Среда, 28 Ноември 2018   
Мои погледи КОН ДРАМАТА „ПОСЛЕДНИОТ МАКЕДОНЕЦ“

6 1Мои погледи КОН ДРАМАТА „ПОСЛЕДНИОТ МАКЕДОНЕЦ“

Деновиве започна со прикажување на големото драмско дело „Последниот Македонец“ од популарниот драматург Душан Ристевски, а во изведба на Австралиско-македонскиот театар од Сиднеј. Драмата, премиерно, се прикажа во Волонгонг, каде пред полната сала посетители, актерите со своите артистички квалитети ја задолжија публиката да ги награди со долготрајни аплаузи.

Изминатава сабота, на 24-ти ноември, Театарот настапи со истото дело и пред својата сиднејска пуплика во просториите на Полскиот клуб во Бенкстеон, каде посетеноста исто така беше на завидно ниво. Ова драмско дело „Последниот Македонец“, предизвика голем интерес во Македонската заедница во Сиднеј, Волонгон и пошироко, за кое покрај името на насловот, заслужни се и бројните гласила кои почесто ги промовираа програмските настапи на своите етерски и новински страници. Посетителите радознало очекуваа каков ќе биде квалитетот на изведбата и кој ќе биде „последниот“ Македонец, зашто во денешново време, со килавите политичари во Парламентот во Македонија, за влез во ЕУ и НАТО и покрај неуспешниот референдум, им претскажуваат „среќна“ иднина на Македонија и на македонскиот народ со промена на исконското име, со бришење на сопствената историја, со промена на Уставот...

Артистите настапија со љубов и почит кон своите карактери, а со тоа кај гледачите предизвикаа национална емоционалност и возбуденост од личностите што ги толкуваа. Во публиката, пак, можеше да се забележи револт на лицата и да се слушне липање и солзи во очите на покревките гледачи кои се соживеа со трагедијата на Македонците.

Честитки до авторот Душан Ристевски, кој покрај драми од комичен и социолошки карактер, има напишано повеќе драми и со печалбарски и национален карактер, по кое јас лично го именовав како Македонски Шекспир. Исто голема заслуги за квалитетно поставувањето на драмите на сцена има и режисерот Стефо Нанцу. Целиот тим функционира безпрекорно и за тоа нижи пофалби и признанија, а едно од нив е и признанието добиено од Владата на Нов Јужен Велс и повелба од претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов.

На крајот да ја забележам изјавата на драматургот Душан Ристевски: „Оваа е грандиозна театарска изведба, прикажана со голема страст и со врвни актери. „Последниот Македонец“ е театарски сеопфатен повик на македонската нација која постојано се соочува со дискриминација од своите соседи и Европската зедница за едни горди и непокорни луѓе кои се изложени на нивно уништување“.

Инаку драмата „Последниот Македонец“ повторно ќе се прикаже во Рогдаел на 1,2 и 8 декември.

Иван Трпоски

 

Историја

News image

ЦИА за заедничката судбина на децата-бегалци од грчка и македонска националност

Во оваа прилика пренесуваме како агентите на ЦИА во 1953 година во детали известувале за состојбат...

Иселеници

News image

Митрополитот Кирил – првиот архиереј во македонското иселеништво (5)

  ДЕЛ ОД ПАТОТ НА УСПЕХОТ НА КУМАНОВСКО-ПОЛОШКИОТ АР...

Култура и туризам

News image

ДА СИ ВЕЧНА ЗЕМЈО МОЈА

ПРОМОЦИЈА НА ЕТНО ЗАПИС - „ДА СИ ВЕЧНА ЗЕМЈО МОЈА”  

Фељтон

News image

Александар Македонски (63)

Александар Македонски (63)

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.