста на Македонија!

Од овој мирен протест ќе упатиме две писма до Претседателот, Парламентот и Владата на Република Австрија и до Претседателот, Собранието и Владата на Република Македонија.

Писмо упатено До: Претседателот, Собранието и Владата на Република Македонија

Ние, Македонците во Австрија, сме обединети и единствени во одбрана на името на државата Македонија и идентитетот на Македонската нација!

Го отфрламе Законот за употреба на јазиците со којшто се редефинира државноста и унитарноста на Македонија, се воведува двојазичност на целата територија и во меѓународните односи на Македонија, и се дискриминираат малцинските етнички заедници во еднаквоста пред Уставот и законите.

Ја повикуваме Владата безусловно да го повлече Законот за употреба на јазиците и да го врати на јавна дискусија и стручна валоризација.

Бараме Претседателот на Републиката да не го потпише указот за прогласување на Законот за употребата на јазиците насилно усвоен во Собранието, бидејќи не е во согласност со Уставот на Република Македонија и со изјавата на премиерот при доверувањето на мандатот за состав на Влада од 24 мај 2017 година.

Ние, Македонците во Австрија, го отфрламе Договорот меѓу Македонија и Бугарија склучен на 1 август 2017 година во Скопје, со којшто Владата се согласи на ревизија на македонската историја и се откажа од Македонскиот јазик и од Македонците во Бугарија!

Се’ додека за Софија, Македонија е дел од Бугарија, Македонците се Бугари, а Македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот јазик, сметаме дека Договорот со Бугарија претставува велепредавство на нацијата и државата!

Бараме Претседателот на Републиката да не го потпише указот за прогласување на Законот за ратификација на Договорот меѓу Македонија и Бугарија, бидејќи не е во согласност со Уставот на Република Македонија.

Ние, Македонците во Австрија, отфрламе референдум, промена на Уставот и ратификација на меѓународен договор со цел промена на името на државата и идентитетот на нацијата!

Сметаме дека промената на името на државата и идентитетот на нацијата не претставува демократија, слобода на мислата и нејзино јавно изразување, туку флагрантно кршење на меѓународното право и на Уставот на државата Македонија, геноцид врз Македонскиот народ и злосторство против човештвото што не застарува, како и најтешко кривично дело велепредавство. Јавно прокламираме дека секоја одлука за промена на името на државата и идентитетот на нацијата за Македонците во светот е ништавна, а учесниците во ова велепредавство кога и да е ќе бидат изведени пред судот на народот и правдата и ќе бидат казнети со доживотен затвор и конфискација на целиот имот на семејството, дома и во светот!

Бараме безусловен крај на разговорите за разликата за државното име со Владата во Атина, со нота на Претседателот на Републиката до Генералниот Секретар и Резолуција до Генералното Собрание за продолжување на членството во Обединетите Нации и во сите меѓународни организации под државното име Македонија, со можност за употреба на уставната додавка “Република“, како јасна

разлика од истоимената северна провинција на Република Грција и југозападна провинција на Република Бугарија, без латинична транскрипција на македонскиот јазик (Republika Makedonija) туку на англиски јазик “Republic of Macedonia“, со меѓународниот код МК односно МКД и нотификација на Македонскиот народ и Македонскиот јазик, на англиски јазик “Macedonian people“ и “Macedonian language“, независно од историските хипотеки на Балканските војни 1912-1913 година - окупацијата врз Македонија и геноцидот врз Македонскиот народ кои се’ уште траат.

Очекуваме извинување од Владата во Атина за историските и општествените неправди против Македонците во Грција, репарации за експлоатацијата на природните и археолошките ресурси од 1912 година како и за штетите врз животите и имотите на Македонците во окупираните територии на Македонија, како и враќање на граѓанските, имотните и наследните права на насилно прогонетите Македонци од Егејскиот дел на Македонија од Балканските војни 1912-1913, Првата Светска Војна 1914-1918, Втората Светска Војна 1939-1945 и Граѓанската Војна во Грција 1946-1949 година!

Отфрламе пристапување на Македонија во сојуз со Европската Унија и НАТО, поради антимакедонизмот на Грција и Бугарија, грчкиот и бугарскиот геноцид врз

Македонскиот народ, наци-фашистичкото барање на Грција за промена на името Македонија и наци-фашистичкото барање на Бугарија за промена на јазикот, културата и историјата на Македонскиот народ, како вредност за солидарност на Брисел и Стразбур со Атина и Софија!

ЕУ и НАТО не се достојни за промена на името на државата и идентитетот на нацијата!

Ние, Македонците во Австрија, повикуваме на итно ослободување на сите притворени за настаните од 27 април 2017 година во Собранието на Република Македонија и бараме Претседателот на Република Македонија да ги помилува со ослободување од гонење и извршување на казната, како и да определи бришење и укинување на пресудата на осудените.

Бараме итно ослободување на градоначалникот на општина Пустец, Едмонд Темелко од домашен притвор и бараме Претседателот на Република Македонија да го помилува со ослободување од гонење.

Ние, Македонците во Австрија, бараме македонските епископи да го повлечат барањето за прифаќање на Бугарската Црква за Мајка Црква, како неканонско и антиисториско. Го поддржуваме сослужението и евхаристиското единство на Македонската Црква со сите цркви во светот кои ќе ја прифатат Македонската како Апостолска Црква и како една и единствена легална и легитимна канонска наследничка на древната Охридска Архиепископија односно Патријаршија и на Јустинијана Прва, со право на бесплатна градежна парцела за изградба на црква и манастир во Охрид како светски сехристијански центар.

Ние, Македонците во Австрија, бараме одлуката на Македонското министерство за надворешни работи за протерување на руски дипломат која е избрзана и многу штетна за Македонско Руските традиционални пријателски односи хитно да биде повлечена и да следи официјално и јавно извинување.

Доколку Владата не е способна да ги оствари горенаведените барања, бараме самораспуштање на Собранието и распишување на вонредни парламентарни избори!

Ние, Македонците во Австрија, ќе ги користиме сите дозволиви средства, секогаш секаде и пред секого, за одбрана на името на државата и идентитетот на нацијата!

Писмо упатено До: Претседателот, Парламентот и Владата на Република Австрија

Сакаме, Претседателот, Парламентот и Владата на Република Австрија да не заборават дека:

(1) Во Балканските војни 1912-1913 година извршена е окупација врз Македонија од Србија, Бугарија и Грција, и геноцид врз Македонскиот народ во окупираните делови на Македонија.

(2) Во Втората Светска Војна, Македонскиот народ водеше национално-ослободителна и анти-фашистичка војна во сите окупирани делови на Македонија, меѓутоа својата државност ја возобнови само во Вардарскиот дел на Македонија, во рамките на поранешната Југословенска Федерација! Македонците го поразија фашизмот заедно со албанските, бугарските, грчките и српските партизани и се вградија во темелите на државноста и на Албанија, и на Бугарија, и на Грција и на Србија! За жал, геноцидот врз Македонците продолжи и во
Албанија и во Грција и во Србија! И денес, владите на Бугарија и Грција не ги признаваат Македонскиот народ, Македонскиот јазик, историја, култура и црква!

(3) Прашањето за името на државата Македонија е затворено со референдумот од 8 септември 1991 година, кога Македонскиот народ, односно македонските државјани во апсолутно мнозинство гласаа "ЗА СУВЕРЕНА И САМОСТОЈНА ДРЖАВА МАКЕДОНИЈА" без додавки и без придавки, одлуката на референдумот е задолжителна за сите!

(4) Правото на државното име Македонија е неотуѓиво, неотстапно и неприкосновено веќе апсолвирано право на самоопределување и самоидентификација на Македонскиот народ во согласност со Повелбата на Обединетите Нации и Универзалната декларација за човекови права!

(5) По препорака на Советот за безбедност со Резолуцијата 817(1993) од 7 април 1993 година, Македонија е примена во членство на Обединетите Нации со Резолуција 47/225 на Генералното Собрание од 8 април 1993 година, во којашто не се прејудицира ПРОМЕНА НА ИМЕТО НА ДРЖАВАТА туку се прокламира РАЗГОВОР ЗА РАЗЛИКАТА по државното име Македонија со Владата во Атина, со напомена, додека траат разговорите, само во системот на Обединетите Нации, и времено, на Македонија да и’ се обраќаат како “поранешна Југословенска Република Македонија“,

(6) “поранешна Југословенска Република Македонија“ не е меѓународно име чијашто замена се договара со ново меѓународно име, туку времено обраќање само во системот на Обединетите Нации додека траат разговорите за разликата за државното име Македонија меѓу владите во Скопје и Атина, и дека Македонија нема сложено или композитно име што се состои од два и повеќе збора, ниту име за внатрешна употреба и име за надворешна употреба, ниту име за дома и меѓународно име за светот, туку името на државата се состои само од еден единствен збор - зборот Македонија!

(7) Барањето на Република Македонија за прием во членство на Обединетите Нации е поднесено под државното име Македонија, содржано во документот А/47/876-S/25147,

(8) На 6 јануари 1992 година, по барање на Европската Унија, под притисок на Грција, Парламентот на Република Македонија усвои амандмани со коишто потврди дека “Македонија нема територијални претензии кон соседните држави“ и
“во грижата за положбата и правата на македонското малцинство во соседните држави Македонија нема да се меша во нивните внатрешни работи“!

(9) Советот на Европската Заедница на 16 декември 1991 година го усвои Извештајот на Арбитражната комисија на Конференцијата за Југославија на Европската Заедница според којшто Република Македонија ги исполнува условите од Насоките за признавање на новите држави во Источна Европа и во Советскиот Сојуз и од Декларацијата за Југославија, според што “употребата на името Македонија не содржи какви и да е територијални претензии кон друга држава“,
(10) Со пресуда на Меѓународниот суд во Хаг од 5 декември 2011 година, по тужба од Македонија против Грција во 2008 година, се суспендира суспензивното право на Грција во меѓународните организации, и се потврди правото на Македонија да поднесува барање за членство и да членува во меѓународни оранизации под државното име, со право Грција само “да приговара доколку во овие меѓународни организации на Македонија и’ се обраќаат под државното име, различно од временото обраќање во Обединетите Нации додека траат разговорите“ и ништо повеќе од тоа!

Ние, австриските државјани по потекло Македонци и Македонците на работа во Австрија, отфрламе референдум, промена на Уставот и ратификација на меѓународен договор со цел промена на името на државата и идентитетот на нацијата!
Очекуваме извинување од Владата во Атина за историските и општествените неправди против Македонците во Грција, репарации за експлоатацијата на природните и археолошките ресурси од 1912 година како и за штетите врз животите и имотите на Македонците во окупираните територии на Македонија, како и враќање на граѓанските, имотните и наследните права на насилно прогонетите Македонци од Егејскиот дел на Македонија од Балканските војни 1912-1913, Првата Светска Војна 1914-1918, Втората Светска Војна 1939-1945 и Граѓанската Војна во Грција 1946-1949 година!

Отфрламе пристапување на Македонија во сојуз со Европската Унија и НАТО, поради антимакедонизмот на Грција и Бугарија, грчкиот и бугарскиот геноцид врз Македонскиот народ, наци-фашистичкото барање на Грција за промена на името Македонија и наци-фашистичкото барање на Бугарија за промена на јазикот, културата и историјата на Македонскиот народ, како вредност за солидарност на Брисел и Стразбур со Атина и Софија!
ЕУ и НАТО не се достојни за промена на името на државата и идентитетот на нацијата!

Од мирниот протест на Македонците во Република Австрија, одржан на 07 април 2018 година, Хелденплац Хофбург во Виена

Од мирниот протест на Македонците во Република Австрија

07 април 2018 година,

Хелден плац-Хофбург во Виена

МАКЕДОНСКА ЗАЕДНИЦА ВО АВСТРИЈА

 

На прво место

News image

Мицкоски: Референдумот нема да успее

Мицкоски: Референдумот нема да успее

Историја

News image

Едмонд Бушие де Бел напишал книга под наслов: „La Macedoine et Les Macedoniens", (Раriѕ 1922, 80, IV. 303)

Едмонд Бушие де Бел, роден на 23 август 1878 година во Везиње, Франција. Завршил класична гимназија ...

Иселеници

News image

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски - најголемиот инвеститор од македонското иселеништво (11)

По осамостојувањето на Република Македонија, господинот Ат...

Култура и туризам

News image

Македонски литературен кружок во Софија

Македонскиот литературен кружок беше формиран во август 1936 година, при редакцијата на весникот „Ма...

Фељтон

News image

Александар Македонски (50)

И овој пат ќе нагласиме дека во изминатите, а и во наредните продолженија ќе се обид...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.