Четврток, 07 Март 2019   
ОМД: Македонија е земја лидер во квантитет наместо квалитет на јавната администрација

omd

ОМД: Македонија е земја лидер во квантитет наместо квалитет на јавната администрација

Обединета Македонска Дијаспора (ОМД) ги осудува владините предизборни политики на анимирање гласачи преку иницативата за основање Министерство за Политички Системи и Односи со Заедиците, со кое се предвидува превземање на вработените од досегашниот Секретаријат за Европски Прашања (СЕП) и со кое се негира владиното залагање за намалување на квантитетот и јакнење на квалитетот на јавната администрација.

Покрај простувањето на долгот во висина од 110 милиони евра на граѓаните кон ЕВН и ЕЛЕМ, како и простувањето на долгот во висина од 1,5 милиони евра на приватните винарии кон лозарите во време кога јавниот долг на Македонија според Меѓународниот Монетарен Фонд за прв пат ја надминува црвената линија од над 50% од Бруто Домашниот Производ (ПДБ), според ОМД, владата ја загрозува земјата со ризик од банкрот со мерка на суфуцитарна администрација која достигнува сооднос на еден министер на 77 илјади жители.

Со мерката за воведување Заменик Директор на секое јавно претпријатие покрај финансиската неодржливост кај повеќето од нив, заедно со иницијативата за основање на новото Министерство и советничките листи кои бројат 56 советници само во служба на Премиерот Заев, Македонија го превзема водството во квантитет на европско ниво. Косово со 24 члена, Србија со 22, Бугарија со 20, Грција со 18 и Албанија со само 16 члена на владата, се зад Македонија.

Со измените во законот за Организација и Работа на Органите на Државната Управа, со кој Секретаријатот за Охридскиот Договор се трансформира во Министерство за Политички Системи и Односи со Заедиците во кое Вицепремиерот за Рамковен Договор станува Министер за Политички Системи, е во спротивност со предизборното ветување на СДСМ за намалување на бројот на министри и програмот за создавање „одговорна власт“.

Со цел да се избегне ризикот од банкрот кој станува поверојатен со секое оптоварување на буџетот, ОМД апелира на јакнење на квалитетот наместо квантитетот на јавната администрација. Воедно, ОМД апелира владата да се воздржи од анимирање на гласачкото тело преку измени во законот за Организација и Работа на Органите на Државната Управа особено во предизборието, кое според сите антикорупциски мерки и етика во државната служба, се едначи со директна интервенција во изборниот резултат на претстојните претседателски избори

 

На прво место

Иселеници

News image

МИТРОПОЛИТОТ КИРИЛ И НЕГОВАТА ДУХОВНО-НАЦИОНАЛНА И ЦРКОВНА МИСИЈА ВО ТАТКОВИНАТА (26)

ПРЕД МОШТИТЕ НА ГРОБОТ НА СВЕТИ КИРИЛ ВО БАЗИЛИКАТА „СВ....

Култура и туризам

News image

„ЈУЖНИ РЕКИ“ ОД ПАНДЕ МАНОЈЛОВ

„ЈУЖНИ РЕКИ“ ОД ПАНДЕ МАНОЈЛОВ       

Фељтон

News image

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ (9)

ВРСКАТА НА ХИПЕРБОРЕЈЦИТЕ (СЕВЕРЦИТЕ) ВО СВЕТОТ (ДЕЛ II) 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.