Среда, 16 Јануари 2019   
МИТРОПОЛИТОТ КИРИЛ – ПРВИОТ АРХИЕРЕЈ ВО МАКЕДОНСКОТО ИСЕЛЕНИШТВО (9)

c1

ЦРКОВНО - НАЦИОНАЛНИ АКТИВНОСТИ НА МАКЕДОНЦИТЕ НА ПЕТТИОТ КОНТИНЕНТ

Македонците во Австралија отсекогаш биле предмет на разни туѓи верски, нацио­нални и политички влијанија. Тоа особено било изразено меѓу двете светски војни во минатиот век Меѓутоа, во Австралија се отвори процес на создавање автентични македонски организации, македонски православни цркви и црковни општини, културно-уметнички, литературни, забавни, спортски друштва и друг вид асоцијации. Сите тие претставуваат најзначајни и најголеми места на собирање и активности  на македонските доселеници од етничка Македонија во демократска Австралија 

Австралија е најмалиот континент кој се наоѓа зад екваторот, на јужниот дел на Земјината топка, меѓу Индискиот и Тихиот Океан, југоисточно од Азија. Таа како континент го зафаќа копното на Австралија и островот Тасманија, а по пространство е приближна колку Европската унија. Поголемиот дел е пустински, но со пространи зелени појаси крај бреговите, со услови за живеење од тропска до умерена клима.

Северните брегови на „Terra Australis Incognita“ - Непознатата јужна земја - Австралија, како што средновековните географи го нарекле тоа копно, го откриле Португалците и Шпанците (Де Торез околу 1588 година). Потоа, поопстојни истражувања почнале Холанѓаните во 1605/6 година, чиј морепловец Тасман, го заобиколил и дошол до островот Тасман(ија), кој го добил името според него.

Во 1770 година, англискиот морепловец Џејмс Кук подобро ја испитал и ја прогласил Австралија за англиски посед. Во тоа време во неа живееле само неколку стотици илјади домородно население Абориџани, изолирани од цивилизацијата. Потоа во 1778 година во Австралија бил испратен првиот конвој од транспортери и трговски бродови со 717 затвореници под команда на капетанот Филип, со што започнала колонизацијата на таа нова земја.

c2

Eмигрирањето на Македонците кон петтиот континент, пак, како и иселувањето од Македонија, особено од Беломорска Македонија би­ло из­ра­зе­но по Балканските војни и по Првата светска војна, кои на­место слобода од петвековното ропство, на Ма­ке­дон­ците им донеле тројна поделба, угнетување, аси­ми­­­ла­ци­ја, денационализација и физичко униш­ту­вање, што ги спроведувале порано ослободените соседи, Бу­гарија, Крал­ска Југославија, Грција и Албанија.

Тешко може да се определи бројот на Македонци­те во Австралија, бидејќи во новиот свет доаѓале и доаѓаат со тур­ски, грчки, бугарски, српски и други патни исправи. Зависно од тоа нивните имиња се приспособуваат на новата татковина. Единствено, Македонците од Република Ма­кедонија заминуваат со македонски пат­ни исправи и официјално се ре­гистрираат како Ма­ке­дон­ци.

Бројот на македонските иселеници во демократска и мултикултурна Австралија се зголемува од година во го­дина. За жал, не постојат целосни и попрецизни податоци за тоа колку досега заминале и го напуштиле македонскиот дедовски праг. Меѓутоа, според некои неофицијални  показатели се проценува дека повеќе од 300.000 Македонци од етничка Македонија ги одбрале Австралија и Нов Зеланд за свои нови татковини.

Според зборовите на митрополитот г. Кирил, кога се пишува за Македонците во Австралија, треба да се нагласи дека тие отсекогаш биле предмет на разни туѓи верски, нацио­нални и политички влијанија. Тоа особено било изразено меѓу двете светски војни во минатиот век. Притоа, во прилог одела и неорганизираноста на македонските доселеници кои, за жал, немале ниту своја држава, ниту, пак, свои македонски православни цркви. Но и денес, по осамостојувањето на Македонија како независна и самостојна држава, туѓите влијанија се бескруполозни во Австралија.

Демократска и мултикултурна Австралија никогаш немала проблем со името Македонија. Во тој контекст, вредно е да се напомни, дека Австралија го финансирала досега најголемиот македонско-англиски речник во светот што го издаде Австралискиот национален универзитет. Исто така, треба да се спомене дека уште во Првата светска војна австралиски војници во рамките на британските воени сили активно учествувале на македонскиот фронт.

Затоа, денес во Австралија се отвори процес на создавање автентични македонски организации, македонски православни цркви и црковни општини, културно-уметнички, литературни, забавни, спортски друштва и друг вид асоцијации. Сите тие претставуваат најзначајни и најголеми места на собирање и активности  на македонските доселеници од етничка Македонија во демократска Австралија.

Пред конституирањето на МПЦ-ОА во лицето на Охридската архиепископија, голем број македонски доселеници помогнале материјално и финансиски во изградбите и опстојувањето, како и црквувале во српски, грчки, руски, украински, романски, англикански протестански и други цркви.

Таков е случајот со Бугарско-македонската православна црква „Свети Кирил и Методиј” во Мелбурн, Викторија, која била поттикната и изградена од голем број Македонци, особено од егејскиот дел на Македонија, а и денес контролирана од МПО (Македонска патриотска организација).

Меѓутоа, конституирањето на Република Македонија и прогласувањето на автокефалноста на Македонската православна црква во лицето на Охридската архиепископија, се настани од фундаментално значење и за иселениците во Австралија. Со тоа се отвори процес на создавање автентични македонски организации, македонски православни цркви и црковни општини и друг вид асоцијации.

Притоа, посебно место има македонската православна општина „Свети Ѓорѓи“ во Мелбурн, Викторија, која е прва македонска православна црква изградена надвор од Република Македонија и е дело претежно на Македонци од егејскиот дел на Македонија.

Овој значаен и голем македонски центар денес се наоѓа во Престон, во еден убав дел на градот каде денес е изградена новата црква посветена на вети Ѓорѓи и на света Богородица. На самиот влез на центарот се извишува споменик на Гоце Делчев, кој е откриен на 3 декември 1988 година, а под платото е распространета црквата и културно-просветниот центар „Епинг“ кој, покрај другото има неколку сали и други придружни простории, од кои големата сала е вистински културен простор и собиралиште, пред се‘ на  постарата генерација македонски доселеници.

c3
Првата македонска црковна општина „Свети Ѓорѓи“ во Мелбурн

Со поголемиот прилив на емигрантите во Австралија, во последните педесетина години, се зголеми православното население, чиј број е за неколку стотици илјади поголем во споредба со тој од пред Втората светска војна. Затоа има мешање на православните со луѓе од другите религии. Сето тоа доведува до брзи промени во општеството каде што припаѓаат и македонските православни верници.

МПЦ-ОА што дејствува во Австралија, има своја Епархија уште од времето кога митрополитот г. Кирил беше надлежен архиереј за Американско-канадаско-автралиската епархија, како значајно духовно и културно просветно тело. Таа ги штити, ги организира и ги афирмира сите македонски црковно-патриотски интереси и потреби, овозможувајќи им на македонските доселеници од сите делови на Македонија да ја чувствуваат националната и црковната слобода.

Епархијата обезбедува услови за сѐ поголема афирмација на целокупното културно наследство и современиот напредок на македонскиот народ. Тоа е потврдено и од австралиската влада, која Македонците ги смета за одделен народ со свој национален идентитет и со заслуги за културниот развој и претставува жив мост за пријателските односи меѓу Македонија и Австралија.

Според делото на авторот на овие редови „Македонските православни црковни општини во Австралија, Канада и САД”, „Нова Македонија” 1991 година, Австралиско-македонската црковна епархија е формирана со одлука на Светиот архиерејски синод на МПЦ-ОА со цел да ги продлабочи врските и да ја јакне љубовта меѓу македонсктие доселеници во Австралија со Татковината и со Црквата.

Во почетокот беше заедничка за САД, Канада и Австралија, како Американско-канадска-австралиска црковна епархија, кога во 1969 година, за прв архиереј на заедничката епархија беше избран митрополитот г. Кирил. Од есента 1981 година, за архиереј на Австралиската епархија е избран митрополитот г. Тимотеј. Во 1995 година, пак, за надлежен архиереј за Австралиската епархија беше избран митрополитот Петар.

c4  c5

                          Митрополитите Петар и Тимотеј

Меѓутоа, судските процеси кои, за жал, се водеа дваесеттина години и се водат, во аналите на Македонската православна црква, Охридска архиепископија ќе останат како црна дамка во црковното живеење не само на црквата „Света Петка” од Сиднеј, туку и на десетина други македонски православни цркви кои оставија свој белег за црковното живеење на Македонците на петтиот континент.

Такквата состојбата се измени со формирањето на Сиднејско-австралиската епархија на Македонската православна црква, Охридска Архиепископија, а проблемот се реши на 18. февруари 2016 година. Тогаш, Светиот архијерејски синод на МПЦ-ОА, го одобри регистрирањето на Македонска православна епархија како правно лице во Австралија, со седиште во Сиднеј.

Светиот архијерејски синод на МПЦ-ОА реши да го прифати Статутот на новата епархија во Австралиско-новозеландската епархија со што ќе се помогне да се врати мирот кај верниците. На ваквата одлука и' претходеа долгогодишни конфронтации меѓу дел од црковните општини и митрополитот Петар, на кого одбиваа да му ги препишат имотните тапии. Со нив сега ќе управуваат избраните управи, но ќе бидат под канонска јурисдикција на МПЦ-ОА.

Со ова Одлука се очекува да престанат долгогошишните несогласувања  и „судски распетија”, особено на црквата „Света Петка”, а членките на Здружението на македонските заедници во Австралија сметаат дека со тоа ќе  ги заштити самоуправните надлежности на локалните македонски православни заедници врз своите храмови и други имоти, а притоа да останат во духовно единство со Светиот Синод на МПЦ-ОА, во согласност со взаемно прифатените правила и законите и регулативите кои важат за други непрофитни организации кои се регистрирани како правни лица во демократска Австралија.

Продолжува

 c6

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Мицкоски: Заев се фалеше дека ќе не прегази

Мицкоски: Заев се фалеше дека ќе не прегази, сега видовме кој е прегазениот на овие избори

Историја

News image

Македонија, мојот копнеж – Маноил Мане Јаковлевски (1)

Македонија, мојот копнеж – Маноил Мане Јаковлевски (1)

Иселеници

News image

СТИВ ПЉАКАС И НЕГОВАТА ПОСВЕТЕНОСТ НА МАКЕДОНИЈА (27)

ДЕЛ ОД ЖИВОТНАТА ПРИКАЗНА НА СТИВ ПЉАКАС ВО КАНАДА ...

Култура и туризам

News image

ВО ГОРНА ПРЕСПА КАКО ДОМА (5)

СЕЛАТА ЕЗЕРЕНИ И ПЕРОВО – ЦЕНТРИ НА ПТИЦИТЕ ВО ПРЕСПА

Фељтон

News image

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ (6)

ИСТОРИСКА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ПАЛЕОБАЛКАНСКИТЕ (СТАРОБАЛКАНСКИТЕ) И ЕГЕЈСКИТЕ ПОПУЛА...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.