Среда, 10 Април 2019   
МИТРОПОЛИТОТ КИРИЛ – ПРВИОТ АРХИЕРЕЈ ВО МАКЕДОНСКОТО ИСЕЛЕНИШТВО (21)

MITR12

ОСВЕТУВАЊЕ НА ЦРКВИТЕ  „СВ. ЃОРЃИ“ ВО СИРАКЈУЗ „СВ. ДИМИТРИЈА“ ВО РОЧЕСТЕР И „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ВО ПАСАИК

Bo 1978 година Македонците од Сиракјуз купија ново црковно место, на кое на 21 август 1979 година е поставен крст за изградба на нова црква, а на 16 август 1978 година е положен камен-темелникот. На тоа место е изградена сегашната црква „Свети Маченик Ѓорги“, која претставува значаен прилог во семејството македонски православни цркви во САД. За црквата „Св. Димитрија“на 14 мај 1974 година е поставен и осветен камен-темелникот на монументалниот македонски православен духовен и културно-просветен дом. Пет години подоцна центарот е даден во употреба. МПЦО „Св. Кирил и Методиј“, пак, на 24 ноември 1974 година, официјално е осветена од митрополитот г. Кирил, во сослужение на Методи Гогов, тогашниот повардарски митрополит г. Михаил

Сиракјуз е град и пристаниште на каналот Ири, што се наоѓа на северозападната страна на државата Њујорк, железнички јазол, индустриски центар за моторни возила, за прецизна механика, за хемиска, порцеланска, графичка и друга индустрија. Во него е изградена третата македонска православна црква која го носи името на свети Великомаченик Ѓорги. Овој северноамерикански град е формиран во 1825 година и во него се наоѓа Централната метеоролошка станица на САД.

Таму живеат неколку илјади Македонци од Битолско, особено од селото Велушина, од Преспанско, Леринско и други места. Еден од иницијаторите за изградба на ова македонско-патриотско дело беше познатиот и доблесен иселеник од Велушина Марко Јанкуловски, a значајна мисија има првиот претседател Јован Манговски и првите свештеници Илија Канински и Бранко Пачемски.

Македонците во Сиракјуз се, исто така, градители на црквата „Света Богородица“. Меѓутоа, по сила на околностите, кога таа црква требаше да се најде во крилото на Македонската православна црква, беше одземена и дадена во туѓа управа, со што Македонците ја напуштија црквата, која потоа се расформира и се продаде.

MITR2

Св. Ѓорѓи“ во Сиракјуз

Немајќи друг излез, македонски семејства во Сиракјуз, во август 1963 година се одвоија и организираа собирање на средства. Потоа, во април 1965 година во Сиракјуз пристигна висока црковна делегација предводена од поглаварот на МПЦ архиепископот охридски и македонски г.г. Доситеј, во сослужение на злетовско-струмичкиот епископ г. Наум, ѓаконот Кирил Поповски (митрополитот г. Кирил) и повеќе свештеници во просториите на црквата отслужи света литургија на македонски јазик.

Подоцна, по преуредувањето на црквата во православна, на 21 јули 1968 година е извршено осветување од страна на надлежниот архијереј на Епархијата, митрополитот г. Кирил, во сослужение на свештениците Климе Малевски и Илија Канински, а во присуство на голем број Македонци.

Bo 1978 година Македонците од Сиракјуз купија ново црковно место, на кое на 21 август 1979 година е поставен крст за изградба на нова црква, а на 16 август 1978 година е положен камен-темелникот. На тоа место е изградена сегашната црква „Свети Маченик Ѓорги“, која претставува значаен прилог во семејството македонски православни цркви во САД.

Во октомври 1984 година е завршена изградбата на новата зграда на МПЦ „Св. Ѓорги“ во Сиракјуз, а една година подоцна црквата ја освети надлежниот архијереј, митрополитот г. Кирил во сослужение на бројни свештеници и во присуство на македонски иселеници од повеќе градови.

Меѓу активистите во црковните активности големи заслуги имаат голем број Македонци, меѓу кои посебно место им припаѓа на претседателите: Ристо Божиновски, Крсте Димовски, Ѓорѓи Димовски, Вангел Манговски, Ристо Размовски, Тоде Рибаровски и други, како и свештениците Бранко Пачемски, Лазо Стефанов, Бранко Постоловски, Женската и другите секции.

Во Рочестер, пак, „градот на јоргованите, како што често го нарекуваат овој убав, привлечен и значаен центар, со успех работи македонската православна црковна општина „Св. Димитрија“. Оваа милионска метропола што е сместена на северозападната страна, на брегот на езерото Онтарио, е еден од центрите на лесната индустрија во САД и значајно пристаниште во државата Њујорк. Таму, првите Македонци стигнале меѓу двете светски војни. Нив ги има од Битолско, Леринско, Преспанско, Охридско и други места. Се чини најбројни се буковчани, затоа често се вели дека Буково, Битолско е во Рочестер.

Македонските иселеници во Рочестер почнаа помасовно да се организираат при крајот на 1966 година, кога и го формираа „Македонско-американскиот клуб", во кој членуваа Македонци од сите делови на Македонија. Подоцна, презедоа акција за формирање на црковна општина. Во таа акција учествуваа голем број Македонци, меѓутоа, посебно место им припаѓа на Јован и Ана Галовски од Смилево и на Нове Илиевски од Дихово-Битолско, како и првиот свештеник Ристо Ристовски и на претседателите Александар Огњановски, Миле Цицковски, Пандо Кабровски и други.

За црквата „Св. Димитрија“ важен ден е 11 мај 1969 година, кога општината, една од првите на тие простори, е регистрирана пред американските власти на државата Њујорк. По пет години, на 14 мај 1974 година е поставен и осветен камен-темелникот на монументалниот македонски православен духовен и културно-просветен дом. Пет години подоцна центарот е даден во употреба.

На 19 август 1978 година во присуство на бројни иселеници, гости и претставници од американското општество е извршено осветување од страна на епархискиот архиереј митрополитот г. Кирил, во сослужение на македонски парохиски свештеници од САД и од Канада. Набргу потоа е изграден парохиски дом, a e доградена мала црквичка „Света Недела“ којашто е лоцирана на западната страна од храмот.

Во црквата со успех работеа Македонскиот радиочас, Фолклорната група, Фудбалскиот клуб, Неделното училиште, Женската и други секции.

Македонската православна црковна општина „Свети Кирил и Методиј“ од Пасаик во државата Њу Џерси е една од позначајните македонски духовни центри на северноамериканскиот континент. Идејата за изградба на овој македонски дом била дамнешна. Меѓутоа, организирањето на Македонците на црковен план почна во 1972 година.

MITR3
Црквата „Свети Димитрија“ во Рочестер, Њу Јорк

За купување на зградата на првиот објект на црквата се заслужни поголема група Македонци, мегу кои посебно место му припаѓа на Ѓорѓи Танов, по потекло од Ресен. Тој е и најзначајниот донатор за оваа црква и за првиот македонски манастир во странство „Св. Ѓорѓи“. Исто така, голем придонес имаат и другите 21 членови на управата избрана од Собранието. Нејзин прв претседател беше Богдан Симоновски, Ѓорѓи Танов беше почесен претседател, а големи заслуги, покрај другите, имаат и претседателите Панде Димитровски, Науме Наумовски, Наум Трајковски и др.

Еден од светлите датуми на овој значаен македонски центар е 15 март 1973 година, кога е извршено регистрирањето на црквата кај американските власти во Њу Џерси. На 27 мај истата година, надлежниот архијереј митрополитот г. Кирил, во една руска православна црква ја отслужи првата света литургија на македонски јазик, на која присуствуваа неколку стотини Македонци од повеќе американски држави. Потоа, со одлука на членовите и Управата беше купен друг објект во Пасаик, кој беше преуреден и адаптиран за потребите на македонските верници.

МПЦО „Св. Кирил и Методиј“, на 24 ноември 1974 година, официјално е осветена од митрополитот г. Кирил, во сослужение на Методи Гогов, тогашниот повардарски митрополит г. Михаил, потоа од протаставрофор Борис Поповски и тогашниот парохиски свештеник Јован Босеовски, а во присуство на неколку илјади Македонци.

MITR4
Црквата „Свети Кирил и Методиј“ во Њу Џерси

Како продолжување на традициите на изгорената православна македонска црква „Свети Кирил и Методиј“ во Пасаик, Македонците од Њу Џерси во 1993 година решија да градат нова црква. Таму, во 1994 година купено е место од десетина екари заедно со времена сала на кое место е изградена македонска православна црква, исто така, во стилот на „Св. Богородица“ во Калиште, односно по планот на црквата „Св. Никола“ во Кентон, Охајо, но со зголемени димензии.

На 7 август 1993 година, митрополитот г. Михаил го освети камен-темелникотод на православна македонска црква „Свети Кирил и Методиј“ во Пасаик. На оваа свеченост меѓу другите присуствуваа и тогашниот претседател на Република Македонија г. Киро Глигоров и првиот македонски амбасадор во САД.

За изградбата на оваа црква се заслужни голем број Македонци од почетокот до сегашните активисти, свештеникот Слободан Петковски, потоа бројни донатори и помагачи, Женскатасекција, Фолклорното друштво и другите секции.

Продолжува

slavk

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

Историја

News image

Американски весник во 1914 известува за одржана литургија на Македонски во чест на Кирил и Методиј

Американски весник во 1914 известува за одржана литургија на Македонски во чест на Кирил и Методиј...

Иселеници

News image

СЕЌАВАЊА

Навираат, но не носат светлина во денот Тие овенуваат, ис...

Култура и туризам

News image

ЕСМА РЕЏЕПОВА – ТЕОДОСИЕВСКА – КРАЛИЦАТА НА РОМСКАТА ПЕСНА (27)

НОМИНАЦИЈА ЗА НОБЕЛОВА НАГРАДА ЗА МИР НА ЕСМА РЕЏЕПОВА – ТЕОДОСИЕВСКА

Фељтон

News image

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ (13)

ПРАИСТОТИСКИОТ РАЗВОЈ НА ДРЕВНИТЕ МАКЕДОНЦИ И ЕОЛЦИ – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.