Среда, 22 Август 2018   
Ѓорѓија Џорџ Атанасоски - најголемиот инвеститор од македонското иселеништво (7)

dzordz7-1

МАКЕДОНИЈА Е ВЕЧНА – ТАА Е КРСТОСНИЦА НА СВЕТОТ

Ѓорѓија-Џорџ Атанасоски нагласиува дека векот кој измина ни се случија Илинден и Крушевската Република, но ни се случија и Балканските војни кога нè разделија. Меѓутоа, Втората светска војна, на Македонија ù го донесе вториот Илинден и АСНОМ, како и одлуките за остварување на вековните стремежи на илјадниците македонски синови – создавање на македонска држава за прв пат во вековната историја. Ни се случи и третиот Илинден кога Македонија стана независна самостојна држава. Затоа, според бизнисменот Ѓорѓија-Џорџ Атанасоски Македонија им припаѓа на Македонците каде и да се на оваа планета

Бизнисменот Ѓорѓија-Џорџ Атанасоски живее и твори во САД, меѓутоа тој е со душата и срцето во Македонија. Негова преокупација е родната земја. Во овие четириесетина години на распетие меѓу САД и Македонија тој се покажал и докажал како вистински бизнисмен и патриот кон двете татковини.

Џорџ Атанасоски особено го почитува и се радува на историскиот развој на Македонија. Така, по повод 60-годишнината од осамостојувањето на Република Македонија, во 2003 година, ќе го напише следниот текст:

„Во славното Крушево на Мечкин Камен уште еднаш ќе екне песната на македонскиот

непокор. Гордо славиме 60 години – Република Македонија, 101 година од Илинденското востание, 2342 години од историската решавачка битка кај Херонеја кога била воспоставена македонската хегемонија над елинскиот свет и 2360 години од раѓањето на Александар Македонски. Многу значајни јубилеи – повод за големо славење. Но, повторно темните орли нè надлетуваат, создавајќи немир меѓу македонскиот народ. Договорот за територијалната поделба на Република Македонија повторно создаде духови на неспокој. Се растревожи македонскиот народ и го крена својот глас. Ние сме нација на непокорот, тоа историјата го потврдува“.

dzordz7-2
Мечкин камен

Во понатамошното излагање Ѓорѓија-Џорџ Атанасоски нагласи дека векот кој измина ни се случија Илинден и Крушевската Република, но ни се случија и Балканските војни кога нè разделија. „Таа поделба, истите тие што ја направија, ја потврдија и по Првата светска војна и таквата состојба остана и до ден-денес. На македонскиот народ му се случија крвавите пресметки во 20-тите и во 30-тите години на минатиот век, кога беа ликвидирани најголемите синови на Македонија. Најголемата катастрофа на XX век, Втората светска војна, на Македонија ù го донесе вториот Илинден и АСНОМ и одлуките за остварување на вековните стремежи на илјадниците македонски синови – создавање на македонска држава за прв пат во вековната историја.

Тоа не беше резултат на добрата волја или подарок од некого, туку беше резултат на борбата и жртвите кои македонскиот народ ги заложи во антифашистичката војна. Конечно, во овој век нам ни се случи и третиот Илинден, односно независна и самостојна Република Македонија, која постои и покрај многуте премрежиња, градејќи го својот независен демократски развој.“

Ѓорѓија-Џорџ Атанасоски вели дека крстопат на светот е Македонија и продолжува: „Каде и да одиш, повторно се враќаш во нејзините прегратки, на нејзините корени. А македонските корени се длабоки и мистериозни. Тие им припаѓаат само на Македонците! На оние кои први зачекорија на оваа земја, на оние кои први им подарија писменост и духовност на европските народи! Но, судбината сакаше токму Македонија да го чекори трновитиот пат, да коленичи и да моли, да ги боледува туѓите лудила и идеологии. Но, токму тие искушенија ги калеја Македонија и Македонците достојно и смело да чекорат и херојски да гинат!“

dzordz7-3
Манастирот Св. Прохор Пчински

„Сме постоеле и ќе опстоиме – запишано е во нашите гени. Поседуваме богато духовно, историско и политичко наследство, кое им пречеше на балканските земји и на големите европски сили.

Културното богатство на Македонија е непроценливо. Македонија е волшебна земја за археологијата. Сè уште недоволно истражена, таа е предизвик на иднината. Од Македонија потекнуваат и глаголицата и кирилицата, азбуката, којашто во IX век ја осмислиле Македонците од Солун, браќата Кирил и Методиј, а нивните ученици на чело со Климент и Наум ја рашириле и го описмениле неписменото население на Балканот и пошироко.

Денес, врз основата на старомакедонскиот јазик, се оформиле повеќе светски јазики. Стотици манастири и цркви, насликани со живописни фрески, насликувајќи го секојдневниот живот во Македонија, потекнуваат токму од овој период.

Една стара поговорка вели: „Кога ќе одиш низ Македонија, немој ниту да пееш, ниту да играш, зашто и ќе те натпеат и ќе те надиграат.“ Македонија има непроценливо музичко наследство. Народната музика се пренесувала од генерација на генерација и во нејзината содржина се испреплетени сите аспекти од секојдневниот живот, заедно со обичаите, традицијата, верувањата...

Исто така, бизнисменот Ѓорѓија-Џорџ Атанасоски вели: „Македонија им припаѓа на Македонците каде и да се на оваа планета. Да ја зачуваме, славиме и градиме, бидејќи таа е единствена и наша. Нека ни се вечни и свети македонските Илиндени!“

Продолжува

slave-katin-nova2
Пишува; СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Неизбежноста на #2та Глобална Опција на Русија и Кина на Балканот и во Македонија

Неизбежноста на #2та Глобална Опција на Русија и Кина на Балканот и во Македонија

Историја

News image

Привремена влада на Македонија – Единство создадена 1880 г.

Привремената влада на Македонија - Единство е политичка институција на народот во Македонија. Владат...

Иселеници

News image

ВОЛИНЦИ ЈА ОДРЖАА ХУМАНИТАРНАТА ВЕЧЕР

Во саботата, на 10-ти ноември, во прекрасните простории од...

Култура и туризам

News image

ИМПРЕСИВНИ ЦРТЕЖИ НА КАРПАТА „ЦРВЕНИЦА“ КАЈ СЕЛОТО ЛОПАТИЦА, ПРИЛЕПСКО

На околу 1 км западно од селото Лопатица, Прилепско, во подножјето на Селечка Планина, јужно од врво...

Фељтон

News image

Александар Македонски (58)

Во наредните продолженија ќе се обидеме преку порталот „Македонска нација“ да го п...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.