Среда, 09 Мај 2018   
Атанас Близнаков – најголемиот донатор од македонското иселеништво (9)

ab9-1

ЖИВОТОТ НА ИСЕЛЕНИЦИТЕ ВО ВРЕМЕТО НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ РУЗВЕЛТ

Атанас Близнаков бил отпуштен од работа во февруари 1930 година и сé што имал спечалено дотогаш за осумгодишното работење, заедно со позајмените пари, го имал вложено за купување на неколку градежни парцели во градот Гери (Индијана). Така сметал дека сопствената заработувачка да ја затвори во сигурна вредност и се надевал дека ќе дојде до некој долар повеќе при нивното продавање.

Но, по избувнувањето на кризата, цената на градежните парцели и воопшто на земјата паднала на најниско ниво. А ануитетот за земениот кредит, што бил оптоварен со камата, морал да го плаќа, затоа го продал целокупниот имот. Со добиените пари го вратил најголемиот дел од долговите и така останал и без пари и без куќа.

Загубил сé што имал заработено со голем труд и време и голема сума пари му отишла во неповрат. Со тоа биле срушени  сите негови надежи дека со дотогашниот напорен труд успеал да обезбеди спокојна иднина, за времето кога од физички причини не ќе можел да заработува.

Тоа го натерало да застане меѓу работниците што понекогаш чекале пред вратите на големата Железарница (Steel Work Co.). Така, еден ден го повикале уште со тројца други работници да влезе во Железарницата. Бил радосен, иако не знаел што ќе работи. Работата што ја добил била посебно тешка, но како млад човек го издржал и тоа. Најважно му било дека се вработил и дека благодарение на тоа, можел малку да ја подобри својата лоша материјална положба што го снашла во тие немирни времиња.

Работел по 10 часа дневно, а со времето за доаѓање и враќање од Железарницата до дома се собирале и по 12 часа. Работната седмица имала 6 дена, а заработувачката изнесувала по 30 центи на час. За разлика од зимскиот период, кога го ангажирале да работи секој ден, во летниот период најчесто работел по еден до два дена седмично.

ab9-2

Стравот од губење на работата му бил многу голем. Затоа, додека бил на работното место, не се интересирал за ништо друго освен за работата. За разлика од него, некои од работниците успеале со давање поткуп да ги придобијат надзорниците, од чија карактеристика зависело задржувањето на работа.

Оттогаш кај нив немало вознемиреност во врска со отпуштањето. Тие останувале на работа и кога другите ги отпуштале на определено време. Тоа било голема бенефиција. А неа ја користеле и некои македонски иселеници, кои успеале да се вклучат во таа игра со корумпираните надзорници и со други службеници во Железарницата.

Во 1931 година поголем број одделенија во Железарницата биле затворени. Атанас работел во едно од одделенијата што останале, што ја избегнале судбината на оние што повеќе од две години биле изложени на  мирување.

Меѓутоа, во март 1933 година Ф. Д. Рузвелт бил избран за претседател на САД. Истиот месец, Конгресот на САД изгласал Закон со кој претседателот на Републиката за период од две години добил вонредни овластувања. И со тоа почнал процесот на длабоки економско-социјални реформи, шт во историјата се познати под името ,,Нов правец”.

По девалвацијата на доларот за 30%, во мај 1933 година влегол во сила Законот ,,Акт за регулирање на системот на земјоделството”, во јуни Законот ,,Акт за воспоставување на националната индустрија”, во ноември се формирала ,,Администрација за цивилни конструкции” со чија помош повеќе од четири милиони невработени добиле работа.

Во јули 1935 година, по совет на Рузвелт, Конгресот го прифатил Федералниот закон во врска со работните односи, со кој на работниците им се признавало правото на синдикално организирање и на колективно договарање со патронот. Во август Конгресот го прифатил и Законот за социјално осигурување со кој се признало правото на пензија по 65 години, на социјална помош за невработените итн.

ab9-3
Група дмбенци во Гери во 1947 година

Ваквата политика на претседателот Рузвелт, за кого гласале речиси сите доселеници од Македонија, имала благотворен одраз и врз работничкото движење. До доаѓањето на Рузвелт на чело на САД, судбината на работниците на оваа земја се наоѓала во рацете на фабрикантите и на нивните менаџери, како и во рацете на другите крупни работодавци.

Синдикалното движење во земјата било парализирано, работниците немале ни социјална ни здравствена заштита, немале право на платен годишен одмор, немале пензија, немале речиси никакви права и затоа биле изложени на најсурова експлоатација, наспроти тоа што со своите раце и со својата пот ги создавале сите богатства на земјата.

Рузвелт дал голем придонес во совладувањето на таа анархија. Со воведување на масовните јавни работи тој ја ликвидирал и безработицата, а со низа други зафати, како на пример, со елиминирањето не неликвидните банки и друго, ја вратил довербата во целото општество.

Овој период е карактеристичен за Атанас Близнаков по тоа што на 14 мај 1928 година станал натурализиран граѓанин на САД. Тоа за него претставувало гордост, но во исто време и сигурност во животот и во натамошната работа. Во тој период добро комуницирал на англиски јазик, за разлика од голем број доселеници од Македонија кои тешко го прифаќале новиот живот и начин на живеење.

Колку кризниот период се намалувал, толку Атанас финансиски зајакнувал и размислувал да се врати во родното Д’мбени, да се ожени за д’мбенка, да се задоми и пак да продолжи со печалбарскиот живот.

Животот на печалбарот бил тажен и среќен и добар и лош, затоа се пееле бројни песни, а се прераскажувале и шеги.

Од прославата на 30 годишнината од работата во Железарницата во Гери

РИСТО ШАНЕВ

ПЕЧАЛБАРСКА КУЌА

Новодојдено езеро удира во нејзините темели
Ветровите од неа ги распнуваат своите
платна
Дождовите шират бори по нејзината снага
Сепак, мирот ништо не го нарушува
Молчење се пласти во одаите –
Недопрено богатство лежи во мракот
на ќералите.

Сепак ветрот е тој патник
Огниште топло го залажува
Мирот на каменот во темелот
ги мина времињата на друмовите
и цена му нема
Не постои предизвик
за камената рана на гората.

Во смената на денот
Старо стебло во дворот наслушува:

Куќата дише како човек –
Таа човекува со осамата своја.

Продолжува

katin14
Пишува: СЛАВЕ  КАТИН

 

На прво место

News image

Република Македонија е обвиткана со црнила од власта предводена од СДСМ

Република Македонија е обвиткана со црнила од власта предводена од СДСМ. Црн воздух, црна екон...

Историја

News image

ЦИА за заедничката судбина на децата-бегалци од грчка и македонска националност

Во оваа прилика пренесуваме како агентите на ЦИА во 1953 година во детали известувале за состојбат...

Иселеници

News image

Митрополитот Кирил – првиот архиереј во македонското иселеништво (5)

  ДЕЛ ОД ПАТОТ НА УСПЕХОТ НА КУМАНОВСКО-ПОЛОШКИОТ АР...

Култура и туризам

News image

ДА СИ ВЕЧНА ЗЕМЈО МОЈА

ПРОМОЦИЈА НА ЕТНО ЗАПИС - „ДА СИ ВЕЧНА ЗЕМЈО МОЈА”  

Фељтон

News image

Александар Македонски (63)

Александар Македонски (63)

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.