Среда, 09 Мај 2018   
Комеморација со поезија за Гоце Делчев

Во Сиднеј Литературното друштво „Григор Прличев“ одржа КОМЕМОРАЦИЈА СО ПОЕЗИЈА ЗА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ

komemoracija-sidnej-1

Минатиот петок, 4-ти мај, во просториите на Библиотеката „Григор Прличев“, истоименото Литературно друштво одржа пригодна комеморација припратена со поезија по повод 115 годишнината од смртта на идеологот за самостојна Македонија, Гоце Делчев, и 4 годишнината од смртта на писателот и литературниот критичар Професор д-р Науме Радически, инаку почесен член на Друштвото „Григор Прличев“.

Еден помалку познат цитат на Гоце Делчев беше: „Јас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови, како македонскиот“. Коските на Гоце Делчев во престолнината на Република Македонија, Скопје, сигурно се превртуваат од последните владини одлуки каде се менува се што е македонско и се задушува последната издишка – идентитетот, токму поради предавствата на своите синови.

komemoracija-sidnej-2

Несомнено Гоце беше и се уште е најголемиот револуционер, апостол, идеолог, организатор и водач на македонското револуционерно национално ослободително движење на Македонија. Гоце го положи својот живот за слободна и независна државност, како и многу други револуционери, и откако таа државност делумно се оствари во мал дел на Македонија, се направи духовно и национално будење, се изградија јаки темели за иднината на државата, се родија изроди кои по секоја цена сакаат да ја уништат самостојноста на државата... страдањата продолжуваат.

Поезија посветена на идеологот Гоце Делчев читаа членовите: Иван Трпоски, Никола Апостоловски, Орце Марковски, Спасија Огненовска, Ванчо Салиоски, Димитар Кукулјовски и Душан Ристевски.

komemoracija-sidnej-3

Посебно членовите се осврнаа и на делото на професорот Науме Радически кој со своето дело и неговата неуморна работа во подржување издавачката активност на Друштвото, покажа како и Гоце, дека борбата за обединување и независност се темели во образованието и учителската дејност, во негување на македонскиот јазик и култура.

Вечно нека им се слават нивните дела.

komemoracija-sidnej-4

komemoracija-sidnej-5

komemoracija-sidnej-6

Душан Ристевски

 

На прво место

News image

Мицкоски: Референдумот нема да успее

Мицкоски: Референдумот нема да успее

Историја

News image

Едмонд Бушие де Бел напишал книга под наслов: „La Macedoine et Les Macedoniens", (Раriѕ 1922, 80, IV. 303)

Едмонд Бушие де Бел, роден на 23 август 1878 година во Везиње, Франција. Завршил класична гимназија ...

Иселеници

News image

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски - најголемиот инвеститор од македонското иселеништво (11)

По осамостојувањето на Република Македонија, господинот Ат...

Култура и туризам

News image

Македонски литературен кружок во Софија

Македонскиот литературен кружок беше формиран во август 1936 година, при редакцијата на весникот „Ма...

Фељтон

News image

Александар Македонски (50)

И овој пат ќе нагласиме дека во изминатите, а и во наредните продолженија ќе се обид...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.