Среда, 02 Мај 2018   
Иселенички собири во Трново, Битолско и Љубојно во Преспа (33)

ilinden33-1

ИЛИНДЕН 1903-2003 И МАКЕДОНСКИТЕ ИСЕЛЕНИЦИ“

Во Трново, на 2 август 2003 година, како и триесет и една година пред тоа, на Илинден се одржа традиционалниот иселенички собир. Импозантен беше бројот на дојдените Македонци, собрани на едно место од сите светски меридијани. Претесен беше атарот на црквата „Св. Богородица",во селото Трново, недалеку од градот на конзулите Битола, во чиј двор се одржува Илинденската прослава, која ги прима сите оние кои сакаат да присуствуваат на таа иселеничка средба и на тие видувања, средби и разделби. Реката луѓе почнува да пристига уште во утринските часови во тоа живописно и прекрасно пелистерско село, потонато во зеленилото и ладовината на моликата, под убавиот Пелистер.

За одбележувајне е тоа што црква „Св. Богородица“ во делото Трново, Битолско е изградена во 1837 година , но истата како и поголемиот дел од селото за време на Првата светска војна, поточно на крајот од 1916 година е разурната до темел .Селото по 1919 година повторно се населува, а во 1926 година се започнува со реконструкција на црквата. Во дворот на црквата се одржуваат средби на иселениците од целиот свет, како и на Македонците протерани од дедовската земја, Егејска Македонија.

Инаку, “Иселеничката средба“ во селото Трново за првпат е одржана во 1971 година во организација на Матицата на иселениците од Македонија, а „Пограничната средба на Македонците од Егејскиот дел на Македонија“ за првпат е одржана во 1981 година во организација на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија – Битола.

Од 1998 година “Иселеничката средба“ се преименува во „Светска македонска иселеничка средба“ во организација и на Светскиот македонски конгрес, а во 2014 година средбите се обединуваат во името „Семакедонска средба“, во организација на: Матицата на иселениците од Македонија, Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија – Битола, Сојузот на Македонците од Егејска Македонија и  Светскиот македонски конгрес.

Секоја година Собирот се закажува на големиот празник Илинден, во 10 часот, меѓутоа, многу пред тоа пристигнуваат голем број гости кои го исполнуваат просторот околу црквата „Света Богородица“. Се среќаваат луѓе дојденци, иселеници од сите делови на Македонија невидени со години.Тогаш прегратките траат долго и се силни, чувствителни, братски, притоа тие  понекогаш не можат да се одделат, а се случува и тоа често да капне и по некоја печалбарска солза.

Програмата што се подготвува се состои од поздравни говори од видни личности од Република Македонија, од егејскиот и пирински дел како и од Мала Преспа и други делови на Албанија  и други места каде живеат Македонци насекаде во светот, а особено од прекуокеанските земји Австралија, Канада, САД, Европската Унија и други земји. Потоа, настапуваат културно-уметнички друштва, фолклорни групи, пејачки групи, а свои стихови читала и поети од дијаспората. По официјалниот дел од програмата, веселбата продолжува сеʼ до доцните попладневни часови со звуците на македонската народна песна и оро.

ilinden33-2
МПЦ „Св. Богородица“ во Трново

Може да се забележи дека иселеничките средви се место за средби и разделби. Но со право се вели дека нашите иселеници се македонски амбасадори и конзули, кои придонесуваат да се чуе вистината за Македонија на сите меридијани и помогаат да се издржат сите притисоци врз нашата држава, Република Македонија. Со право се вели дека Македонците ширум светот се нераскинлив дел од македонскиот народ и од македонската грутка и, поради тие причини неопходно е да не се дозволат нови поделби меѓу нив како што ги имаше во минатото.

Исто така, со право се вели дека Македонците  не треба да се делат по тоа кој од кој крај на Македонија потекнува, тие не треба да се делат на Вардарци, Егејци, Пиринци, да не се дозволи иселениците да се делат кој на која црковна општина припаѓа. Исто така да не се дозволи партиските делби да се пренесат и во туѓина. Македонците треба да се единствени, само Македзици што не ја заборавиле татковината и родната грутка. Така тие најдобро ќе му помогнат на својот народ и на својата мајка - Македонија.

Илинден е најголемиот ден на слободарскиот дух од сите денови и празници на Македонија. Тој е величествен ден на сенародниот македонски копнеж за борба и слобода на Македонија. Затоа тој голем ден за сите Македонци од етничка Македонија го прави Трново и Љубојно да е најубави, највесели и најпривлечно.

ilinden33-3

Исто така на Илинден и во Љубојно се игра и се пее, се јаде и се пие, се чувствува топло гостопримство и срдечност кај сите оние што дошле за Илинден во убавата Долна Преспа. на Илинден во Љубојно се собираат неколку илјади иселеници од прекуокеанските земји, од Европската Унија, Преспанци што живеат низ Македонија, голем број Македонци од егејскиот дел на Македонија што живеат ширум светот, гости и иселеници од другите села, туристи од Претор, Сливница, Долно Дупени и Крани, како и голем број повратници од Преспа, Битолско, Охридско, Леринско и од Мала Преспа.

Со големиот народен собир што се одржува во долно-преспанското село Љубојно, 2 август во исто време претставува главен настан за жителите од Преспа и централна прослава на националниот празник на македонскиот народ во Ресенска општина и пошироко.

Така, по повод 100-годишнината од Илинденското востание, 110 години од формирањето на ВМРО и 100-годишнината од смртта на Гоце Делчев, големиот син на македонскиот народ, на чествувањото на јубилеите во 2003 година присуствуваа неколку илјади жители од Преспа, гости, туристи, посетители од Беломорска Македонија и од Албанија, како и бројни иселеници од прекуокеанските и Европската Унија (западноевропските земји). Се чини дека оваа средба беше најмасовна од сите дотогаш.

Празнувањето започна уште на први август, кога на големиот асфалтиран центар во Љубојно се собраа неколку илјади посетители да ги слушнат македонските песни и ора кои се пренесуваа во тој печалбарски крај. Веселбата траеше до доцна во ноќта, а играорни групи се разиграа во центарот на Љубојно и ги кренаа на нозе посетителите кои со одушевување го следеја вечерниот концерт. За овие прекрасни мигови се погрижиле одговорните за средба во Љобојно во соработка со раководството на „Илинденските денови" од Битола, кое секоја година доброволно испраќа по две играорни групи во Љубојно.

Токму на Илинден во Љубојно со гордост се истакнуваа бурното минато исполнето со непокор и борба за опстанок. Тоа е резултат на фактот дека на првиот Илинден се случиле бурни и драматични настани, а и во текот на окупацијата Љубојно беше едно од жариштата на револуционерното движење и прва ослободена територија во Преспа.

„Љубанските илинденски иселеничките средби“ се одржуваат во центарот, познат како  „Полена“ во Љубојно на први и втори август. Тие започнуваат со народна веселба, за потоа да ги прогласи за отворени градоначалникот на општината Ресен. Веселбата ја збогатуваат младите и полетни играорци.

Затоа средбите се доживуваат свечено и празнично во сите куќи во Љубојно и кај сите посетител; на Илинден Љубојно добива свечен празничен лик; тогаш се чувствува топло гостопримство и срдечност кај сите оние што доаѓаат и се среќаваат со своите роднини, пријатели, познати...

Ако Преспанци со пушка во рака биле учесници во двата Илиндена за слобода на Македонија, денес тие со продолжувањето на македонските традиции и духовно-националното живеење, со обичаите и со културните настани ги зацврстуваат корените на Македонија, на македонскиот народ во етничка Преспа и насекаде во светот, настојуваат „Љубанските илинденски иселеничките средби“ и Македонија да бидат вечни.

Продолжува

slave-katin-33
Пишува:
СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Четвртиот Илинден ќе биде денот кога Македонија ќе се повлече од т. н. преговори за името

ОМД: “Четвртиот Илинден” ќе биде денот кога Македонија ќе се повлече од т. н. преговори за името

Историја

News image

Македонската емиграција во Швајцарија со широка акција за самостојна Македонија

„Чест ми е да го известам Господинот Министер дека на 12 тек. месец во Женева било одржано едно собр...

Иселеници

News image

Илинденски поздрави од „Св. Ѓорѓи“ од Мелбурн, Викторија во 1983 година (35)

Од илинденските свечености и академијата на Македонската...

Култура и туризам

News image

Христијанството во Преспа

Македонскиот народ во неговата долговековна борба за своја сопствена држава, за национална и за култ...

Фељтон

News image

Александар Македонски (32)

Хиероглифските текстови сведочат дека Александар Македонски ги носел традиционално к...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.