Среда, 27 Февруари 2019   
МИТРОПОЛИТОТ КИРИЛ – ПРВИОТ АРХИЕРЕЈ ВО МАКЕДОНСКОТО ИСЕЛЕНИШТВО (15)

kiril 1МИТРОПОЛИТОТ КИРИЛ – ПРВИОТ АРХИЕРЕЈ ВО МАКЕДОНСКОТО ИСЕЛЕНИШТВО (15)

kiril 1

НАЦИОНАЛНАТА ОРГАНИЗАЦИЈА „ОБЕДИНЕТИ МАКЕДОНЦИ“ ВО ТОРОНТО

До педесеттите години од минатиот век македонските доселеници во Канада беа организирани во селски друштва, односно околиски, кои развиваа социјална и културна дејност во рамките на своето членство. Во тоа време постоеја и организации кои ги собирале Македонците и биле под влијание на бугарската и на грчката пропаганда

Особено по Втората светска војна во Канада и во САД се појавија сили кои сериозно почнаа да размислуваат за македонско организирање на чисто национални позиции. Тие истовремено го поставија и прашањето за зачувување на македонскиот национален идентитет и македонското национално обединување на македонското иселеништво. Во тој период група Македонци ја презеде иницијативата за создавање на македонска национална и патриотска организација.

Според пишаните документи, првиот потфат, во таа смисла, беше организирањето на пикникот во 1958 година, кој за организаторите беше неочекувано успешен. Илинденскиот пикник се претвори во традиционален и секоја година се одржува во првата недела во август. Пикникот во националниот живот на Македонците во Торонто и пошироко има посебно значење. Тој претставува симбол на македонското иселеничко единство.

По успешниот пикник во 1958 година организациониот комитет реши со писмо да им се обрати на Македонците, и да ја образложи нужноста од основање на македонска национална организација, која ќе ги застапува интересите на целото македонско иселеништво во Северна Америка.

Потоа, на 28 април 1959 година се одржала општомакедонска конференција во хотелот „Кинг Едвард” во Торонто. Тука бил прифатен уставот на организацијата и било донесено решение да се формира организацијата „Обединети Македонци”.

kiril 2Во моногравското дело на митрополитот г. Кирил, кој целосно ја поддржуваше организацијата „Обединети Македонци“ е забележано дека од самиот почеток на основањето, организацијата, активно пристапи кон решавање на ред важни проблеми и барања од посебно национално значење за македонското иселеништво во Канада. Една од најважните задачи и потреби на македонските доселеници беше изградбата на македонски православни цркви со цел да ги задоволи верските, културните и воопшто националните потреби на Македонците.

kiril 3

Организацијата „Обединети Македонци” развива и широка културно-просветна дејност. Всушност таа е регистрирана како македонска национална културно-просветна организација. Во рамките на таквата дејност таа се јавува како организатор на повеќе важни манифестации во културното живеење на македонското иселеништво во Торонто. „Обединети Македонци“ во своето постоење успева да ги обедини Македонците и национално и духовно. Организацијата развива силна дејност во животот на иселеништвото за да ги отстрани влијанијата на туѓите пропаганди. Таа се претвора во силно јадро на обединување на македонските доселеници од сите делови на Македонија.

Организацијата „Обединети Македонци" на 16 ноември 1968 година покрена активности за формирање свои ограноци во Хамилтон, Виндзор, во Канада, како и Детроит и Колумбос во САД. Таквите активности продолжија на состаноците во Детроит на 7 јуни 1969 година и во Хамилтон на 17 мај 1970 година. Така, по проширувањето на активностите на асоцијацијата како национална организација „Обединети Македонци за Северна Америка", во Торонто, од 4 до 6 септември 1970 година, беше одржана Конвенција на која беше донесена Резолуција.

Организацијата „Обединети Македонци" била организатор на повеќе манифестации пред конзуларните претставништва на Грција, Бугарија и на поранешна Југославија, за заштита на националните права на Македонците во овие земји. Исто така, таа се јави како еден од      организаторите на манифестацијата пред Обединетите нации за признавање на Република Македонија, како и пред Парламентот на провинцијата Онтарио во Торонто. Потоа, во 1991 година во септември го организираше Референдумот за суверена и самостојна Македонија, организирала доброволни акции за собирање средства за помош на Македонија, пред сеʼ за Пиринска Македонија и Мала Преспа.

Во февруари 1979 година на годишното членско собрание беше донесено решение да се подигне споменик на паднатите борци за Македонија. И покрај некои недоразбирања, споменикот беше поставен пред црквата „Св. Климент Охридски“, а на 26 јануари 1980 година кога и беше извршено неговото свечено откривање. Овој паметник, членови на „Обединети Македонци" секоја година го посетуваат во чест на Илинден, првата сабота во месецот во 12 часот. Така, од 1980 година до денес на секој празник Илинден, 11 Октомври, Гоцевиот ден, Деновите на културата и за други празници, Македонците полагаат венци на овој паметник. Вообичаено е и свештениците да одржат панихида за паднатите борци во сите години за етничка Македонија.

Во рамките на организацијата „Обединети Македонци" до скоро работеа две македонски училишта: за изучување на македонскиот јазик и писмо и училиштето за изучување на македонскиот фолклор и култура. Училиштето за јазик и писмо веќе не работи, а училиштето за фолклор и култура прерасна во КУД „Гоце Делчев".

Друштвото „Гоце Делчев" беше основано во 1986 година и беше една од најактивните формирани групи во Канада. Тоа беше учесник речиси на сите мултикултурни приредби во Торонто; учествувало на прославите на Денот на независноста на Канада - 1 јули; настапувало на разни паради и студентски игри; често гостувало меѓу Македонците во Кичинер и Хамилтон; настапувало за време на Караванот на нациите и на таканаречените ЧИН свечености, како и на други собири и манифестации.

Во 1988 година учествуваше на Илинденските денови во Битола. Исто така, во рамките на организацијата „Обединети Македонци" постоеше и фудбалскиот клуб „Солун", кој настапуваше во македонско-канадската лига. Денес Организацијата е сопственик на земјиште под име „Македонски парк", каде се одржуваат пикници и каде се гради македонскиот манастир “Свети Илија”.

Инаку, митрополитот Кирил беше чест и драг гостин на организацијата "Обединети Македонци". Беше покануван на сите прослави и манифестации, со чие присуство се збогатувале содржините на оваа македонска национална организација.

За прв претседател на организацијата “Обединети Македонци” во 1959 година беше избран  доселеникот од село Желево, Егејска Македдонија Џеимс Сандерс, а потоа, претседатели биле познатите и признати иселеници: Џан Гивенс, Џими Трентос, Тели Мариовче, Антон Павлов (Опашинов), Петре Василевски, Никола Стојановски, Бранко Стојчевски, Трајан Теговски, Мендо Бакаловски, Стив Пљакес, Драган Џолгановски, Владе Гроздановски, Драги Стојковски, Борис Мангов и Џими Смагранов, од кои повеќемина биле избрани повеќе пати на чело на Организацијата.

Се чини најзначајна манифестација на организацијата “Обединети Македонци” се “Гоцевите денови”, кои се посветени на македонскиот деец Гоце Делчев. Оваа манифестација за прв пат беше организирана како “Гоцева комитска вечер” во 1972 година. Во текот на изминатите година интересот за овие денови е сеʼ поголем, бидејќи гости за манифестацијата се видни личности од културниот, националниот, историскиот, политичкиот и естрадниот живот на македонската дијаспора и Република Македонија.
kiril 4Фолклористи од Торонто со претседателот Иванов

Треба да се одбележи дека во 2009 година беше одбележано 50-годишното постоење на организацијата “Обединети Македонци”, на кое, покрај големиот број видни иселеници од Канада и САД и личности од Република Македонија, присуствуваше и господинот Стефан Харпер, премиер на Канада.

Продолжува

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

Иселеници

News image

МИТРОПОЛИТОТ КИРИЛ И НЕГОВАТА ДУХОВНО-НАЦИОНАЛНА И ЦРКОВНА МИСИЈА ВО ТАТКОВИНАТА (26)

ПРЕД МОШТИТЕ НА ГРОБОТ НА СВЕТИ КИРИЛ ВО БАЗИЛИКАТА „СВ....

Култура и туризам

News image

„ЈУЖНИ РЕКИ“ ОД ПАНДЕ МАНОЈЛОВ

„ЈУЖНИ РЕКИ“ ОД ПАНДЕ МАНОЈЛОВ       

Фељтон

News image

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ (9)

ВРСКАТА НА ХИПЕРБОРЕЈЦИТЕ (СЕВЕРЦИТЕ) ВО СВЕТОТ (ДЕЛ II) 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.