Среда, 30 Мај 2018   
Атанас Близнаков – најголемиот донатор од македонското иселеништво (12)

ab12-1

ДЕЈНОСТА ВО МАКЕДОНСКО-АМЕРИКАНСКИОТ НАРОДЕН СОЈУЗ

....Покрај Егеј Македонци
покрај Вардар Македонци
и под  Пирин Македонци
славно име непокорно

Народна песна

Македонските иселеници во САД почнале да се собираат, да другаруваат и да се организираат од времето на своето масовно доаѓање во Северна Америка, каде што во новата средина ја донеле и својата култура, традиции и обичаи.

Како резултат на тоа, во сите поголеми печалбарски центри, како што се Детроит, Понтијак, Гери, Чикаго, Толедо, Њујорк и др., веднаш се формирале заемно-помошни друштва кои имале цел да ја зачуваат македонската култура, обичаите и верските традиции, да се обезбеди материјална помош на социјално загрозените Македонци, како и да се собираат средства за изградба на цркви, училишта и други објекти во нивните родни места во Македонија.

Меѓутоа, поголемо и ангажирано собирање на Македонците во Северна Америка се почувствувало по Балканските и во текот меѓу двете светски војни. Во тој период се формирани и првите македонски иселенички организации, клубови и друштва, кои на одреден начин учествувале во судбоносните настани што се одигрувале во нивната поробена татковина, во борбата што ја поведе македонскиот народ за своето ослободување и за социјални права.

Притоа, поголемиот број прогресивни иселеници доаѓале до сознание дека ослободувањето на Македонија може да се оживотвори само со заедничка борба со другите народи на Балканот.

Прогресивните македонски иселеници во САД и Канада согледале дека без поврзување на стремежите за националното ослободување со стремежите за социјално преуредување на општеството, тешко може да се извојува саканата слобода. Иселениците се залагале за поголемо заедништво меѓу прогресивните сили кај сите балкански народи.

Еден од прогресивните Македонци во САД, секако, бил и Атанас Близнаков кој целиот свој живот верувал во новото општество, па дури постоела и убеденост, во идеите од Советскиот Сојуз.

ab12-2
Димитар Влахов, Собир на Македонците во САД

Политичката дејност на Атанас близнаков била тесно поврзана со МАНС (Македонско-американски народен сојуз). Тој живеел и се развивал заедно со оваа македонска организација, на која ѝ посветил многу време со цел да се збогати и да го потврди своето убедување како прогресивен граѓанин на САД.

Инаку, во националната и во политичката дејност на македонските иселеници во САД, по завршувањето на Првата светска војна, била родена една нова ориентација. Таа во целост се разликувала од ориентацијата на десницата, чија дејност предизвикувала разновидни потреси и дестабилизација.

Овој курс добил уште поголем полет по основањето на ВМРО (Обединета) во Виена, во 1924 година, кога започнало обновувањето на разбиеното единство на македонското национално револуционерно движење.

Така, со помош на ВМРО (ОБ.) и по средбата меѓу Димитар Влахов и Георги Пирински, било постигнато поврзување и обединување на македонската прогресивна емиграција и, како резултат на тоа, во 1929 година, во Понтијак (Мичиген), во куќата на Смиле Војданов, се формирала првата македонска независна прогресивна група во САД и во Канада.

Организирањето на соработката и воопшто координирањето на акциите меѓу формираните македонски независни групи во САД и во Канада му било доверено на Иницијативниот комитет, што бил избран како привремен орган.

Така тој ја свикал Првата конференција на македонските независни групи, во Толето (Охајо). Оваа конфедерација се одржала на 22 и 23 март 1930 година. Во неа учествувале претставници на сите шест македонски независни прогресивни групи од САД и од Канада, колку што дотогаш биле основани.

На конференцијата едногласно било избрано централно раководно тело. Во неговиот состав влегле пет лица од здружените македонски независни прогресивни групи во САД и во Канада. Со овој документ тие се обврзале да ја координираат својата дејнсот меѓу себе и да создаваат услови за што поуспешно ширење на своите идеи.

Во Резолуцијата се зборува и за борбата што треба да се води против организацијата МПО (Македонска патриотска организација), за која се вели дека е оружје на великобугарската државна политика. Така, во сите документи на конференцијата, МПО се третира како еден од најголемите противници на прогресивното движење на македонската емиграција. Прогресивните групи за свој сојузник ја прифаќале само работничката класа со која биле готови преку единствениот револуционерен фронт, да се борат против фашизмот и империјализмот.

Целта на македонските групи, особено по одржаната Конференција, била да ги обедини прогресивните Македонци заведени од МПО, која веќе била формирана, и воопшто да развива политичка активност меѓу Македонците. Тоа се манифестирало особено со издавањето на ,,Македонски билтен”, преку кој ги изнесувале своите погледи и стремежи за македонското револуционерно движење и за ослободувањето на Македонија.

Во првиот број на ,,Македонски билтен” е објавен апел до Македонската емиграција за нејзино организирање и за борба против непријателите на македонскиот народ. Во апелот, покрај другото, се вели:

ab12-3
Активности на Македонците во САД

,,Браќа Македонци! Причините за денешната плачлива положба на татковината се многубројни. Но главната и основната причина е тоа што борбата денес не се води како што ја почнаа нашите револуционерни апостоли... Таа целосно го изгуби народниот облик и цел и од револуционерна и народна борба прерасна во борба на амбициозни личности продадени на шовинистичките влади на соседните балкански земји. Национално-прогресивното движење продолжува апелот  - во името на новоорганизираните независни групи, ги повикува сите Македонци на бескомпромисна борба со братоубјците и со нивните слуги”.

По Конференцијата во Толедо, бројот на членството вклучено во македонските независни прогресивни групи бил значително зголемен. Непосредно потоа била зголемена и активноста ориентирана кон тоа да се побараат посоодветни организациони форми, за што поуспешно дејствување.

Овие и некои други организациони прашања, како и потребата да се сумираат резултатите, придонеле да се донесе одлука за организирање на нова средба на претставниците на македонските независни прогресивни групи. Така, по само една година и еден месец дошло до свикување на Првиот редовен конгрес на овие групи. Тој се одржал во Гери (Индијана) од 24 до 26 април 1931 година. На овој конгрес македонските независни прогресивни групи се обединиле во Сојуз.

Посебно место во историјата на македонските иселеници е одбележувањето на настанот кога македонските  прогресивни групи во Гери го одржале својот Прв конгрес. На конгресот учествувале 36 редовни и 26 братски делегати од разни организации и друштва на балканската емиграција, како и од прогресивните светски и други организации.

На Првиот конгрес македонските независни прогресивни групи се обединиле во Сојуз, т.е. во Македонски Народен Сојуз (МНС); тоа име започнале да го носат дотогашните групи. Притоа, промената на името не предизвикала никакви суштински измени во политичките концепции.

Главна цел на МНС и натаму останала да биде борбата за извојување слобода на Македонија, на македонскиот народ и на народностите со кои со векови заеднички живеел. Исто така, една од нивните големи барања и желби била да се создаде балканска федерација во која ќе бидат гарантирани широки национални, политички и социјални права и слободи на балканските народи, вклучувајќи го и македонскиот народ од трите дела на Македонија.

Во реализацијата на ваквата политичка платформа МНС сметал на содејство и поткрепа од сите прогресивни сили и луѓе во светот, особено од оние на Балканот.

Решението на Првиот конгрес на МНС наишло на голем прием кај македонската и балканската емиграција, кои далеку од своите огништа мечтаеле за национална и социјална слобода на својата татковина. Притоа, членството започнало значително да се зголемува и се формирале нови организации како составен дел на Сојузот.

Продолжува

katin14
Пишува: СЛАВЕ  КАТИН

 

На прво место

Историја

News image

140 години од МАКЕДОНСКОТО ВОСТАНИЕ во Кресна, Пиринска Македонија!

Печатот на Главниот штаб на МАКЕДОНСКОТО востание, на кој убаво се чита им...

Иселеници

News image

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски - најголемиот инвеститор од македонското иселеништво (15)

Семејното дрво на Атанасовски е интересно со своите личнос...

Култура и туризам

News image

Манастирот „Св. Мала Богородица“ во Сливница – Преспа (13)

ВОВЕДУВАЊЕ НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА ВО ХРАМОТ

Фељтон

News image

Александар Македонски (54)

Овде, во Опис, на најблиската точка до Вавилон и на линијата за комуницирање со Запа...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.