Среда, 22 Август 2018   
Исмаил Бојда – чувар на вистината за Македонците со муслиманска вероисповед

ismail-bojda-1

„МАКЕДОНСКИ ИСЕЛЕНИЧКИ МЕРИДИЈАНИ“ – ЕВРОПА (ЕВРОПСКА УНИЈА)

Исмаил Бојда е продолжувач на македонските национални и културни вредности на Македонците со исламска вероисповед на Косово, во Албанија, во Република Турција и во Република Македонија. Тој е и беспоштеден борец за правата на Македонците со муслиманска вероисповед насекаде во светот

Исмаил Бојда е личноста која се грижи исклучително за зачувување на националниот идентитет, традициите и обичаите кај Македонците муслимани насекаде во светот. Тој е еден од најпознатите и најактивните Македонци од Гора кој живее во Република Македонија. Всушност, Бојда е продолжувач на делото на професор д-р Нијази Лиманоски и поетот Саме Лимани Жарноски, кои беа чувари и бранители на Македонците со муслиманска вероисповед и на Сојузот на Македонците со исламска религија, на кој тој е претседател.

Инаку, во биографските податоци на Исмаил Бојда се вели дека тој е роден на 6.10.1954 година, во селото Брод, Општина Драгаш, Автономна Република Косово и Метохија, (денес Република Косово), од татко Имер и мајка Атмана родена Маслар. Има завршено средно техничко училиште - машински смер во Скопје, како и две години Виша машинска школа. Работниот век го поминал во „Рудници и Железарница“ во Скопје, и тоа од 1974 до 2002 година, кога и се пензионирал.

Бил одговорен и послушен во својата работа во Централната електроработилница како работоводител, технолог по машински делови и како раководител на машинска група.

Според Бојда, Македонците со исламска вероисповед денес претставуваат значителен дел од македонската нација. Овие Македонци не живеат само во Република Македонија, туку и во многу други земји. Голем дел од нив живеат во областа Гора на Косово, а повеќе десетици илјади, како македонско национално малцинство, живеат во Албанија (претежно во областа Голо Брдо). Десетици илјади Македонци муслимани живеат и во Турција и до денес мнозина од нив се свесни за своето македонско етничко потекло. Од тука јасно се гледа дека Македон-

ците муслимани се составен и нераскинлив дел на денешната македонска нација.

Треба да се потенцира дека верата и нацијата се два дијаметрално различни поими, кои никако не смеат да се идентификуваат. Националната припадност се добива уште од раѓањето, додека човек во текот на својот живот по своја волја може да промени колку што сака вероисповеди.

brod-kosovo
Брод во Косово

Таков е случајот на претставникот на Македонците муслимани Исмаил Бојда, кој со право вели дека денес, на пример, етничките Германци, кои припаѓаат на повеќе вероисповеди (христијани, муслимани, будисти и сл.), тие етнички (национално) цел живот ќе си останат Германци. Така е и со Македонците. Тоа што некои Македонци, поради различни причини, припаѓаат на разни вероисповеди никако не значи дека тие, со промената на вероисповедта,

автоматски си ја смениле и националната припадност.

Од 1994 година Исмаил Бојда еименуван за претседател на Културно научната манифестација на Македонците муслимани. Таа е една од владините непартискасамородна асоцијација која се грижи.

Инаку, Македонците муслимани, чии предци порано биле христијани, од едни или од други причини преминале и го примиле исламот. Тоа е потполно исто со она што и денес се случува, кога бројни етнички Македонци од православието преминуваат во будизмот, во движењето Харе Кришна, во протестантството, во адвентизмот, во пентакосталната црква, во верската заедница на јеховините сведоци и слично, а не е мал и бројот на Македонци - атеисти, кои не припаѓаат во ниту една верска заедница и кои не веруваат во Бога. Конечно, и христијанството кај Македонците (но и кај другите народи) своевремено го заменило паганството што пред тоа го имале како своја вероисповед. Овој е сосема нормален процес и истиот се среќава кај сите народи во светот.

Исмаил Бојда како претседател на Републичката заедница на Македонците муслимани е еден од тие Македонци кои семејно ја сменил својата религија. Тој е роден во Брод, Гора. Оженет е со Мабера Бојда, родена Муше и во бракот имаат три деца: две машки и едно женско - полнолетни омажени и оженети, а имаат седум внучина и едно правнуче.

Инаку, според Бојда, со преоѓањето во исламот етничките Македонци си продолжиле да си бидат тоа што и се - етнички Македонци. Си продолжиле да си го зборуваат мајчиниот македонски јазик (како единствен што го знаеле), си продолжиле да ги негуваат македонските традиции, фолклорот, обичаите, само што, наместо в црква, своите верски потреби почнале да си ги задоволуваат во џамија.

goranska-svadba
Горанска свадба

Македонскиот јазик, традицијата и културата од минатото тие им ги пренесувале и на своите деца (кои, поради сменетата вероисповед, веќе почнале да добиваат лични имиња во склад со исламската традиција), а тие потоа сето тоа го пренесуваат на своите деца и така натаму – сé до денешните Македонци муслимани, кои (барем оние кои живеат во Република Македонија), исто како и нивните предци, воопшто не знаат ни да зборуваат на друг јазик, освен на мајчиниот, македонски јазик.

Впрочем, и денес сме сведоци на фактот дека одреден број Македонци доброволно пристапуваат кон разни верски заедници и секти, а тоа, секако, не значи и дека тие автоматски си ја менуваат и нацијата. Поради ова, според Бојда, терминот „потурчување“ е целосно погрешен, бидејќи денес во исламот има милиони верници, кои не се Турци. Да се земе, на пример, некој денешен етнички Македонец, кој ќе пристапи кон некоја индиска секта.

Зарем тој преку ноќ ќе стане Индус и зарем преку ноќ ќе го заборави мајчиниот македонски јазик и наеднаш ќе почне да зборува хинду?

Секако дека е бесмислено и да се претпостави такво нешто. Според Исмаил Бојда, односниот Македонец може само да си го смени крстеното име со некое индиско име во склад со традицијата и правилата на сектата кон која пристапил и чии начела ги прифатил. Тоа што се случува денес со Македонците, кои преминуваат во разни верски заедници и секти (менувајќи си го само името и по некоја навика во животот) е потполно истото со она што се случувало во почетокот на XIX век (но и порано), кога одреден број тогашни Македонци преминале во исламот (менувајќи си го само името и вероисповедта). Нивните потомци денес се нашите крвни браќа, Македонците муслимани.

Инаку, етничкото потекло на жителите од областа Гора, која се наоѓа во Косово, од каде е и Исмаил Бојда е македонско. Жителите од оваа област денес се присутни во речиси секој поголем град на Република Македонија. Тие не само што зборуваат на чист македонски јазик, туку и мнозина од нив себеси се декларираат како Македонци. Меѓутоа, пошироката јавност многу малку е информирана за нивниот роден крај Гора.

Исмаил Бојда вели дека областа Гора денес во најголем дел се наоѓа во Косово. Таа се наоѓа меѓу сегашните граници на Република Македонија и Албанија, иако неколку села, кои етнички и културно припаѓаат во Гора, останале и во Албанија. Населението на Гора се етнички Македонци муслимани, а најголем доказ за тоа е чистиот македонски јазик што го зборуваат тие (иако практично никогаш не живееле во границите на Македонија, како би биле „натерани“ да го зборуваат македонскиот јазик). Како второ, овде се и нивните обичаи.

makedonski-muslimani
Игри и носија на Македонците со муслиманска вероисповед

Така, на пример, адетите за свадбата од големото горанско село Брод се речиси идентични со адетите на познатата Галичка свадба во Република Македонија. Интересно е и тоа што во Гора и денес се слават неколку православни празници, иако Гораните се муслимани. Така, на пример, најголем празник во оваа област е празникот Ѓурѓовден, а масовно се слават и Божиќ и Благовец.

Исмаил Бојда вели дека денес Брод, неговиот роден крај е пријатно место за одмор и живеење. Во него има продавници, слаткарници, бурекџилници, ресто- рани и еден хотел, како и неколку патеки за скијање што ги опслужува еден скилифт. На јужниот дел на Брод, движејќи се по тесен макадамски пат и покрај една од трите реки, се стигнува до прекрасен предел за одмор и рекреација, кај еден ресторан. Таму е и вилата на некогашниот претседател на СФРЈ, Тито, кој често доаѓал во неа со високи функционери. Скијачките терени ги користат скијачи од сите краеви, дури и од европските земји. Затоа, за Брод се слуша и како за скијачки центар.

Инаку, Бојда информира дека во денешната косовска област Гора има осумнаесет села. Она што претставува куриозитет во овој регион е тоа што овие села биле, речиси, етнички чисти, македонски. Но, во последно време се забележани обиди за албанизирање на Гора. Во две села на Гора (Рестелица и Кукаљане).

Гораните, главно, се декларираат по националност како муслимани. Другите се предвоени. Од една страна, иако зборуваат македонски јазик, поради слабите врски со Република Македонија не можат (или не смеат) да се декларираат како Македонци. Од друга страна, пак, не можат да се декларираат ни како Срби, иако врз нив се вршеше силен притисок од српските власти. Затоа голем дел од нив (барем до пред војната во Косово) себеси се декларираа како Југословени, за да не бидат ни Срби, ни Македонци. Гораните, пак, кои живеат во Република Македонија, чиј број воопшто не е мал, се декларираат како Македонци.

Според кажувањата, пак, на Зејнул Моукоч чие потекло е родното место на Исмаил Бојда, селото Брод, со кого авторот на овие редови се сретнал во Истанбул, (за кој објавил репортажа во списанието „Македонија“ бр. 592 (февруари 2001, под наслов „Сонцето од Кутлеш во древниот Станбол“) има околу 12.000 Македонци од Драгош и околината. Тој информира дека тие биле пуштени сами на себе и се собираат само на свадби, крштевки, сунети и други пригоди. Првите Горанци дошле во Истанбул по Балканските војни, а од педесеттите години со масовното доаѓање на голем број муслимани од Балканот во Турција, тој број значително се зголемил.

Инаку Горанците во Истанбул се познати по тоа што прават свадби кои траат седум дена, на кои покрај турските се пеат и македонски песни, се слават старите традиции, обичаи и сé она што тие го донеле од Гора, од Македонија.

slave-katin-nova
Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги усвои победничките листи за парламентарните избори

  Муцунски: Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги усвои победничките листи за парламентарните...

Историја

News image

Гоце Делчев неприкосновен лидер на македонската револуционерна борба

Општонародниот водач на македонската ослободителна борба Гоце Делчев е роден на 4 февруари 1872 годи...

Иселеници

News image

НАЈГОЛЕМО ПРИЗНАНИЕ ЗА АНСАМБЛОТ „Томов“ И ЗА ГЕОРГИ (ЏОРЏ) ТОМОВ (19)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ТОМОВ“  НА СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

News image

Велигденски пост

Првичната цел на предвелигденскиот пост била насочена кон огласените, кои се припремале да бидат крс...

Фељтон

News image

АКТИВНОСТИ НА ФОНДАЦИЈАТА ПО СМРТТА НА АТАНАС БЛИЗНАКОВ – (ДЕЛ II) (25)

ДЕЛ ОД ЖИВОТОТ НА АТАНАС БЛИЗНАЈОВ ВО МОНОГРАФИИТЕ НА СЛАВЕ КАТИН

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.