Среда, 20 Јуни 2018   
Учество на иселеници - поети, уметници и артисти во Република Македонија (40)

ilinden40-1

ИЛИНДЕН 1903-2003 И МАКЕДОНСКИТЕ ИСЕЛЕНИЦИ“

Република Македонија е поборник за воспоставување, одржување, проширување и потикнување на соработката и врските со иселениците и нивните потомци во дијаспората со тоа што помагала, помага и во иднина треба да помага во негувањето на националната свест, јазик, култура, религија и друго. Притоа, посебна нагласка е ставена  на  големиот празник на македонскиот народ – Илинден, кој досега е прославуван во сите македонски заедници во целиот свет.

Илинден  е особено изразен во македонските православни цркви, манастири и црковни општини, во нивните друштва и асоцијации кои работат во состав на духовните центри. Голем број активности се врзани за името на овој празник и се одвиваат токму во текот на големиот македонски празник Илинден.

Како израз на благодарност и почит за постигнатите резултати во сите области кај иселениците и нивните асоцијации, бројни институции во Република Македонија им поделиле награди и признанија на  црковните општини, на истакнати поединци, бројни асоцијации и средства за информирање.

Во оваа пригода ќе започнеме со „Струшките вечери на поезијата“.  Имено, освен на странските поети од сите светски меридијани, Струга им била домаќин и на Македонци - поети кои творат во иселеништвото. Ќе ги споменеме XXXII Струшки вечери на поезијата во 1992 година кога допатуваа и учествуваа десетина автори од дијспората, кои години наназад пишуваат стихови во средините каде што живвеле. На оваа меѓународна поетска манифестација присуствуваа двете брачни двојки од Торонто - Канада: Неда и Алексо Лозановски и Рада и Борче Видиновски, додека Гоце Малинов допатувал од Мелбурн - Австралија, а Саво Костадиновски од Келн - Германија.

Во разговорот со нив сите позитивно се изразија за организираноста на тогашните вечери на поезијата, а исто така беа неизмерно благодарни на Матицата на иселениците од Македонија што им организира  приеми кај претседателот на Републиката Киро Глигоров и премиерот Бранко Црвенковски во Охрид, како и од екскурзиите што беа организирани при разгледувањето на културно-историските споменици на Охрид и „Свети Наум".

На свеченоста по повод доделувањето на признанието „Иселеничка грамота" што ја доделуваше Матицата на иселениците од Македонија за творечкиот олус на поет - иселеник, присуствуваа голем дел од поетите - учесници.

Ова традиционално признание му беше врачено на тогашниот најуспешен поет од иселеништвото - Саво Костадиновски, од Келн, Германија. На завршната свеченост „Мостови", пак, настапија Алексо Лозановски и Рада Видиновска од Торонто, Гоце Малинов од Мелбурн и Саво Костадиновски од Келн.

Исполнети со прекрасни импресии од поетскиот град Струга, реката Дрим, древниот Охрид, се вратија назад во Канада, Германија и Австралија, за да ги преточат своите чувства и исполнети души во нови стихови за татковината, за родната грутка од каде што ги влечат своите корени.

ilinden40-2

Исто така, во оваа прилика ќе споменеме гостувањето на театарската група „Благоја Нешковски" од Илавара, Австралија. Имено, во преполнетата сала на Македонскиот народен театар во Скопје, Македонскиот театар „Благоја Нешковски" од Илавара, Австралија со блескав успех ја завршил својата турнеја во татковината. Тој беше сонот за кој сонуваше, како нејзиниот режисер и основач Благоја Нешковски млад, талентиран и надежен уметник, (што прерано го завршил својот живот), така и сите членови на Македонскиот театар од Австралија .

Сите што присуствувиа на претставата во Скопје, како и оние во Прилеп, Битола, Охрид, Струга и Вевчани, не можеја да веруваат дека претставата „И Ѕоле прај компо" бeше дело на аматери - вљубеници во театарската уметност. Тоа беа уметници кои со сета силина на своето битие ги вложија своите актерски и режисерски потенцијали претставата да услее и да биде доказ повеќе дека македонскиот иселеник, освен во фолклорот, се афирмирал и на лолето на театарската уметност.

Пиесата „И Ѕоле прај комло" се темели врз здрава драмска структура (текстот е преведен и на англиски јазик и бил поставен на сцена од професионални театарски групи во Австрапија), во која битовиот елемент карактористичен за животот на повеќето Македонци преку океанот е доминантен.

За оваа извонредна претстава, сценографијата и костимографијата и изборот на музиката беше на Благоја Нешковски.

Неговиот сон е остварен! – со воодушевување и солзи во очите рече членот на ансамблот, Олга Николовска. Тој сите нас не уверуваше и храбреше дека, сепак, еден ден ќе се претставиме пред театарската публика во Македонија и дека таа ќе ги прими нашите пораки, нашите страдања, нашиот разгромен живот во далечниот свет...

ilinden40-3
Македонски народен театар

За нас нема поголема радост од оваа што го доживеавме во татковината, со нашата претстава. Нашиот успех ќе биде голема инспирација театарот „Благоја Нешковски" со голема љубов да ја негува детската театарска група, која, веруваме, ќе биде уште подобра од нас, зашто почнуваме од некакви веќв поставени темели", Тоа беа зборовите на Олга Николовска, која по завршувањето на првтставата, ги искажа со голема возбуда.

Претставата во Скопје беше вонсериски културен настан. Тој ја крена публиката на нозе и повеќе од пет минути непрекинато, со искрени аплаузи, ги поздравија остварувањата на артистичкиот ансамбл.

Требаше да се биде во салата на Македонскиот народен театар меѓу публиката, за да се почувствуваше величествениот аплауз, упатен на актерскиот ансамбл... Плачеја и во публиката и на сцената... Радоста беше бескрајна.

Радоста беше голема и за авторот на овие редови Славе Катин кој ги следеше сите настани на македонските иселеници во Република Македонија, со цел тие да бидат овековечени во списанието „Македонија“, гласило на Матицата на иселениците од Македонија.

ilinden40-4

Затоа, ќе споменеме дека  изминатите објавени четириесет продолженија во „Македонска нација“ се дел од книгата „Илинден 1903-2003 и македонски иселеници“ од авторот на овие продолженија, Славе Катин. Тој на македонската и на меѓународната културна и научна јавност иʼ е познат по бројните публицистички и научни трудови посветени, главно, на животот на Македонците во светот, но и на низа други аспекти поврзани со дијаспората, како и со културата, литерзтурата, јазикот, религијата, науката и историјата, за што е добитник на голем број награди и признанија, меѓу кои, на престижната награда "Крсте П. Мисирков" на Здружението на ноеинарите на Македонија од областа на журналистиката.

Краj

slave-katin-33
Пишува:
СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Македонија е вечна, а власта не е!

Македонија е вечна, а власта не е! Народот ќе ви врати на следните претседателски избори

Историја

News image

МАКЕДОНСКОТО СОНЦЕ И КРАЛОТ ДЕМЕТРИЈ НА БРОНЗЕНИ ШТИТОВИ ОД „СТАРО БОНЧЕ“, КАЈ СЕЛОТО БОНЧЕ, ПРИЛЕПСКО

МАКЕДОНСКОТО СОНЦЕ И КРАЛОТ ДЕМЕТРИЈ НА БРОНЗЕНИ ШТИТОВИ ОД „СТАРО БОНЧЕ“, КАЈ СЕЛОТО БОНЧЕ, ПРИЛЕПС...

Култура и туризам

News image

ВРЕМЕ Е

Чедомир Б.Шопкиќ

Фељтон

News image

Александар Македонски (62)

ИЗГРАДБА НА БРОЈНИ ЗНАЧАЈНИ ХРАМОВИ ПОСВЕТЕНИ НА АНТИЧКОТО ВРЕМЕ

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.