Среда, 24 Октомври 2018   
Сиднеј: 40-годишниот јубилеј на „Григор Прличев“ одбележан со новото литературно дело „Ѕуница“

dzunica1

Антологијата „Ѕуница“ е отпечатена по повод 40-годишниот јубилеј, на Друштвото „Григор Прличев“ од Сиднеј, Австралија, кое е формирано на 31 март 1978 година  и е една од најзначајните и долговечни културни асоцијации на македонствување во светот. Тоа има за цел да ги зближи и соедини македонските доселеници во Австралија, кои потекнуваат од сите делови на Македонија и кои активно создаваат литературни творби

По повод 40-годишниот јубилеј на Македонското литературното друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј, Австралија излезе од печат антологијата под наслов „Ѕуница“ (Виножито), која содржи поетски дела на 25 македонски иселеници кои во слободното време се занимаваат со пишаниот збор, преку кој ја изразуваат силната љубов кон македонскиот јазик и кон својата дедовска земја – Македонија. Таа пред љубопитството на читателите донесува вистинско богатство од теми и мотиви, човечки и творечки идеи и идеали, разнородни поетики и естетски вредности.

 За антологијата Ѕуница“, која е отпечатена по повод 40-годишниот јубилеј, на членовите на Друштвото им беше понудено да земат учество со по десет песни. За учество се пријавија и се застапени 20 поети, плус се застапени пет починати поети со  по една песна. Списокот на авторите е следниот:  Ристо Галевски, Бранко Наумовски, Иван Трпоски, Перо Дамчевски – Коцин, Гроздан Јовановски, Крсте Наумовски – Мечкар, Јорде Петровски, Горјан Маслинкоски, Љубица Поповска, Лилјана Тошеска, Наум Трајчески. Марија Арександрова, Душан Ристевски, Наум Пауноски, Виктор Бивел, Димче Џајкоски, Ленче Целакоска – Клекачкоска, Жаклина Михајлова, Славица Ристеска, Гордана Димовска, Јован Кокаловски, Вукосава Донева – Варколи, Никола Стоилковски, Спасе Трпоски и Нада Иванова.

На крајот од антологијата е поместен пригодниот текст на македонски и на англиски јази, во превод на Ристо Стефов, под наслов Ѕуница меѓу два далечни брега“ од Васил Тоциновски, во кој, меѓу другото, се вели дека Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ во Сиднеј, Австралија е една од најзначајните и долговечни културни асоцијации на македонствување во светот. Со единствената и возвишена одговорност пред пишаниот збор тие се македонска вековнина, идентитет и непокор, традиција и континуитет. Антологијата Ѕуница“   е колективен труд што ги одбележува четирите десетолетија од втемелувањето на Друштвото чии етички и естетски вредности се значаен и непобитен историски аргумент. А пред него молчат и боговите, мудро прорекол народот. 

Инаку, Македонското литературно друштво „Григор Прличев” е формирано на 31 март 1978 година со цел да ги зближи и соедини македонските доселеници во Австралија, кои потекнуваат од сите делови на Македонија и кои активно создаваат литературни творби; го чуваат и го негуваат македонскиот литературен јазик и македонската литература. За остварување на овие цели Друштвото превзеде разновидни активности, како организирање на културно-литературни средби, семинари, наградни конкурси за „Прличева награда”, издавање на списанието „Повод”, формирање Библиотека со читална и архивски оддел и издавање книги од самите членови пишувани на македонски и на англиски јазик.

dzunica2
Дел од членовите на Друштвото

За последните четириесет години Друштвото успешно секоја година ги одржува наградните конкурси за поезија и раскази како за возрасни така и за деца преку кои ги потикнува поетите и раскажувачите да творат; секоја година организира по неколку поетско-литературни средби за одбележување на годишнината на Друштвото како и за македонските национални денови „Илинден”, годишнините поврзани  со поетот Григор Прличев и со апостолот Гоце Делчев, како и промовирање книги.

За одбележување е тоа што Друштвото беше активно вклучено трипати во координирање на Деновите на македонската култура во државата Нов Јужен Велс и двапати одржа Македонски филмски фестивал. Друштвото исто така успешно го издаваше своето списание „Повод” од кое се издадоа 54 броеви до 1990  година и 78 наслови на книги од различни жанрови на македонски и англиски јазик од самите членови.

Во Библиотеката, која е единствена од ваков вид во дијаспората, има повеќе од шест илјади наслови и истата поседува богат архив со материјали и изданија од македонската заедница во Австралија. Во Друштвото и Библиотеката членуваат 320 редовни членови. Друштвото има соработници од повеќе градови во Австралија и во истото членуваат и извесен број почесните членови: Матеја Матевски, Славко Јаневски, Ѓорѓи Сталев, Блаже Конески, Илија Чашуле, Томас Шапкот, Реџинал Де Бреј, Стојан Ристески, Науме Радически, Анте Поповски, Славе Ѓорго Димоски, Разме Кумбароски, Блаже Ристовски, Јован Кокаловски, Александар Донски, Иван Трпоски, Душан Ристевски, Панде Манојлов, Раде Сиљан, Фиданка Танаскова, Трајче Кацаров, Славе Катин, Мартин Треневски, Ристо Стефов и Васил Тоциновски.

Друштвото од самиот почеток активно беше вклучено во борбата за зачувување на македонскиот идентитет, јазикот, културата и историските постигнувања на Македонците. Друштвото даде иницијативи, во зависност од потребите на заедницата, да се формира Шаховска асоцијација, Драмска асоцијација за млади, Комитет за човекови права, Дебатен клуб, Клуб на ликовни уметници, Служба за социјална грижа, Социјално друштво за жени, Училишта по македонски јазик и Театар.

Друштвото беше активно вклучено во организирање собири и протести и издавање повелби и резолуции за зачувување на македонскиот идентитет и нација и во борбата против шовинистичките држави кои го негираат постоењето на Македонците кои живеат во поробените делови на Македонија, како и до македонските влади кои за последните две и пол децени од независноста на Република Македонија многу малку придонесуваат за обединетоста на Македонците и зачувување на нашиот идентитет.

Се надеваме дека Македонското литературното друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј,  со членовите ќе продолжат преку својата креативност да го негуваат македонскиот литературен јазик, македонскиот идентитет и културно-историските постигнувања на Македонците насекаде во светот.

slave-katin-444
Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

ПОРАНЕШНИОТ ПРЕМИЕР НА МАКЕДОНИЈА НИКОЛА ГРУЕВСКИ ЌЕ ТРГНЕ ВО ЖЕСТОКА КОНТРА ОФАНЗИВА

ПОРАНЕШНИОТ ПРЕМИЕР НА МАКЕДОНИЈА НИКОЛА ГРУЕВСКИ ЌЕ ТРГНЕ ВО ЖЕСТОКА КОНТРА ОФАНЗИВА

Историја

News image

Привремена влада на Македонија – Единство создадена 1880 г.

Привремената влада на Македонија - Единство е политичка институција на народот во Македонија. Владат...

Иселеници

News image

ВОЛИНЦИ ЈА ОДРЖАА ХУМАНИТАРНАТА ВЕЧЕР

Во саботата, на 10-ти ноември, во прекрасните простории од...

Култура и туризам

News image

ИМПРЕСИВНИ ЦРТЕЖИ НА КАРПАТА „ЦРВЕНИЦА“ КАЈ СЕЛОТО ЛОПАТИЦА, ПРИЛЕПСКО

На околу 1 км западно од селото Лопатица, Прилепско, во подножјето на Селечка Планина, јужно од врво...

Фељтон

News image

Александар Македонски (58)

Во наредните продолженија ќе се обидеме преку порталот „Македонска нација“ да го п...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.