Среда, 06 Февруари 2019   
СТИВ ПЉАКАС И НЕГОВАТА ПОСВЕТЕНОСТ НА МАКЕДОНИЈА (16)

spl1

ЛИЛИ ПЉАКАС – ЖИВОТНИОТ СОПАТНИК НА СТИВ – ЕДНА ОД ДЕЦАТА ПРОГОНЕТИ ОД МАКЕДОНИЈА

Лили Пљакас беше Канаѓанка од македонско потекло. Таа е родена на 10 октомври 1947 година во познатото македонско село Желево, Леринско. Во август 1949 година била принудена заедно со своето семејство да го напуши родното Желево и со себе да ја понесе само торбичката со искинати детски алишта. Во реката протерани бегалци од егејскиот дел на Македонија, патот ги однел преку Преспа во Албанија, а оттаму во Полска. Лили Пљакас беше благородна Македонка која со сето свое битие, со душа и срце беше посветена на своето семејство

Бизнисменот, благородниокот и, во исто време, човекот кој е посветен на Македонија и на македонскиот народ, Стив Пљакас и неговата животна сопатничка Лили, испишуваат една прекрасна заедничка роднокрајна, лична, семејна, национална и професионална сага долга педесетина години.

Често се вели дека жената е десната рака на мажот. Тоа се потврдува во брачниот живот, во нивното заедничко живеење во период од цели пет и пол децении во кои споделиле и радост и тага и успеси и падови и убави мигови, патувања, дружења, отвориле нови патишта на живеењето и опстојот, од кои носат прекрасни спомени за еден хармоничен и среќен македонски брак.

Лили Пљакас беше Канаѓанка од македонско потекло. Таа е родена на 10 октомври 1947 година во познатото македонско село Желево, Леринско. Во документите е запишана како Лефа од нејзините родители Мијајле и Петра, кои го извршиле чинот на крштевање на Лефа во селската православна црква. Нивната ќеркичка дошла на свет во немирните години на втората половина на четириесетите години од минатиот век, кога во Егејска Македонија се чувствувале последиците од Ѓраѓанската војна во Грција, кога започнал крајот на почетокот на истребувањето на Македонците од своите дедовски корени.

Тоа е време  кога, на само двегодишна возраст Лефа со своите најблиски засекогаш го напуштила своето родно Желево и со себе понела несреќни моменти од родниот крај во егејскиот дел на Македонија.

spl2

Панорама на селото Желево

Во тој воен период, наместо да расте и да минува безгрижни детски дни, таа го напушта дедовскиот праг и топлото огниште. Заено со баба си Трендафилка и мајка си‘ Петра, за да се спасат од воените немири заминуваат во селото Породин, Битолско во 1949 госина. Таму остануваат една и пол година и повторно се враќаат во Желево.

За жал, само по кусо време, во август 1949 година била принудена заедно со своето семејство повторно да го напуши родното Желево и со себе да ја понесе само торбичката со искинати детски алишта и едно суво цвеќе од бабиниот двор како драг спомен во кревката детска душа. Во реката протерани бегалци од егејскиот дел на Македонија, патот ги однел преку Преспа во Албанија, а оттаму во Полска.

Во новата татковина Полска биле сместени во домот за бегалци од Грција во градот Згожелец. Во ова место семејството на Лефа отпочнало новото адаптирање и снаоѓање во животот во новата средина. Таму била поставена основата за иднината на новит живот. Во Згожелец Лефа го научила полскиот и грчкиот јазик. Се чини мудроста, добрината, снаодливоста во животот и природната дарба на нејзината баба Трендафилка во голема мерка помогнале во голема мерка тие да имаат подобар и посреќен живот.

 Бегалскиот живот продолжил и од Полска. Имено, нејзиот татко Мијајле Ѓиану веќе од 1952 година засекогаш заминал од своето родно место Желево и емигрирал во Канада кај неговиот татко Танас кој веќе околу петнаесеттина година бил на печалба во Торонто.

Оттаму воспоставил контакт со своите најмили во Полска и ја започнал процедурата за повлекување на семејството во Канада. Така и се случило. На 10 февруари 1955 година Трендафилка, Петра и Лефа, со помош на Црвениот крст се иселуваат од Полска и со авион преку Англија дошле како птици преселни во Тотонто.

На радоста ѝ немало крај. По седум години разделеност средбата на семејството  Ѓиану, во Торонто, беше и среќна и тажна, со топлите прегратки и многуте солзи на разделените. Во тие мигови радоста не им дозволи на членовите на ова сега веќе среќно семејство  да прозборат. Тоа било почеток на еден нов среќен живот далеку од својот роден крај во родната Македонија во новата средина во демократска Канада.

 spl3

Свадба во Желево

 Името Лефа, кое во Канада се трансформирало во Лили значеше еден нов идентитет уште од самиот почеток во новата средина. Така, Лили веднаш по пристигнувањето го започнала своето основно образование на англиски јазик. Секој почеток е тежок, така што и за Лили имало потешкотии со јазикот, но како надарено македонско девојче, јазичната бариера брзо ја совладувала.

По успешното завршување на основното образование, Лили се запишала во Гимназија каде помина две успешни години образование. Меѓутоа, семејните финансиски услови наложиле да го прекине образованието и на 16-годишна возраст да започне да работи, односно да отпочне со печалење на пари во семејниот буџет за едно поинакво утре.  

Првото вработување ѝ било во ТТС (Торонто транспот компанија) и работела во канцеларија како службеничка. Таму научила дактилографија и стенографија, со што подоцна ѝ се отвориле вратите за подобра позиција, кога и станала секретарка во фирмата. Тоа помогнало на Лили успешно да се вклопи во приватниот бизнис.

Во тој период се запознала со Стив Пљакас, кога и пламнале  првите љубовни искри на двајцата лични млади луѓе, што е и најавата за нови предизвици, за еден нов брачен живот. Така, 1965 година ќе биде забележана со златни букви во животот на Лили и Стив Пљакас. Таа е година кога тие беа венчани во Македонската православна црква „Свети Климент Охридски“ во Торонто и кога го започнаа својот заеднички живот  и посреќно утре во годините што следат.

Лили Пљакас беше благородна Македонка која со сето свое битие, со душа и срце беше посветена на своето семејство, на Стив, на ќерќите Маргарет и Џини, на зетовците Џорџ и Алек, но најмногу на внучињата Анџела, Кристифот, Стивен и Стефан, кои ѝ бее светлата точка, убавината во нејзиниот живот. Во исто време таа беше Канаѓанка од македонско потекло која активно беше вклучена  во македонската и канадската заедница во Торонто и во Њумаркет.

Лили Пљакас беше позната и призната Македонка која потекнува од македонско патриотско семејство. Таа беше една од најактивните во македонската заедница во Торонто, особено во црквата „Свети Климент Охридски’. Била на повеќе функции во црквната женска секција. Затоа, со право се вели дека во периодот кога била и претседател на Женската секција во црквата „Свети Климент“, биле преземени бројни активности кои го збогатиле црковно-националниот живот во македонската заедница.

Особено внимание било посветено на зачувувањето на македонскиот идентитет, обичаите, песната и орото и многу други вредности донесени од родната Македонија. Притоа особено внимане било посветено на традициите кои Македонците во Канада ги чуваат и ги збогатуваат.

Несомнено дека кога се пишува за историскиот развој на жената во македонската заедница во Торонто, тогаш името и делото на Лили Пљакас беше тесно поврзано со активностите и работата на национален и духовен план. Таа беше христијанка, припаѓаше на Македонската православна црква и со нејзината работливост, честитост, трудољубивост, хуманост и донаторски однос, остави длабоки траги кај младите генерации и претставува патоказ за ширење на македонскиот дух и љубов меѓу луѓето.

И покрај тоа што Лили го напуштила родното место Желево кога имала само две години и останала со избледените спомени, таа е горда со дедовската земја и нејзиното македонско потекло. Таквата гордост ја има пренесено и кај своето семејство. Сите средби и разделби со родниот желевски крај, како и со Македонија, земјата на нејзините корени и потекло, се доживувани многу емотивно, останувајќи длабоко врежани траги во нејзините спомени, во нејзиниот незаборав.

Лили Пљакас беше пример на Канаѓанка од македонско потекло која не само што напорно работеше во нивниот бизнис, туку таа беше активна во организирање на различни посети, видувања, другарувања, како и на вечеринки, пикници, и друг вид македонски собири и дружења. Во исто време таа беше жената која финансиски ја помагаше македонската заедница, особено македонските православни цркви, таа беше голем хуманист и донатор за поединци и асоцијации.

Била иницијатор, организатор и финансиски поддржувач на бројни патувања на Македонците од Торонто, особена на Женската секција. Мегу другото, по повод 75 - годишнината од поделбата на Македонија била организатор на патувањето до Обединетите нации во Њујорк во одбрана на македонското име и на Македонија.

 spl4

Лили и Стив со внучињата

Оваа благородна и прекрасна личност со исклучителни чувства ги чувала како аманет дел од спомените и настаните од нејзините животни врвици, и во детството и во онаа рана младост на битките да се бори и да се успее по секоја цена и кога е најтешко и, се разбира, најубавиот период – тоа се долгите брачни години со нејзиниот сопатник Стив.

Колку може да се пишува за таа заедничка идила, за радостите, успесите, тегобните моменти, среќниот углед и статус, и сè‘ така од средината на минатиот XX век, па еве, ги врвиме првите децении и сите следни што ќе им ги дари Бог, да живеат среќни уште долго, долго во новото столетие, заедно со своето семејство, ќерките и  најголемата радост внучињата.

Продолжува

SLAVE K

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Мицкоски: Заев се фалеше дека ќе не прегази

Мицкоски: Заев се фалеше дека ќе не прегази, сега видовме кој е прегазениот на овие избори

Историја

News image

Македонија, мојот копнеж – Маноил Мане Јаковлевски (1)

Македонија, мојот копнеж – Маноил Мане Јаковлевски (1)

Иселеници

News image

СТИВ ПЉАКАС И НЕГОВАТА ПОСВЕТЕНОСТ НА МАКЕДОНИЈА (27)

ДЕЛ ОД ЖИВОТНАТА ПРИКАЗНА НА СТИВ ПЉАКАС ВО КАНАДА ...

Култура и туризам

News image

ВО ГОРНА ПРЕСПА КАКО ДОМА (5)

СЕЛАТА ЕЗЕРЕНИ И ПЕРОВО – ЦЕНТРИ НА ПТИЦИТЕ ВО ПРЕСПА

Фељтон

News image

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ (6)

ИСТОРИСКА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ПАЛЕОБАЛКАНСКИТЕ (СТАРОБАЛКАНСКИТЕ) И ЕГЕЈСКИТЕ ПОПУЛА...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.