Среда, 07 Ноември 2018   
ОМД: Ултимативните договори и уставните интервенции не се начин на политичко помирување

ustavni-intervencii

Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД), децидно ги отфрла уставните амандмани произлезени од Преспанскиот Договор и најостро го осудува незаконското разнебитување на македонскиот устав и држава.

Повторното актуелизирање на Охридскиот Договор и покрај неговото целосно имплементирање во 2004 година, ОМД смета дека е обид за создавање на бинационална држава во момент на безаконие и политичко самоволие. Следствено, концептот на бинационално општество што привилегира едно малцинство, ОМД верува дека е неправедно кон другите етнички малцинства и дијаметрално спротивно на предизборното залагање “едно општество за сите”.

Бришењето на одлуките на АСНОМ во преамбулата на Уставот, ОМД смета дека е манипулативен акт кој овозможува редефинирање на државотворноста на Република Македонија, со што се формира фиктивна држава и нација лишена од правото на историја и сувереност. Безправното бришење на одлуките на АСНОМ, кои иако евидентирани во македонскиот архив и колективна меморија, според премиерот Заев “не се чин на пријателство”, ОМД смета дека е злосторство кон сопствениот народ по цена на пријателство со непријателот. 

ОМД категорично ја отфрла идејата на ултимативни договори и интервенции во Уставот и историјата на Република Македонија како единствен начин на “помирување” со Грција. Помирувањето на Франција и Германија после двете светски војни е пример како два ривали можат да ги надминат своите разлики преку конструктивен дијалог и стратешка соработка кој не подразбира уништување на државотворноста на другата страна. Оттука, ОМД верува дека помирување е можно единствено преку прифаќање на историските факти, извинување за злосторствата од минатото и стратешко партнерство кон иднината. 

Бришењето на македонската државотворност и историја не е само загуба за Република Македонија и македонскиот народ, туку e и загуба за светската цивилизација.

 

На прво место

News image

ПОРАНЕШНИОТ ПРЕМИЕР НА МАКЕДОНИЈА НИКОЛА ГРУЕВСКИ ЌЕ ТРГНЕ ВО ЖЕСТОКА КОНТРА ОФАНЗИВА

ПОРАНЕШНИОТ ПРЕМИЕР НА МАКЕДОНИЈА НИКОЛА ГРУЕВСКИ ЌЕ ТРГНЕ ВО ЖЕСТОКА КОНТРА ОФАНЗИВА

Историја

News image

Привремена влада на Македонија – Единство создадена 1880 г.

Привремената влада на Македонија - Единство е политичка институција на народот во Македонија. Владат...

Иселеници

News image

ВОЛИНЦИ ЈА ОДРЖАА ХУМАНИТАРНАТА ВЕЧЕР

Во саботата, на 10-ти ноември, во прекрасните простории од...

Култура и туризам

News image

ИМПРЕСИВНИ ЦРТЕЖИ НА КАРПАТА „ЦРВЕНИЦА“ КАЈ СЕЛОТО ЛОПАТИЦА, ПРИЛЕПСКО

На околу 1 км западно од селото Лопатица, Прилепско, во подножјето на Селечка Планина, јужно од врво...

Фељтон

News image

Александар Македонски (58)

Во наредните продолженија ќе се обидеме преку порталот „Македонска нација“ да го п...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.