Среда, 31 Јули 2019   
КОРЕНИТЕ НА СЕМЕЈСТВОТО ВИДИНОВСКИ ОД КАНАДА (5)

kjbsn1

БИТОЛА, ГРАДОТ НА РАДА И БОРЧЕ ВИДИНОВСКИ 

Битола, градот на конзулите, како што го нарекуваат е најголем градски центар во Пелагониската Котлина од дамнина и се протега во југозападниот дел на Вардарска Македонија. Исто така, во Пелагониската Котлината припаѓа и дедовскиот крај на семејствата на Ботче и Рада Видиновски, кои се распрскани по многу земји во светот

Убавото село Крстоар, како нејзино предградие, како и селото Живојно, кое е сместено во срцето на Пелагонија, од исток е заградена со Селечка Планина, од североисток со планината Козјак, од север со ограноците на планинскиот масив Јакупица и планините Бабуна и Даутица; од запад со планините: Бушева, Крушевска, Древеничка, Бигла, Баба со врвот Пелистер (2.601 м) и Неретска Планина. Оваа планина кај месното население е позната под името „Вичо Планина“; од јужната страна, преку преседлината Кизли - Дервен, се надоврзува масивот  Ниџе со врвот Кајмакчалан (2.251 м).

На патот од Битола за Крстоар се наоѓа археолошкиот локалитет на античкиот град Хераклеја Линкестис, основан во IV век пред Христа од Филип II Македонски, владетелот на Античка Македонија. Овој антички град доживеал бурна и славна историја испреплетена со просперитети и разурнувања. Со надоаѓањето, со навлегувањето на словенските племиња кон крајот на VI век, престанал животот на античкиот град Хераклеја.

Со населување на Словените во Битолско, припадниците на племето Драговити го основале градот покрај реката Драгор, најверојатно кон крајот на VI век. По нивното повлекување кон Солунско, Битола останала во областа на Берзитите (Брсјаци), кои станале мнозинство во градот, додека од Драговитите, се претпоставува, останало само името на реката Драгор. Берзитите ги претопиле староседелците и набргу градот и околината добиле исклучително словенско обележје.

zxvns2 

Широк Сокак во Битола

Првпат името Битола се споменува во една повелба на Цар Самуил од 1014 година под името „Обител“ – старословенски збор што означува манастирски стан, семејство. Просветителската дејност на свети Климент Охридски била почувствувана и во Битола и Битолско. Во градот со голем број христијански храмови - цркви и манастири (обители) свети Климент имал свои ученици кои ја развивале Битолската препишувачка школа. Самуиловото владеење создало уште поповолни услови за сестран развитокна Битола. Таа станала значаен културен и просветен центар во западниот дел на Средна Македонија.

Царот Самуил ја избрал Битола за една од своите престолнини и во неа изградил раскошен царски дворец. Тогаш Битола станала седиште на Битолската епископија. По смртта на цар Самуил во 1014 гдоина, византискиот цар Василиј II (исто така, Македонец, н.з) со војската стигнал во Битолско Поле, го запалил царскиот дворец, но градот не успеал да го заземе.

Во Битола, во 1018 година била воведена византиска власт. Во тоа време и во Битолско се раширило богомилството, како верско социјално движење со антифеудален карактер. Во 1334 година Битола, заедно со други делови од Македонија, потпаднала под српска власт. До доаѓањето на Турците градот повторно доживеал стопански и културен напредок. Во 1385 година турскиот војсководец Тимур Таш-паша навлегол во Битолско, но при заземањето на Битола наишол на херојски отпор. Турците на крајот го зазеле и ограбиле градот и ја разурнале битолската тврдина, а потоа се повлекле на југ.

Кончено, под турска власт Битола потпаднала по смртта на Крали Марко во 1395 година. Во прво време Турците ги принудиле, речиси, сите жители да се иселат од градот. Бројот на македонските Словени во градот спаднал на најниско ниво, а муслиманите биле во апсолутно мнозинство. Потребите на стопанскиот развиток ги принудиле Турците да им дозволат на македонските Словени повторно да се населуваат во градот.

Тогаш Битола го добила името Манастир и во XVI век таа попримила муслиманско-словенски карактер. Од крајот на XV и почетокот на XVI век во Битола почнале да се населуваат Евреите што биле протерани од инквизицијата од Шпанија и Португалија. Тогаш во градот поголем замав зела трговијата, а се појавиле и некои нови занаети. Евреите извршиле и некои влијанија врз духовната и материјалната култура на македонските Словени и на Турците.

dbll3 

Во 1554 години Евреите во Битола имале 87 семејства. Тие во градот основале своја Талмурска школа. Од турски документи може да се види дека исламизацијата во Битола и Битолско зела поширок замав дури во XVI век. Меѓутоа, дејноста на хритијанските свештеници - калуѓери и епископи не престанала. И покрај слабеењето на Турското Царство во XVII век, Битола продолжила да се развива и да добива изглед на убав град во тогашно значење на овој поим.

Според патеписецот Ами Буе, градот во 1836 година имал околу 40.000 жители. Обемните градежни зафати за потребите на војската и административниот апарат предизвикале расцут на голем број занаети. Навлегувањето на новите капиталистички односи не само што ја развиле, туку и ја осовремениле трговијата во Битола. Битолските трговци одржувале врски со Италија, Австрија, Англија, Франција, Романија, Египет и други.

Тие имале свои филијали во Солун, Виена, Лајпциг, Трст, Одеса и други трговски центри. Бројот на работилниците и продавниците во Битола се зголемил на 2.150, а во разни делови на градот се наоѓале повеќе од 20 специјални пазари: Ат-пазар, Маст-пазар, Житни-пазар, Грав-пазар, Овчи-пазар и други.

Станувајќи дипломатско седиште, во Битола отвориле свои конзуларни претставништва: Англија, Австрија, Русија, потоа Италија, Франција, Романија, САД, Бугарија, Србија и Грција. Вљубениците во Битола, кои редовно ја организираат трибината „Битола низ вековите“, повеле иницијатива градот да прослави јубилеј - 1.000 години од името Битола.

djnzz4

Вљубениците во Битола, кои редовно ја организираат трибината „Битола низ вековите”, поведоа иницијатива градот да прослави јубилеј - 1.000 години од името Битола. Тие се повикуваат на артефакти што се чуваат во Музејот на Битола.

Оваа таканаречена Битолска плоча е трета по старост пронајдена во Македонија. Своевремено била вградена во Сунгур чауш џамијата, попозната како Стара џамија, на чие место претходно постоела црква. Војсководецот Сунгур чауш ја преобразил во џамија, за што сведочи и турскиот историчар, мајорот Теуфик во својата „Историја на Битолскиот вилает”. Плочата во џамијата била поставена како скалило - басамак, врз него се газело, што придонесло текстот да биде видливо оштетен.

Археолозите и историчарите се согласуваат дека плочата настанала при обновувањето на битолската тврдина од царот Иван Владислав. Академикот Владимир Мошин ја студирал содржината на текстот и претпоставува дека таа датира од 1016-1017 година. На неа, меѓу другото, пишува: „Со помош на молитвите на пресвета владичица Богородица и со застапување на врвните 12 апостоли се обновува градот Битола”.

Мермерниот блок со својот видлив текст бил поставен на видно место во тврдината, која денес не постои, зашто при заземањето на градот од Турците битолчани им дале голем отпор, па за казна тврдината, во која се наоѓала и катедралната црква, била урната до темел.

Тимот од Битолскиот музеј, кој работи на истражување на Битолското кале, веќе има изготвено проект за обновување на црквата. Во неа, како што велат, бил крунисан вториот македонски цар Гаврило Радомир, 14 дена по смртта на неговиот татко, цар Самоил.

Продолжува

Katin6 

Пишува: СЛАВЕ КАТИН    

 

На прво место

News image

Замешаноста на Заев во случајот „Рекет“ е се поочигледен

Замешаноста на Заев во случајот „Рекет“ е се поочигледен.

Историја

News image

Кичево, 116 години од битката на „Ѓурѓејца“, 4-ти август 1903 година

Кичево, 116 години од битката на „Ѓурѓејца“, 4-ти август 1903 година

Иселеници

News image

Академикот Ферид Мурад – американски нобеловец (10)

„МАКЕДОНСКИ ИСЕЛЕНИЧКИ МЕРИДИЈАНИ“ – САД

Култура и туризам

News image

Триумфални порти (арки) во Битола

Триумфални порти (арки) во БитолТриумфални порти (арки) во Битола

Фељтон

News image

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ (22)

ПЛЕМИЊАТА  ЈОНЦИ И МИНОИ ОД МАЛА АЗИЈА

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.