Среда, 11 Јули 2018   
Маноил (Мане) Јаковлески – чувар на македонската вистина

mane-jakovleski-1

„МАКЕДОНСКИ ИСЕЛЕНИЧКИ МЕРИДИЈАНИ“ – ЕВРОПА (ЕВРОПСКА УНИЈА)

Името и делото на Маноил (Мане) Јаковлески е особено познато, признато и тесно поврзано со вистината за македонскиот народ и Македонија. Тој како македонски емигрант во Европа е еден од најзаслужните за формирањето и иднината на  партијата ВМРО- ДПМНЕ.

Мане Јаковлевски е еден од ветераните за движењето за ослободување и обединување на Македонија (ДООМ) уште од формирањето до денес и е поборник за напредокот и иднината на Македонија како самостојна, суверена и независна држава

Со својот портал „Македонска нација”, тој е поддржувач и продолжувач на првиот весник кај македонската емиграција во Европа „Македонска нација”, кој беше огледало на вистината  и на одбраната на етничка Македонија. Тој е истакнат бизнисмен и хуманист, духовен посветеник и горд припадник на својот библиски род и македонската земја. Таквата угледна бизнис-личност, вљубеник во македонскиот народ насекаде по светот и во својата татковина Македонија, секогаш го водела светата мисла да остави вечни траги за идните  генерации.

Мане Јаковлевски, без сомнение, е еден од економски успешните Македонци кој како повратник инвестира голем капитал во Република Македонија. Иако подолго време живееше во Берлин, Германија од своето емигрирање до денес тој е длабоко и силно поврзан со судбината, вистината и настаните во Македонија. Мане е Македонец по националност и православен христијанин по вера. Тој е еден од најголемите иницијатори и организатори на одбраната на македонското име. Мане е бранителот и афирматорот на историјата на етничка Македонија и честа на македонскиот народ во светот.

Животната приказна за Мане Јаковлески започнала во убавото гостиварско село Зубовце од каде тој заминал, но никогаш не ја заборавил својата Македонија. Затоа, повторно се врати во Македонија каде што го влечат корените и носталгијата.

selo-zubovce
Зубовце

Маноил (Мане) Јаковлески е роден на 1 февруари 1951 година, како осма рожба на  Рафка и татко Делче. Тој е роден во убавото Зубовце, во македонски простор каде што очите повеќе се отвораат од каде било на друго место во Полог. Тоа е едно од најпрекрасните локации во Полог, оддалечено од Гостивар само пет километри. Зубовце е сместено на подножјето на Шар Планина, помеѓу селата Дебреше (на југ) и Врапчиште (на север), во чија општина спаѓа и Зубовце. Се чини како причина на зголемената експанзија на албанското население, овие две села се речиси споени, каде живее исклучително македонско население.

Благодарение на Мане Јаковлески, зубовчани во дијаспората и месното население, денес Зубовце е во ново руво. Реновирана е црквата „Света Огнена Марија”, среден е пристапот до црквата, од двете страни на реката која минува низ селото, соѕидан е заштитен ѕид од камен и заедно со зелените површини на целиот простор му дава нов лик. Обликувани се тротоарите и на нив се поставени бекатон плочки, реконструирана е Зунината чешма, Рафкина чешма и спомен паркот, кој се наоѓа срéтсело. Затоа, често се вели дека Зубовце е ни село ни град.

Мане Јаковлески потекнува од патриотска фамилија, од печалбарско потекло. Така и тој ги продолжил преселничките процеси уште во 1969 година, кога на 18-годишна возраст заминува за Берлин. Ја напуштил Македонија, но носталгијата и љубовта кон дедовскиот праг не го оставиле на мир. Во Берлин започнал да работи во ресторанот „Ново Скопје”, сопственост на неговиот брат Гојко, а од 80-тите години на минатиот век раководел самостојно сè до неговото затворање.

Исто така, треба да се одбележи дека уште во 1991 година, Македонците во Берлин меѓу првите во Германија основаа црковна општина, а за патрон беше избран свети Климент Охридски, македонскиот светител, учител и просветител. Истата година беше избран и Црковен одбор на чело со Мане Јаковлески. Меѓутоа, тој има големи заслуги и во организирањето на Македонскиот клуб „Гоце Делчев” и Фудбалскиот клуб „ФК Македонија 1970”, а особено на формирањето на Македонската православна црковна општина „Свети Климент Охридски” во Берлин.

Инаку, Мане Јаковлевски контактирал со голем број политички емигранти во светот. Меѓутоа, постојано  бил во контакт со Драган Богдановски кој во тој период живеел во Париз. Богдановски го нарекувал „војвода Мане”. Тие двајцата како афирматори и бранители на етничка Македонија, покрај личните средби со Богдановски имале и опширна писмена кореспонденција преку која може да се видат неговите погледи за иднината на организацијата и, воопшто, на македонското иселеништво во светот. Во исто време Мане знаел низ какви искушенија минувал Богдановски и со какви тешки проблеми се соочувал, од неговото затворање, судење, издржување на казната, сè до неговата смрт.

mane-jakovleski-novo-skopje-berlin
Мане Јаковлески пред „Ново Скопје“ во Берлин

Мане Јаковлески жали што пречекот на Новата 2003 година бил крај на ресторанскиот бизнис на  „Ново Скопје”, во кој ја продолжил работата на неговиот постар брат Гојко. За престанувањето со работа на „Ново Скопје” жалат и голем број берлинчани кои биле редовни гости, потоа бројни Македонците кои живеле во Берлин и Германија, бидејќи за нив ресторанот бил повеќе од еден македонски дом, кој од почетокот до затворањето бил неформална македонска амбасада во светската метропола Берлин.

Во сите тие години Мане живееше со Македонија. Таа му беше и сон и јаве и вечна судбина. Затоа, во 2002 година се врати во Македонија и оттогаш живее на две локации – родното Зубовце и Скопје. По враќањето во татковината го отвори ресторанот „Ново Скопје-Берлин”, меѓутоа, сфаќа дека угостителството повеќе не го исполнува и одлучува заедно со синот Самоил да формира фарма за одгледување на ноеви и кози.

Фармата е составена од четири дрвени бараки, ѕидан објект во кој се наоѓа инкубатор, просторија за постинкубаторски третман за ноевите, простор за престој на стотина ноја стари до два месеца и други придружни објекти. По 15 месеци е направена селекција и се формирани првите семејства со ноеви, кои носат јајца. Преостанатите ноеви се гојат за производство на месо. Продажбата на пилињата, месото и кожата се особено привлечни на пазарите во странство. Имаат и своја веб-страница www. noevi. com.mk на која заинтересираните можат да добијат повеќе и различни информации од оваа интересна област.

sv-trifun-zubovce
На св. Трифун во Зубовце

Денес Мане Јаковлевски е именуван за претставник на Владата на Република Македонија во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија, каде му е неговото работно место. Тој таму врши голем број активности од различен карактер. Со еден збор Мане Јаковлевски е мостот меѓу Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите во Македонија и Владата на Република Македонија.

Инаку, Меморијалниот центар е мултимедијална асоцијација кој ја раскажува историјата на Евреите во Македонија. Тој е лоциран во таканареченото Еврејско Маало, кое претставувало центар на сите збиднувања на Евреите сè до нивното прогонување од Македонија. Камен-темелникот на објектот е поставен на 2 септември 2005 година, со поддршка на македонската Влада, а неговото официјално отворање се случи во 10 март 2011 година, 68 години по трагичниот настан за македонските Евреи откако бугарските окупаторски сили ги депортирале македонските Евреи во концентрациониот логор Треблинка.

Средствата за изградба на центарот беа обезбедени од повратот на имотите на Евреите од Македонија, кои ги загубиле животите во нацистичките логори и немаат никакви наследници. Ова беше овозможено преку донесувањето на Законот за реституција, која целосно беше завршена во декември 2007 година. Средствата беа раководени од страна на Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија, кој е и сопственик на објектот, каде се канцелариите на Јаковлевски.

Исто така, Мане е продолжувач на гласилото „Македонска нација”, кое се печатеше четириесеттина години и беше гласило на македонската емиграција. Денес како веб-портал „Македонска нација”, претставува вистинска нацонална трибина, во која учествуваат сите оние Македонци или Македонки, кои сакаат да работат за доброто и среќата на својата нација и Македонија.

makedonska-nacija-logo

makedonska-nacija-napis

Имено, на 17 јуни 2009 година беше возобновена „Македонска нација”, едно од првите демократски и емиграциски  гласила, кое не така одамна претставуваше единствен печатен медиум на Македонците надвор од сопствената држава. Како основоположник на македонската национална слободна мисла, новото електронско издание на „Македонска нација” продолжува со потрагата по вистината, толку потребна за одбрана на македонската национална кауза.

Денес, електронското издание на „Македонска нација”, со своите над пет илјади статии, претставува вистинска енциклопедија на македонскиот народ, а изнесената вистина која ја шири низ светот претставува вистински браник на македонската национална кауза.

Инаку, основач на веб-порталот „Македонска нација” од 17 јуни 2009 година и главен и одговорен уредник до денес е познатиот и признат патриот и доблесен Македонец, Мане (Маноил) Јаковлески, со своите соработници.

Како резултат на екипата која ја подготвува „Македонска нација”, меѓу кои е и авторот на овие редови Славе Катин, овој веб-портал е еден од водечките во Македонија во изминатиот период. Тоа е екипа која нема да отстапи од македонскиот патоказ, нема да престане да истражува и да ги расветлува страниците од македонската историја што биле табу теми, кои во минатото биле забранувани теми кои не се вклопувале во поранешните системи.

Покрај Мане Јаковлевски како основач на Веб-порталот, во него се вклучени: Горан Митевски, Киро Кипроски, Дејан Донев, Тихомир Каранфилов, Гордана Димовска, Јанко Томов, Емил Јакимовски и авторот на овие редови Славе Катин, како и надворешните соработници: Васил Стерјовски, Бранислав Саркањац, Панде Лазаревски, Виолета Сековска, Жаклина Трпевска, Тодор Петров, Жаклина Петровска, Александар Џеповски и Костадин Керпичоски.

Сите тие го прават Веб-порталот „Македонска нација” да биде македонски хроничар што ги бележи настаните и ја брани и ја чува македонската вистина и Македонија.

slave-katin-nova
Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Термините „Македонци“ и „Македонија“ му ги отстапивме на нашиот најголем угнетувач

Обликувај ги, освои ги, искорени ги – Културниот геноцид на Македонците

Историја

News image

Македонија не им припаѓа на соседите, таа им припаѓа на Македонците!

„Ние се обрнуваме до сите Македонци, без разлика на вера и раса, и ги колнеме да ги заборават своите...

Иселеници

News image

Маноил (Мане) Јаковлески – чувар на македонската вистина

Името и делото на Маноил (Мане) Јаковлески е особено позна...

Култура и туризам

News image

Во непосредна близина на Неготино врз темели на постара црква изграден е манастирот Св. Ѓорѓи

Во непосредна близина на Неготино источно од градот врз темели на постара црква изграден е манастиро...

Фељтон

News image

Александар Македонски (40)

И овој пат ќе нагласиме дека во изминатите и во наредните продолженија ќе се обидеме...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.