Среда, 25 Април 2018   
Годишно собрание на Канадско-македонското историско друштво од Торонто

kanadsko-makedonsko-istorisko-drustvoНа 22 април 2018 година, Канадско-македонското историско друш­т­во од Торонто одржа Годишно собрание на кое се расправаше за сегашноста и иднината на оваа значајна асоцијаја. Тоа е единствено друштво од таков вид во дијаспората кое игра значајна улога во севкупната научна и културолошка активност на голем број македонски интелектуалции од Канада, а  кое е сместено и има своја богата библиотека во зградатана на “Канадско-македонското место“ познато како „Старскиот дом“ во Торонто.

Тоа е асоцијација во која членуваат Канаѓани од македонско потекло од сите делови на Македонија кои се занимаваат со македонската историја, култура, јазик, литература и воопшто со македонската вистина во минатото и сегашноста. Друштвото е формирано во 1991 година од група ентузијасти чиј број постојано расте и привлекува други професионалци и ентузијасти да ги негуваат македонските придобивки.

„Канадско - македонското историско друштво“.е многу значајна македонска иселеничка  организација која има за цел да ја развива свеста и гордоста меѓу членовите и пошироко во канадското општество, со цел тие да дознаат од каде им се корените, какво било нивното минато, сегашност и иднина. Затоа, Друштвото собира и ја регистрира потребната документација и материјали за македонскиот национален идентитет, традициите, културата, религијата, јазикот, обичаите и други области.

После Годишното собрание на Друштвото, пред членовите и други присатни гости и вљубеници на пишаниот збор, д-р Кристина Крамер, шеф на Катедрата по македонски јазикна на Универзитетот во Торонто одржа опширно предевања на тема „Скопски разгледници, 1899-2014 година“. Преку одреден број разгледници за Скопје таа се осврна на минатото и сегашноста на главниот град на Република Македонија.

Тони Марковски, претседател на Канадско-македонското историско друштво, пак, ја претстави монографијата „Стив Пљакас“, дело кое е на англискки и на македонски јазик издадено во 2018 година и кое го отсликува животот и делото на познатиот канадски бизнисмен од македонско потекло, донаторот Стив Пљакас, чиј автор на монографијата е публицистот Славе Катин, почесен член на Друштвото.

Македонска нација

 

На прво место

News image

Мицкоски: Референдумот нема да успее

Мицкоски: Референдумот нема да успее

Историја

News image

Едмонд Бушие де Бел напишал книга под наслов: „La Macedoine et Les Macedoniens", (Раriѕ 1922, 80, IV. 303)

Едмонд Бушие де Бел, роден на 23 август 1878 година во Везиње, Франција. Завршил класична гимназија ...

Иселеници

News image

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски - најголемиот инвеститор од македонското иселеништво (11)

По осамостојувањето на Република Македонија, господинот Ат...

Култура и туризам

News image

Македонски литературен кружок во Софија

Македонскиот литературен кружок беше формиран во август 1936 година, при редакцијата на весникот „Ма...

Фељтон

News image

Александар Македонски (50)

И овој пат ќе нагласиме дека во изминатите, а и во наредните продолженија ќе се обид...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.