Среда, 18 Јули 2018   
Д-р Игор Јанев – бранител на името на Македонија

igor-janev-1

„МАКЕДОНСКИ ИСЕЛЕНИЧКИ МЕРИДИЈАНИ“ – ЕВРОПА (ЕВРОПСКА УНИЈА)

Меѓу големиот број Македонци со различно образование, занимање и постигнувања, во Белград живее и твори  д-р Игор Јанев, Тој е еден од оние доблесни Македонци кој својот живот го посветил на науката, на напредокот на новите генерации и на добрите односи меѓу Србија, каде тој е роден, и на Македонија, дедовската родна земја

Игор Јанев е еден од ретките Македонци што стигнал да биде член на Академскиот совет за системот на ОН и можеби единствениот експерт што од првиот ден ја брани тезата дека Македонија мора да го одбрани името во Генералното собрание на ОН, а не со медијатори, по судови или преку Советот за безбедност.

Порано и како вработен во македонското Министерство за надворешни работи, со специјални задачи поврзани само со проблемот за името, Јанев до крај остануваше доследен на предлогот дека Македонија мора да побара резолуција во Генералното собрание на ОН. Тој упорно се обидува да ги убеди сите дека тоа е најдоброто, а во случајов и најбрзото можно решение не за компромис, туку за одбрана на уставното име.

Игор Јанев е роден 1964 година во Белград, Србија, неговиот град, животот, љубовта, науката, напредокот. Докторирал на Правниот факултет во Скопје во 1994 година, а постдокторски студии завршил во Соединетите Американскии Држави (Вашингтон, Шарлотсвил и Медфорд - Харвард) во дисциплините на Меѓународната политика и Меѓународното право. Член е на неколку престижни меѓународни здруженија за Меѓународното право и меѓународните односи, меѓу кои се ASIL и ACUNS. Д-р Игор Јанев е член и на Њујоршката академија на науките (NYAS). Од 2000 година е вработен како научен советник во Институтот за политички науки во Белград, а во 2010 година ја добива и највисокота научна титула научен советник (во ранг на редовен професор на Универзитетот во Белград). Автор е на 18 книги и досега во разни списанија има објавено повеќе од 170 научни трудови од областа на дипломатијата и на меѓународното право.

belgrad
Белград

Во македонските историски движења е познато дека д-р Игор Јанев беше Специјален советник на министерот за надворешни работи во 2002 година. Во научните анализи од 1998 година за легалитетот при приемот на Македонија во ООН открил кршење на Повелбата на Обеднинетите нации. Овој исклучителен научен придонес е објавен во списанието со највисок научен рејтинг во правните науки American Journal of International Law. Ставовите на Игор Јанев ги презентираше и македонскиот претседател Георге Иванов на 67. генерално собрание на ОН во 2012. година, кога го искажа ставот дека при приемот на Македонија во ООН Република Македонија беше условена со два дополнителни услова надвор од пропишаните според Повелбата на ОН.

Имено, таквите услови, посебни за македонскиот прием, се спротивни на Повелбата на ОН (на член 4 од овој основен документ),според Советодавното мислење на Меѓународниот суд на правда (од Хаг) од 1948 година, во кој се искажува ставот дека за специфични услови надвор од општите пропишани во членот 4, во време лимитирани, не смее да се гласа во ОН, ниту таквите услови можат да бидат поставувани на кандидатот за прием. Ова Советодавно мислење на Меѓународниот суд на правда од 1948 година беше прифатено и од Генералното собрание на ООН истата година , како толкување на членот 4 на Повелбата.

По откривањето на кршењето на Повелбата на ОН при приемот на Република Македонија (РМ) со нелегалните дополнителни услови, Игор Јанев предложи стратегија за решавање на проблемот со името во ОН, која има два модалитета. Првиот модалитет подразбира дека уставното име се воспоставува со политичкиот приод преку Резолуција на Генералното собрание на ОН (ГСОН), каде поаѓајќи од Советодавното мислење на Меѓународниот суд од 1948 година, и од фактот дека Република Македонија ја поминала постапката во Советот на безбедност на ОН со искажан став, дека општите услови за прием се исполнети, треба да побара продолжување на македонското членство во ОН под уставното име Република Македонија.

 Имено, прифаќајќи ги ставовите на Меѓународниот суд од 1948 година, со простото мнозинство од присутните и кои гласаат во ГСОН (според модел од 1948.), Јанев покажа дека Македонија може да го продолжи членскиот статус во ОН под уставното име Република Македонија (заменувајќи ја референцата односно деноминацијата („The Former Yugoslav Republic of Macedonia“). Вториот модел е правната варијанта во која Јанев предлага еден меѓучекор, а тој е поставување прашање од ГСОН до Меѓународниот суд за правда, слично како во 1947 година, за тоа дали се специфични условите за прием на Македонија во ОН дополнителни во однос на пропишаните во Повелбата.

gson
Генералното собрание на Обединетите нации

По добивање на Советодавното мислење на Меѓународниот суд дека условите се дополнителни, односно дека референцата „The Former Yugoslav Republic of Macedonia “, и преговорите за името се нелегални, при прифаќањето на таквото мислење од Генералното собрание на ОН би било воведено во ОН и правото на Република Македонија да го користи своето уставно име (односно со Резолуцијатата на ГСОН членството би било продолжено со уставното име Република Македонија).

 Ставовите на Игор Јанев се прифатени во научната периодика во светските научни списанија. Покрај „American Journal of International Law“ (AJIL) ставовите на Јанев се објавени и во „Review of International Affairs, Political Review“ и во други меѓународни списанија.

Игор Јанев објавил повеќе од 170 научни трудови, пред сè во меѓународни списанија надвор од Македонија, како и 18 книги и монографии од областите на Меѓународната политика, надворешната политика и на Меѓународното право и организации. Негови дела се: „Сарадња Југославије са Унеском“, Факултет политичких наука, Београд, 1991. „Економските организации на Обединетите нации“, Правен факултет, Скопје, 1994., „Право и политика на специјализираните организации на Обединетите нации“, Александрија, Скопје, 1996. „Теорија међународних односа и спољне политике“, Плато, Београд, 1998. „Међународни односи и спољна политика“, Институт за политичке студије, Београд, 2002. „Уједињене нације и међународне финансијске и економске организације“, ИПС, Београд, 2004. „Културна дипломатија“, Институт за политичке студије, Београд, 2004. „Теорија међународне политике и дипломатије“, Институт за политичке студије, 2006. “Уставно право и политички систем Европске уније“, Институт за политичке студије, 2007. „Међународне организације и интеграције“, Институт за политичке студије, 2008. „Светска организација за интелектуалну својину“, Институт за политичке студије, 2009. „Статутарно уређење међународних организација“, Институт за политичке студије, 2009. „Међународни финансиски организации“, Александрија, Скопје, 2008. „Косово после проглашења независности“, ИМПП, 2008. „Односи Југославије са Унеском„, Институт за политичке студије, 2010. „Међународно право и међународни односи“, Институт за политичке студије, Београд, 2012. „Дипломатија“, Институт за политичке студије, Београд, 2013, и „Вовед во дипломатија“, АГМ, 2015.

rmmap

Исто така, д-р Игор Јанев има 94 трудови кои се листани на Google Scholar. Тоа, секако, претставува значаен придонес и афирмација на  македонската и на светската наука.

Тој е мошне присутен во медиумите во Македонија, во Србија и во други земји. Во врска со прашањето за името на Република Македонија, како професор  за политички студии и експерт за таа област и во врска со  оценката дека преговорите што ги води Метју Нимиц се влезени во ќор-сокак и дека тука веќе немаме што да бараме, тој, меѓу другото вели:

Кратко кажано, јасно е дека преговорите што ги води Метју Нимиц се влезени во ќор-сокак. Прво, како што гледаме од пресудата од Хаг донесена по тужбата на Република Македонија против Грција, ние според Резолуцијата на Советот за безбедност на ОН бр. 817 не РАЗГОВАРАМЕ, туку, како што се вели во неа, ПРЕГОВАРАМЕ за името (односно, на сите места во Пресудата се користи поимот „Talks“, а не „Negotiations“, или сличен израз). Само правно неуки квазиексперти сè уште сметаат дека ние РАЗГОВАРАМЕ, а не ПРЕГОВАРАМЕ за името! Преговорите што ги води Метју Нимиц се влезени во ќор-сокак бидејќи три аспекти не можат никогаш да се доближат во овие односи. Прво е местото на кое треба да стои зборот Република (пред или по дополнителната одредница Горна или, на пример, Северна), и заклучуваме дека овде никогаш нема да може да се постигне компромисот. Второ, опсегот Erga Omnes  за Грција е Conditio sine qua non (услов без кој не се може), а подразбира користење на компромисното име и во односите со сите 134 (или повеќе) држави што веќе не признале под уставното име, со државите и организациите надвор од ОН, како и користење во сопствениот правен поредок (лични документи, пасоши...).

Ова подразбира откажување од правото на самоопределување за сопствен правен идентитет (името е правен идентитет во меѓународната правна комуникација), и правото на немешање во строгата внатрешна јурисдикција на државата. Опсегот Erga Omnes, како што гледаме, е апсолутно невозможен услов за Македонија. И трето, Македонија е зачленета во ОН со два нелегални услова, генерирана е и ситуација, според која ѝ се овозможува на Грција да ја уценува Македонија и со поширок опсег на идентитетски прашања, кои Македонија никогаш не би можела да ги прифати, а тие се однесуваат на името, на историско-културниот идентитет и на името на народот и јазикот“.

Исто така, за враќањето на нашето знаме со шеснаесет крака, д-р Јанев вели; „Од бројни документи може да се заклучи дека правните повреди со името, направени од ОН, во најголема мерка се однесуваат и на државното знаме. Правото на државно знаме е инхерентно право, односно инхеретна способност, а мешање во ова право, односно избор на знамето не е дозволено, имајќи предвид дека поради опструкцијата на другите, новосоздадени држави, практично, засекогаш би биле во позиција да бидат скратени за ова право што е спротивно на принципите на недискриминација при претставување, неповредливоста на правната личност и конечно принципот на правната еднаквост на државите во меѓународно правно однесување (односно правна еднаквост на државите  членки во ОН)“, истакнува д-р Игор Јанев.

slave-katin-nova
Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Македонија е вечна, а власта не е!

Македонија е вечна, а власта не е! Народот ќе ви врати на следните претседателски избори

Историја

News image

МАКЕДОНСКОТО СОНЦЕ И КРАЛОТ ДЕМЕТРИЈ НА БРОНЗЕНИ ШТИТОВИ ОД „СТАРО БОНЧЕ“, КАЈ СЕЛОТО БОНЧЕ, ПРИЛЕПСКО

МАКЕДОНСКОТО СОНЦЕ И КРАЛОТ ДЕМЕТРИЈ НА БРОНЗЕНИ ШТИТОВИ ОД „СТАРО БОНЧЕ“, КАЈ СЕЛОТО БОНЧЕ, ПРИЛЕПС...

Култура и туризам

News image

ВРЕМЕ Е

Чедомир Б.Шопкиќ

Фељтон

News image

Александар Македонски (62)

ИЗГРАДБА НА БРОЈНИ ЗНАЧАЈНИ ХРАМОВИ ПОСВЕТЕНИ НА АНТИЧКОТО ВРЕМЕ

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.