Среда, 30 Мај 2018   
40 години МАКЕДОНСКИ ПРОСВЕТНО УЧИЛИШЕН ОДБОР НА НЈВ

mpuo3

Македонскиот просветно училишен одбор за НЈВ ја одржа
Свечената Академија за Браќата Свети Кирил и Методи
во Сиднеј

Во неделата на 27–ми мај, 2018 година, со најголеми почести се одржа чествување на славните Браќа Свети Кирил и Свети Методи.

Македонскиот просветно училишен одбор за Нов Јужен Велс , како и секогаш, натпросечно ја организира оваа величенствена свеченост на која присуствуваа над 400 родители, ученици и пријатели на македонскиот јазик, кои го изучуваат македонскиот јазик во етничките и редовните основни училишта, како и во  саботните средни училишта. Свеченоста се одржа во Црквата “ Свети Кирил и Методи“ во Сиднеј.

На свеченоста, гостите ги поздрави Госпоѓата Грета Станоевска, Вршител на должноста Амбасадор на Република Македонија во Австралија, која истакна дека „со изучувањето на македонскиот јазик во Австралија се зачувува македонската култура и традиција, а тоа е и мотив, кој овозможува да не се заборават корените и врските со Република Македонија.“   Госпоѓата Луција Џонс, Потпретседател на Федерацијата за јазици на зедницата во НЈВ, ги поздрави присутните и нагласи дека:„ Македонскиот просветно училишен одбор е значајна општествена институција во НЈВ, која динамично, активно и високо квалитетно ја организира наставата по македонски јазик во сите училишта. Напорната работа на учителките и волонтерите, постојано е пример за другите заедници во Нов Јужен Велс. А македонскиот јазик е јазик основа за многу јазици во светот.“

mpuo1

 За делото и значењето на Светите браќа Кирил и Методи зборуваше Претседателот на Македонскиот просветно училишен одбор , Госпоѓата Жаклина Михајлова, која меѓу другото рече:

Денес , кога од сите страни маккедонскиот јазик го потценуваат, а нас Македонците нѐ омаловажуваат, нѐ множат со нула, безобразно ни го крадат нашето и не учат дека сме ништожни, денеска кога, заради туѓи интереси нашите политичари го крадат нашето, должни сме, каде и да сме, колку и да сме, достојно да ја зачуваме вистината и да не дозволиме да нѐ снема. Денеска , повеќе од било кога ни се потребни мисионери, мудри филозофи и научници како Св. Кирил и Методиј.“

mpuo2

Програмата ја водеше Господинот Благоја Јосифовски, кој е  успешен млад Македонец. Во својот говор тој истакна: „Веќе 40 години, багодарение на Министерството за образование на НЈВ, кое овозможува, македонскиот јазик да се изучува во етничките , редовните и саботните средношколски центри  и на вложениот доброволен труд на сите членови на МПУО, јас, некогашен ученик во тие училишта, денеска стојам, рамо до рамо, со моите први учителки, стојам пред вас како секретар на МПУО и како учител кој ја учи денешната генерација ученици по македонски јазик. Користете го македонскиот јазик што повеќе во вашите семејства. Приликите што ќе ви се отворат преку мулти – лингвизмот во вашите кариери се непроценливи, зашто живеете во свет кој што е толку технолошки и културно поврзан , толку зависен од познавањето на повеќе јазици“.

Новоформираниот Австралиско- македонски совет за Нов Јужен Велс, за прв пат додели награда на најдобрата ученичка по македонски јазик минатата година. Наградата ја врчи Господинот Џошуа Шерман, а заслужено ја доби Марија Грозданова, која на Матурските испити освои 100 поени по македонски јазик и беше прва и во Нов Јужен Велс и во Австралија. Марија имаше по шест предмети над 90 поени и доби Награда и од Премиерката на НЈВ, Гледис Береџиклијан.

Потоа  на  заслужните учениците кои го изучуваат македонскиот јазик во Нов Јужен Велс,од сите редовни и етнички основни и средни училишта им беа доделени Признанија и Награди.

Специјални Благодарници им беа врачени и на активисти и доброволци кои го помагаат изучувањето на македонскиот јазик.

mpuo4

Добитници на Признанија за изучување на македонскиот јазик во Нов Јужен Велс, за 2018 година:

Матеа Димовска, Клаудија Ристеска, Изабела Божиновска, Саша Шоповска - Хау, Кате Којдановска, Емилија Петреска, Ева Стојановска, Дејан Константин, Катерина  Дунимаглоска, Емили Колароска, Изабела Лушиновска,Стефан Котевски, Никола Кочанковски, Натали Ристевска, Антонио Петковски, Ѓорѓи  Ферманов, Симона Ѓергис, Дилан Марковски,Оливија Дак, Ајлин Дак, Џејми Дак, Ема Симоновска,Џеј Симоновски, Александар Тасевски, Лука Десков, Петар Десков, Ѓорѓија Трајчевска,Грејс  Трајчевска,Едвард Вилкенс, Софија Петровска, Оливија Наумоска, Симона Петреска, Аријана Наумоска, Антони Митрески – Димовски,Катрина Трајчевска,Сиена Петреска, Верица  Миновска,Тијана Паревска,Емилија Гашоска,Емили Миленковска,Лара Марковска,Виолета Шопова, Анастасија Василевска,Филип Апостоловски,Сара  Михајловска,Сандра  Миткова, Анамари Гурабиовска, Томас  Николоски,Томас  Марковски, Марија Треноска, Лора  Стојановска, Ивана Велевска и Ангела Јанкуловска

 Наградени Учителки за Кирил и Методиј за 2018 година

Жаклина Михајлова, Благојче Јосифовски, Лидија Славеска ,Сузана  Стојановска, Александра Кузмановска, Наташа Котевска, Дијана Јовчевска, Мери Петковска, Силвана  Трајковска, Весна Трајковска –Ѓ ергис, Елизабета  Хаџиевска,  Виолета Тодоровска, Драгица Митева,ЛилјанаСпироска, Емилија Жупаноска,Трајана Стојановска, Цвета Чумковска, Зоранчо  Маркоски, Дарко  Левковски,Билјана  Божиноска,Благојче Јосифовски,  Јадранка  Димитрова, Зора  Јанева, Сузана  Исајлова, Славица  Ристеска

Наградени личности кои го промовираат македонскиот јазик – 2018 година

Алберт Вела, Луција Таварес- Џонс, Тоде  Кабровски ,Кире Пашовски, Катрин Чапел, Ангела Лирис, Александра Ристевска, Велибор Танаскоски,Цвета Дак, Кире  Простиженовски, Ник Митревски, Магдалена Велевска, Доне Кочанковски, Вики Бошевска,Елизабета Ферманова, Гордана Клисарова,Тина Попоска,Сандра Манчини Димовска,Лидија Митреска,Билјана Јуруковска,Гордана Цвејоска Стеванс,Вера Ѓеоргиевска,Поп Наум Деспотоски, Поп Игор  Младеновски, Поп  Владо Недески, Управата на МПЦ “ Света Петка“ Рокдаел, СБС Радио -  Радица  Бојковска-Димитровска, Менче Манева,Цане  Ристески ,Стојан Трајковски,Зара Јошевска- Travelworld Wollongong,Carlton Public School,Јове Стојановски,Македонски Телефонски Именик,Елизабета Стојановска, Иван Трпоски, Елизабет  Цесарски, Драган  Димитровски(Мак Видео), Киро Илиески, Бранко Наумовски, Македонска детска градинка “ИЛИНДЕН“, КУД „Илинден“,Пецо Наумовски,Џошуа Шерман,Билјана Кузмановска,Вики Крстевска, Емилија   Гошаревска,Црквата Свети Никола- Кабрамата

Жаклина Михајлова - Учителката

АзбукаПаметат камењата дека
те имало и пред последната,
паметат пештрите дека си
забележана како – древната.

Паметат тревите и погребните
лелеци ти ги паметат звуците,
памети традицијата, глаголите,
песните ти ги паметат и внуците....

Обновена, упростена,
прекрстена, раскостена,
ама пак на старото
си стежнала, накитена,
од Руен, кон езерата си полазала,
на север и југ, насекаде си стасала.

Многу жедни со ум си напоила,
многу страдни очи опулиле,
многу алчни грабале, лажеле,
тогаш лажни правила важеле.

Сега е време друго,
вистината во очи ни вреба,
сега ни дојде редот,
горди да бидеме треба.

Слава на Методи и Кирила,
слава на светците сугестивни,
уште поголема слава на Климента,
што буквите стари ги врати за видни.

Жаклина Михајлова, 2018

 

На прво место

News image

Нападнат е штабот на ВМРО-ДПМНЕ

Јанушев: Нападнат е штабот на ВМРО-ДПМНЕ, ова е напад врз сите оние кои ги штитат македонските нацио...

Историја

News image

Поздрав до Член 7 од предложениот „договор“ со Грција

Диодор од Сицилија (Хеленски-ГРЧКИ историчар што живеел во првиот век п.н.е.)

Иселеници

News image

Атанас Близнаков – најголемиот донатор од македонското иселеништво (15)

Атанас Близнаков пројавил голема активност во една од зн...

Култура и туризам

News image

Светилишта во Струга: Црквата Света Петка

Култното место Света Петка е познато од дамнина. Тоа беше само обележано, но стружани редовно таму п...

Фељтон

News image

Александар Македонски (37)

Плашејќи се дека на начин што предходно го одбраа Перијците нема да успеат на земјиш...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.