Четврток, 06 Декември 2018   
Стив Пљакас и неговата посветеност на Античка Македонија (7)

Стив Пљакас и неговата посветеност на Античка Македонија (7)

dreven

ВО ДРЕВНИОТ ЕФЕС И ВО КУЌАТА НА СВЕТА БОГОРОДИЦА

Црквата посветена на Мајка Богородица претставува место каде илјадници христијани и муслимани доаѓаат да се поклонат и да се помолат. Се чини дека на 15 август 2000 година Црквата била најпосетена, кога се одржал најголемиот собир по повод Третиот милениум од христијанството, кога присуствувале илјадници верници, намерници, христијани, муслимани и други кои ја посетиле куќата на света Богородица

Беше утро, топол и пријатен ден кога штотуку сонцето се појави над азискиот дел на Истанбул, а авионот се издигаше кон југ - кон Измир. Го продолживме нашиот лет со железната птица („Боинг 747“) на „Туркиш ерлајнс“ и за помалку од еден час стасавме во три и пол милионскиот град Измир. Оваа метропола се наоѓа во заливот кој го носи неговото име, а е распространет во низинскиот дел и на околните ридови. Во Измир и околните места како да се преселило населението од долнореканскиот, велешкиот и други региони од Македонија.

Нив ги има во голем број како турски граѓани од Македонија, меѓу кои најбројни се Македонците – муслимани. Нив ги има повеќе во Турција отколку во Македонија. Така ни рекоа домаќините, бидејќи, според некои нивни неофицијални податоци, само во Измир и во околните населени места живеат од 300 до 500 илјади турски граѓани од Македонија. Ги има од Врановци и Оризари, Велешко, од Скудриње, од Жупа и Дебар, од Пехчевско и Делчевско, од Штипско и од други места од Македонија.

Сите тие добро живеат во демократска Турција, во која се прифатени како добронамерници, добродушни и честити луѓе. Многумина станале познати и признати бизнисмени, интелектуалци, лекари, општественици, дуќанџии, лојални граѓани на нивната втора татковина – Турција, но и кон дедовската земја – Македонија, која ја носат во своите срца и души.

Во текот на нашиот престој со Стив Пљакас во античкиот град Ефес, во Селчук го посетивме Градскиот музеј во кој се изложени многубројни експонати од Ефес и од други локалитети од Анадолија и крајбрежниот регион. Музејот претставува неодминливо катче за посетителите на овој дел на Турција. Се упативме кон многу познатата стара античка ризница Ефес, што се наоѓа на помалку од 200 километри јужно од Измир и на дваесетина километри северно од летувалиштето Кушадаси.

3311Стариот град Ефес

Познатиот град на минатото и на сегашноста – Ефес е сместен во подножјето на планината Билбил, каде реката Кајстер се влива во Егејското Море и во рамничарскиот дел што е во непосредна близина на морето.

Овој значаен антички град се споменува од средината на VII век пр.н.е. Од своето формирање до денешни дни игра важна улога на тие анадолски простори. Затоа, често бил напаѓан и освојуван. Бил под власта на Персија, Спарта. Александар Македонски во 334 година пред Христа го освоил градот и стратешкото воено место околу градот Ефес, кој постанал дел од Македонската Империја. Ефес бил и под управа на Римската Империја и бил најважен град на тогашната анадолска провинција.

Во меѓувреме, во почетокот на првиот милениум, христијанството започнало многу брзо да се шири во градот. Меѓутоа, Римјаните биле против доктрините на апостол Павле кој прв дошол во Македонија. Тоа го потврдувале граѓаните на Ефес, кои под закани протестирале против ширењето на христијанството, притоа, собирајќи се во најголемиот театар на градот за да го изразат својот бес против „новата“ религија.

Меѓутоа, како што многумина велат, Ефес бил одбрано Господово место, каде света Богородица заедно со свети Јован ги поминале последните денови од животот. Имено, во непосредна близина на Ефес, на западната страна на планината Билбил, се наоѓа куќата на света Богородица. Во денешниот град се надвишува црквата на свети Јован, еден од составувачите на Библијата.

Во исто време Ефес бил место на една од седумте цркви во Азија, во кои свети Јован ја добил својата инспирација кон религијата.

Во историјата на Ефес е забележано дека во 262 година од нашата ера Готите го уништиле градот, заедно со Храмот на Артемис. Оттогаш градот никогаш не се обновил каков што бил во минатото кога имал величествен растеж и напредок. Притоа, значајно за Ефес е тоа што во 431 година по Христа бил одржан Третиот екуменски совет, токму во куќата на света Богородица. Овој Совет ја прифатил света Богородица како мајка на Господ Исус Христос.

331При нашата посета на Ефес се сретнавме со безброј објекти и предмети од еден долг период на постоење на оваа значајна античка локација. Така, ги посетивме остатоците од Храмот на Артемис, Фонтаната на Трајан, Мермерниот пат, Стадионот и други објекти.

Меѓутоа, Големиот театар кај посетителот остава посебен впечаток и доживување. Тој е сместен во длабнатината на ридот од западната страна и, по својата големина, пространост и величественост човек има чувство и во мислите се пренесува како да се наоѓа многу векови подоцна од сегашноста.

Таму бевме информирани дека во последните години, пред десетици илјади посетители во Театарот своите уметнички вредности ги презентирале Лучијано Павароти, Хулио Иглесиас и многу други познати светски уметници.

Посетата на куќата на света Богородица, пак, кај нас предизвика посебно чувство на возбуда кое се преточи во спокојство. Во тој прекрасен објект, човек како да е некаде во Македонија, во некои од манастирите на Македонската православна црква. Живописниот предел каде што е изградена куќата на света Богородица посетителот го потсетува на пределите кои се земени за пример при изградбата на христијанските манастири во светот. А, таму, според обичаите, по поклонувањето во Црквата, излегувањето од храмот и миењето со светата вода, според обичаите и верувањата, посетителот станува аџија. Така, Стив Пљакас и јас станавме аџии.

Просторот привлекува со својата убавина и живопис, а Црквата претставува место каде илјадници христијани и муслимани доаѓаат да се поклонат и да се помолат. Се чини дека на 15 август 2000 година Црквата била најпосетена , кога се одржал најголемиот собир по повод Третиот милениум од христијанството, кога присуствувале илјадници верници, намерници, христијани, муслимани и други кои ја посетиле куќата на света Богородица.

Инаку, според пишаните документи познато е дека свети Јован ја донел света Богородица во Ефес во четвртата или петтата година, веднаш по распетието на Исус Христос. Куќата на планината Билбил, која била подготвена и направена од свети Јован, се наоѓа на 420 метри надморска височина.

33Внатрешниот дел на црквата „Св. Богородица“ во Ефес

Според кажувањата неа ја открила германската калуѓерка Ана Катерина Емерич, која својот живот го посветила на Бога, била парализирана и воспоставила духовна комуникација со света Богородица. Нејзе во бесвесна состојба и‘ се прикажувало, се вели во документите, дека Богородица е закопана во близина на Црквата.

Тоа го потврдиле некои лазарински свештеници кои во 1891 година го откриле местото на куќата во која света Богородица ги поминала последните денови од животот. Така, било откриено дека зградата во форма на крст и кубето биле руинирани, но подоцна биле реставрирани.

Во текот на нашата посета на куќата на света Богородица бевме запознаени со многу детали за откривањето на храмот, за посетите и почитта од страна на христијаните и муслиманите кон овој духовен центар. Притоа, силен впечаток оставаат големата статуа во дворот пред црквата, каде човек има чувство дека света Богородица ги пречекува дојденците и добронамерниците со раширени раце. Статуата, пак, на света Богородица во апсидата, била поставена пред стотина години и претставува прекрасен примерок преку кој секој се поклонува и ѝ оддава почит на мајката на Исус Христос.

Во текот на вечерните часови се вративме во неколку милионскиот Измир, каде бевме сместени во ексклузивниот хотел „Ефес“, што се наоѓа во центарот на градот и е хотел од висока категорија. Градот, пак, чие турско име е Измир, е познат и по името Смирна. Тој е најважното морско пристаниште во Мала Азија, на брегот на Егејското Море и е трет град по големина во Турција.

Смирна е стара јонска населба која била обновена во IV век прд Христа. За време на Римската Империја и Византија, Измир бил еден од најголемите градови во Мала Азија. Во неговата историја стои дека градот бил под власт на Татарите, кои го опустошиле, потоа под власт на Елините, кои се потрудиле да ги погрчат луѓето што живееле во градот, а во 1922 година е ослободен од Турците на чело со Кемал Ататурк.

Ова многу значајно морско пристаниште и стратешки копнена локација, во 1952 година станала значајна база на НАТО. Посетата на велеградот Измир и куќата на Мајката Богородица ни остана во трајно сеќавање за нас двајцата со Стив Пљакас.

Продолжува

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

Историја

News image

ЦИА за заедничката судбина на децата-бегалци од грчка и македонска националност

Во оваа прилика пренесуваме како агентите на ЦИА во 1953 година во детали известувале за состојбат...

Иселеници

News image

Митрополитот Кирил – првиот архиереј во македонското иселеништво (5)

  ДЕЛ ОД ПАТОТ НА УСПЕХОТ НА КУМАНОВСКО-ПОЛОШКИОТ АР...

Култура и туризам

News image

ДА СИ ВЕЧНА ЗЕМЈО МОЈА

ПРОМОЦИЈА НА ЕТНО ЗАПИС - „ДА СИ ВЕЧНА ЗЕМЈО МОЈА”  

Фељтон

News image

Александар Македонски (63)

Александар Македонски (63)

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.