Понеделник, 29 Октомври 2018   
Ударот е голем, шокот исто така , ама во “најтешките моменти се наоѓат јунаците”

44Соопштение на Глобалната Македонска Дијаспора

Во овие клучни и решавачки моменти за Македонија , гласот и пораката на македонската дијаспора се неминовни и толку очекувани . Навистина се очекувани поради самиот факт што досега скоро повеќето активности на протести во државата се иницирани и финансиски подржувани токму од неа а и имиџот и е непартиски и македонски. Со последните парламентарни случувања се здобивме со силен емоционален шок но и една светлина се појави во расветлувањето на предавничката гарнитура на Македонија. Ударот е голем, шокот исто така , ама во “најтешките моменти се наоѓат јунаците” и оптимизмот мора да превладува .

Бидејќи престојат повеќе фази во уставната промена во собранието, потребно е уште двотретинско мнозинство за усвојување на промените со амандманите и законите. Значи тој процес ќе трае и се остава малку време за наша консолидација и барање солуција за реализирање на нашата македонска цел. По сите европски и светски искуства , легитимноста се црпи од народот и за народот , а пратениците само ја пренесуваат и реализират неговата волја. Тоа што се случува во Македонија е надвор од секаква демократска и парламентарна рационалност, бидејќи се работи по директиви од Калето а не од народот .

Тој што треба да биде водилка на процесите , тој ќе треба и да го покаже својот револт на узурпацијата на неговата волја. Со еден збор, солуцијата е собирање народ на улица и пред парламент и тоа многу народ. Последните случувања во Романија и Ерменија тоа го и покажаа кога три дена народот пред владата успеа да ги отргне од нивната замисла. Само тој е легитимен во овој случај знаејќи ја природата на “македонската”политичка корумпирана гарнитура актуелно.

1.Поради ургентноста на ситуацијата, во најкраток рок е неминовно собирање народ кој ќе остане со денови до пад на хунтата и конечна победа .Тоа ќе може да се постигне со обновување на акцијата по примерот на “Македонија бојкотира”, каде скоро 80 организации и повеќе други движења успеа да го мотивираат народот за бојкот на референдумот , наспроти енормната владина и надворешна пропаганда .

2. Иницирање на заеднички состанок на сите овие про македонски сили и здружено и координирано да се поведе народот на улица и бојкот на институциите . Иницијатор на тоа зближување ќе треба да потикне од страна на про македонските сили во Македонија како и од дијаспората, како чинител кој неуморно и чисто непартиски работи за Македонија .

Заради успешна реализација на иницијативата, неминовна е првична согласност на сите потписници за основните постулати во одбраната на државата: – непартиско дејствување и еднаквост во донесувањето на мерките. -Поништување на договорот со Грција; – Поништување на сите други договори и платформи донесени од сегашнава анти македонска влада; – пад на истата ова влада и создавање на услови на формирање на привремена техничка влада која ќе ги подготви наредните предвремени парламентарни избори. Заедничкото прифаќање на предложениве точки е неопходно поради идеолошките разлики на организациите и партиите , кои ќе можат да дојдат до израз во втора етапа и на наредни избори. Се надеваме дека предложената иницијатива која доаѓа во нај критичниот момент за судбината на Македонија и македонскиот народ, ќе биде сестрано прифатена и во нај краток рок и реализирана од страна на сите про македонски сили.

Со почит,
Координативно тело на македонската дијаспора за протести од Европа, Канада и Австралија.

27 Октомври 2018 ,Торонто Канада

https://www.svest.mk/soopshtenie-na-globalnata-makedonska-dijaspora/?fbclid=IwAR3t8zNz0sjEZYevSh0gSjwfnC5tWS5wAvyuvHQeZoqRyxdaAe2DikPX_4Y

 

Историја

News image

Крстоносците од Првиот крстоносен поход во Македонија

Крстоносците од Првиот крстоносен поход во Македонија

Иселеници

News image

ПРЕМИЕРНО ПРИКАЖУВАЊЕ НА ФИЛМОТ „РУГАЊЕ СО ХРИСТОС“ ВО ТОРОНТО

ПРЕМИЕРНО ПРИКАЖУВАЊЕ НА ФИЛМОТ „РУГАЊЕ СО ХРИСТОС“ ВО Т...

Култура и туризам

News image

ЕСМА РЕЏЕПОВА – ТЕОДОСИЕВСКА – КРАЛИЦАТА НА РОМСКАТА ПЕСНА (16)

ЕСМА РЕЏЕПОВА ВО ЕМИСИЈАТА „МИКРОФОНОТ Е ВАШ“ И ПОТОА

Фељтон

News image

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ (2)

ГЕОГРАФСКИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА БАЛКАНОТ

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.