Среда, 30 Мај 2018   
Македонски црковно - илинденски свечености во САД (37)

ilinden37-1

ИЛИНДЕН 1903-2003 И МАКЕДОНСКИТЕ ИСЕЛЕНИЦИ“

Големиот празник на македонскиот народ - Илинден досега е прославуван во сите македонски заедници во САД. Тоа особено е изразено во македонските православни цркви, кои се национални, духовни, културни и општествени центри на Македонците, како и во нивните друштва и асоцијации кои работат во состав на духовните центри. Голем број активности се врзани за името на овој празник и се одвиваат токму во текот на празникот Илинден.

За одбележување е тоа што Македонската православна црква на северноаериканскиот континент, „Св. Петар и Павле" во Гери, Индијана, е осветена на 14 јули 1966 година, во времето кога се славеја 60 години од Илинденското востание и 22 години од АСНОМ. Чинот на осветувањето на храмот го изврши тогашниот архиепископ охридски и скопски и прв митрополит македонски г.г. Доситеј, во сослужение со митрополитот г. Кирил и свештениците Климе Малески, Кирил Стојановски и Спиро Танасковски.

На свечениот чин кој претставува темелник на идното црковно живеење на Македонците во САД и во Канада присуствуваa голем број Македонци од сите делови на Македонија и од повеќе македонски заедници. Меѓу нив бeшe и познатиот иселеник од Гери, Атанас Близнаков, кој во САД живеешe педесетина години и кој по враќањето во Македонија ја формира Фондацијата „Атанас Близнаков“, најголемата фондација од дијаспората при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј" во Скопје.

Илинден беше одбележан и во македонската заедница во Сираќуз и околните места. Македонците од тој дел на САД се едни од првите кои организираа свој црковен живот, во храмот „Св. Богородица", За жал, таа црква не се најде во крилото на Македонската православна црква. Затоа, во август 1963 година, во екот на илинданските празнувања, грула Македонци се одвоија и ја формираа Македонската православна црква „Св. Ѓорѓи".

Како резултат на тоа, во април 1965 година во Сираќуз пристигна висока црковна делегација предводена од поглаварот на МПЦ г.г. Доситеј, кој во сослужение, со тогашниот Злетовско-струмичкиот епископ, г. Наум, Кирил Поповски (митриполит Кирил) и други македонски свештеници, ја отслужи првата света архиерејска литургија на македснски јазик.

Подоцна, по преуредувањето на една протестанска црква во православен храм, на 21 јули 1968 година, кога Македонците го славеја јубилејот 65 години од Илинден и 24 години од АСНОМ, е извршено осветувањето на храмот. Свечениот чин го изврши тогашниот надлежен архиереј, митрополитот Кирил. На свеченоста присуствуваа голем број верници, пријатели и претставници на американското општество.

ilinden37-2
МПЦ „Света Богородица“ во Детроит

Во екот на одбележувањето на 75 годишнината на славниот Илинден во САД и во Канада, во Детроит се вршеја подготовки за формирање македонска православна црква. Така на 13 август 1978 година е извршено осветувањето на купеното мосто на храмот „Св. Богородица". Чинот на осветувањето го изврши митрополитот Кирил во сослужение на десетина свештеници, а во присуство на бројно иселеништво. Тоа за најбројната македонска колонија во САД, Дотроит, претставува многу значаен датум и поттик за богатиот иден црковно-национален живот на Македонците.

Денес во Детроит е изградена новата црква „Св. Богородица", која претставува соборен храм и најголем објект на Македонската православна црква во САД. До храмот се изградени големи сали и други простории.  

Исто така, кога се прославуваше 75 години од Илинденското  востание, на 19 август 1978 година, Македонската православна црква „Св. Димитрија" во Рочестер, во државата Њујорк беше свечено осветена. Во присуство на бројни иселеници, гости, претставници на американското општество, митрололитот Кирил го изврши осветувањето на храмот, што денес претставува значаен духовен, национален и културен центар за Македонците од тој дел на  државата Њујорк во САД.

Илинден се слави и во Лореин, Охајо. Овој убав град се наоѓа на езерото Ири (има над 200 илјади жители со развиена индустрија за железо, челик, машини, текстил и бродоградба) и е место каде секоја година се прославува Илинденското востание. Таму меѓу 55-те националности од целиот свет што живеат и работат во градот, видно место зазема македонската етничка група. На тие американски простори на северозаладната страна од брегот на големото и пространо езеро Ири, е подигнат Светиклиментовиот светилник за македонските генерации МПЦ - „Св. Клшент Охридски".

Овој значаен црковен храм и културно-просветен центар е собиралиште на македонските доселеници кои живеат и работат во градовите Еиван, Лореин, Кливленд, Илирија, Емерст и во пошироката околина. А, Макодонци во овие градови има над илјада. Тие главно дошле од Битолско, Преспанско, Леринско, Охридско и Скопско.

На 11 август 1985 година, во текот на илинденското празнување митрополитот Кирил, во сослужение на пет свештени лица, пред голем број верници и во присуство на градоначалниците на Лореин и Шерфилд Леик, ги освети темелите на новата цркаа. Потоа, на 17 јули 1986 година, е завршена изградбата на новата црква и е извршено мало осветување. На тој ден беше извршен и првиот обред во црквата „Се. Клшент Охридски".

ilinden37-3
MПЦ „Свети Климент Охридски“ во Њујорк

Во еден од најголемите градови на светот - Њујорк, кој е распространет на островот Лонг Ајленд, крај брегот на Атланскиот Океан, е формирана МПЦО „Св. Клименг Охридски". Таму, во најголемата светска банкарска, финансиска и културна престолнина, градот со најголемо пристаниште во светот и светски студентски центар со 11 универзитети, метропола со највисоките облакодери, со најпознатите улици Бродвеј и Волстрит и седиштето на Обединетите нации, живеат и работат над 5.000 Македонци од сите краишта на Македонија. Нив особено ги има од Битолско, Преспанско, Охридско, Струшко, Леринско, Тетовско, Скопско, Кичевско, Прилепско... Сите тие секоја година го слават Илинденското востание.

Македонските иселеници во градот Њујорк и во пошироката околина во минатото претежно се собираа и беа активни во македонскиот духовно-културен дом „Св. Кирил и Методиј" и „Св. Никола" во државата Њу Џерси. Меѓутоа, со зголемувањето на нивниот број, а поради пространоста на нивното живеење, се јави потреба од формирање нова македонска православна црковна општина во Њујорк, која требаше да биде средиште за поголем број Македонци од сите делови на Македонија на тие светски простори.

Затоа, по иницијатива на неколку македонски семејства претежно од Њујорк и од блиската околина, на 17 мај 1987 година се одржа Македонско основачко народно собрание, на кое е одлучено црковната опшина да го носи името на охридскиот чудотворец и покровител на МПЦ - „Св. Климент Охридски".

Како резултат на активностите преземени од членовите на оваа црковна општина,во предвечерието на Илинден, на 31 јули 1987 година, таа е регистрирана кај американските власти на државата Њујорк. Потоа светиот Синод на МПЦ на 22 октомври, истата година, донесе одлука црковната општина „Св. Климент Охридски“ да биде примена под канонска и духовна јурисдикција на МПЦ, и со тоа да биде составен дел од Американско-канадската македонска православна епархија.

Црковната општина има свој правилник, одобрен од Светиот синод на МПЦ, според кој се раководи и презема активности за духовното единство на македонските иселеници во тој дел на демократските американски држави.

Илинден во Њујорк и Њу Џерси секогаш е величествено прославуван. Македонскиот народ од сите делови на Македонија на тие американски простори, со својата масовност покажажува дека е верен следбеник на делото на Гоце Делчев, на овој великан на македонската историја и на неговите другари од Крушевската Република. На овој голем историски ден сите Македонци во САД биле се и ќе бидат во мислата и срцето со Илинден, со Македонија.

Продолжува

slave-katin-33
Пишува:
СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Нападнат е штабот на ВМРО-ДПМНЕ

Јанушев: Нападнат е штабот на ВМРО-ДПМНЕ, ова е напад врз сите оние кои ги штитат македонските нацио...

Историја

News image

Поздрав до Член 7 од предложениот „договор“ со Грција

Диодор од Сицилија (Хеленски-ГРЧКИ историчар што живеел во првиот век п.н.е.)

Иселеници

News image

Атанас Близнаков – најголемиот донатор од македонското иселеништво (15)

Атанас Близнаков пројавил голема активност во една од зн...

Култура и туризам

News image

Светилишта во Струга: Црквата Света Петка

Култното место Света Петка е познато од дамнина. Тоа беше само обележано, но стружани редовно таму п...

Фељтон

News image

Александар Македонски (37)

Плашејќи се дека на начин што предходно го одбраа Перијците нема да успеат на земјиш...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.