Среда, 13 Март 2019   
СТИВ ПЉАКАС И НЕГОВАТА ПОСВЕТЕНОСТ НА МАКЕДОНИЈА (21)

eg1

ДЕКЛАРАЦИЈА ОД СРЕДБАТА НА ДЕЦАТА БЕГАЛЦИ ОД ЕГЕЈСКИОТ ДЕЛ НА МАКЕДОНИЈА УПАТЕН ДО СВЕТСКАТА ЈАВНОСТ

Од името на основните човечки слободи и права, ние, некогашните деца од егејскиот дел на Македонија, сега како граѓани на повеќе земји во светот, бараме да се симне забраната со која нам, на Македонците од егејскиот дел на Македонија, ни е одземено правото на враќање во Грција поради тоа што не сме Грци по род. Канадски активист за човекови права Стив Пљакас вратен од грчката граница

Од свечениот Собир што се одржа на 1 јули 1988 година во салата на Скопскиот саем до светската јавност беше упатена следнава декларација:

Ние, некогашните деца, родени во егејскиот дел на Македонија, принудени, пред ужасите на Граѓанската војна во Грција во 1948 година, да ја напуштиме родната земја, се собравме по 40 години на средбата во Скопје, главен град на Социјалистичка Република Македонија, во Социјалистичка Федеративна Република Југославија, по толку години разделени од своите најблиски, од своите другари, од своите огништа, да се видиме, да ги презентираме нашите творечки остварувања, да размениме искуства за нашиот живот во средините од кои доаѓаме, да ја запознаеме нашата татковина, нејзината сестрана изградба.

Истовремено, ја користиме можноста да ја изразиме нашата длабока благодарност кон земјите и народите што ни дадоа прифатилиште и заштита во најтешките животни мигови за нас и кои ни овозможија да живееме живот достоен за човекот. Со оваа наша средба ја искажуваме нашата приврзаност кон идеалите на мирот, слободата, демократијата, нашиот стремеж кон создавање на свет ослободен од секакви стеги, омрази, дискриминации и од сè што го урива достоинството на човекот.

Од името на својата генерација, од името на нашите татковци и мајки, од името на сите нас собрани на оваа средба, ѝ се обраќаме на меѓународната јавност со следната

ДЕКЛАРАЦИЈА

Ние, кои минавме низ пеколот на војната, низ сите трауми на принудниот егзил, добро знаеме што значи личната и колективната драма на човекот. Илјадници наши врсници останаа засекогаш во пепелиштата на војната или, пак, своите страдалнички животи ги расфрлаат по светот како откорнати. Ние, кои останавме – израснати во разни земји на светот, научивме да истраеме во добро и зло, никогаш не губејќи надеж, и покрај суровоста на животот, дека еден ден, пак, ќе си ги видиме нашите мајки, татковци и родниот крај.

eg2

Партизанки од Егејска Македонија

Ние за нас не бараме ништо повеќе од она што за нашите татковци и мајки пред повеќе децении го бараа преку меѓународната јавност големите и заслужни личности на прогресот, имињата кои претставуваат совест на нашата епоха: Анатол Франс, Лав Толстој, Анри Барбис, Алберт Ајнштајн, Пандит Џавахарлал Нехру и многу други великани на човештвото.

Од името на основните човечки слободи и права, ние, некогашните деца од егејскиот дел на Македонија, сега граѓани на повеќе земји во светот (Албанија, Бугарија, ДР Германија, Унгарија, Полска, Романија, Чехословачка, Советскиот Сојуз, Југославија, Австралија, Канада и САД), го креваме својот глас против сите обесправувања на човекот, против сите облици на дискриминација: политичка, национална, расна, верска и културна.

Апелираме да се признаат и да се применуваат и спрема нас Македонците и спрема нашите блиски кои живеат во Грција: Општата декларација на ООН за правата на човекот, Европската конвенција за човечки права; завршните документи од Хелсинки и сите други документи на Меѓународната заедница со кои се заштитува човештвото, неговата сегашност и неговата иднина. Од името на тоа, бараме да се симне забраната со која нам, на Македонците од егејскиот дел од Македонија, ни е одземено правото на враќање во Грција поради тоа што не сме Грци по род.

Нам ни е одземено правото да ги посетуваме своите родители и блиски, своите огништа и сè што ни е најмило. Ние сме лишени од правото да ги посетуваме нашите светилишта, гробовите на своите предци, на своите татковци и мајки, да ги посетиме пријателите и другарите во Грција. Уверени сме дека таквиот нехуман однос спрема нас не може, а да не ги навредува и чувствата и на прогресивната јавност во Грција, некогашната лулка на европската цивилизација!

Живееме во век во кој земјите и народите се определија односите меѓу себе да ги засноваат и да ги градат врз силата на правото, а не врз правото на силата! Затоа апелираме да се преземат и почитуваат сите права на македонското национално малцинство, правото на еднаквост пред законот, правото на заштита на македонскиот национален и духовен интегритет, правото на Македонците да го изучуваат својот мајчин јазик и сите други човечки права.

Ние не сакаме да се повтори нашата судбина, ниту за едно дете на Земјината топка. Ние не сме виновни што сме деца на загинати херои кои братски, еден до друг, се бореа со најпрогресивните синови на грчкиот народ против фашизмот и против носителите на злото и ужасот!

Националните малцинства што живеат на Балканот претставуваат богатство и историска шанса – низ културен натпревар на народите да се изградат цврсти темели на братска соработка и похумана човекова иднина. Свесни сме и уверени дека иднината на Балканот треба да се решава со соработка и разбирање, отвореност, комуникација и демократски слободен развој на народите и малцинствата во сите земји. Денес целиот свет се менува и минува низ процес на ослободување и сестран подем. Ние се залагаме во тој свет на македонското малцинство да му се признаат најелементарните човекови права и достоинства.

Пред нас се покажуваат врвовите на едно величествено столетие во кое треба сите луѓе да живеат во среќно заедништво, без закани и терор, без понижување и прогони, во толеранција и љубов. За триумфот на човештвото во векот во кој влегуваме неопходна е добра волја и напор: со помош на Меѓународната заедница и на сите прогресивни сили, ние сме уверени дека конечно ќе се избориме против сè она што ги разделува луѓето и народите, против сите видови неправди; ние веруваме во подобра и во посветла иднина.

1 јули 1988 година

С к о п ј е

СООПШТЕНИЕ ДО МЕДИУМИТЕ ОД МАКЕДОНСКОТО ДВИЖЕЊЕЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА ОД КАНАДА

eg3

Кон Декларацијата од свечениот Собир што се одржа на 1 јули 1988 година во салата на Скопскиот саем што беше упатена до светската јавност, ќе го поместиме Соопштението до медиумите од Македонското движење за човекови права од Канада во врска со браќањето од грчката граница на Стив Пљакас.

Еве  што пошува Бил Николов Македонско движење за човекови права на Канада. Стив Пљакас, добро познат етнички македонски активист од Канада, беше вратен од грчките погранични власти на границата меѓу Република Македонија и Грција. Господин Пљакас се обиде легално да ја премине границата на граничниот премин Ники (Меџитлија), на 6 јули 2002 година за да ја посети родната земја.

Грчките погранични власти го информираа господин Пљакас дека неговото име е на „Листа на неприфатливи“ за таа земја, иако не можеа да објаснат зошто. Официјалните лица му врачија на господинот Пљакас официјален документ со кој се потврдува дека неговото име е внесено во „Листата на неприфатливи“.

Ова не е прв пат на господин Пљакас да му се забрани влез во Грција. Првпат тоа се случи во 1992 година и оттогаш пет пати му е забранет влез во Грција, вклучувајќи ја и 1996 година, кога беше дел од придружбата на патувањето на  фолклорното друштво „Македонка“ од Торонто. Во таа пригода, на Лили Пљакас, сопруга на господинот Пљакас, и’ беше дозволено да влезе во Грција со фолклорната група, додека тој мораше да остане.

Господин Стив Пљакас е роден на 2 јуни 1940, во селото Зелениче (Склитрон на грчки јазик), а во 1952 година законски емигрирал од Грција во Канада. Оттогаш, нему му е дозволено да го посети своето родно место само двапати.

Господин Пљакас верува дека е ставен на црната листа на Грција веднаш по станувањето активист за правата на етничките Македонци во Грција и секаде на други места. Имено, во 1988 година тој стана претседател на Организацијата „Обединети Македонци“ од Канада, организација која се залага за етничко, културно и духовно единство на сите етнички Македонци родени во етногеографската Македонија и нивните потомци. Во последните две години, господин Пљакас беше и претседател на Македонската православна црква „Свети Климент Охридски“ во Торонто.

Господин Пљакас изјави: „Повикот за праведно постапување кон македонското малцинство во Грција не треба да биде кривично дело. Со ваквото однесување, Грција уште еднаш покажа дека е антитеза на демократска држава во која отворената размена на различни точки на гледишта е прифатена и охрабрувана. Овој вид на однесување „со крената рака ја прави Грција срам за Европската унија.“

Македонското движење за човекови права од Канада активно работи на прашањето за човековите права на Македонците од 1986 година. Тоа ја спроведува својата двојна улога на застапување и образование ширум Канада и на Балканот, меѓу другите активности, истакнувајќи случаи на злоупотреба на човековите права или прекршоци врз припадници на македонските малцинства во земјите на Балканот.

Продолжува

d5 

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

Иселеници

News image

МИТРОПОЛИТОТ КИРИЛ И НЕГОВАТА ДУХОВНО-НАЦИОНАЛНА И ЦРКОВНА МИСИЈА ВО ТАТКОВИНАТА (26)

ПРЕД МОШТИТЕ НА ГРОБОТ НА СВЕТИ КИРИЛ ВО БАЗИЛИКАТА „СВ....

Култура и туризам

News image

„ЈУЖНИ РЕКИ“ ОД ПАНДЕ МАНОЈЛОВ

„ЈУЖНИ РЕКИ“ ОД ПАНДЕ МАНОЈЛОВ       

Фељтон

News image

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ (9)

ВРСКАТА НА ХИПЕРБОРЕЈЦИТЕ (СЕВЕРЦИТЕ) ВО СВЕТОТ (ДЕЛ II) 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.