Среда, 07 Август 2019   
ИЛИНДЕН Е НАШ, ДЕЛЧЕВ Е НАШ

IZVESTAJ ZA ILINDENSKA PROSLAVA MELBURN 4ИЛИНДЕН Е НАШ, ДЕЛЧЕВ Е НАШ

Прослава одржана под мотото ИЛИНДЕН Е НАШ, ДЕЛЧЕВ Е НАШ

ДОСТОИНСТВЕНА КУЛТУРНА МАНИФЕСТАЦИЈА НА M.A.C.O  ПО ПОВОД ИЛИНДЕН

Во низата на празнувања за големиот национален и верски празник Илинден беше и културната манифестација организирана од страна на Македонската организација на Заедницата во Викторија, Австралија. Манифестацијата се одржа во Sheldon receptions, под мотото “ Илинден е наш, Делчев е наш” на која достоинствено се оддаде почит на загинатите Илинденци и борци во сите борби против фашистичкиот режи, кон сите оние кои ги дадоја своите животи за слободата на Македонија.

Суштинско прашање кое извира од душата на секој Македонец е зошто толку неправди надвиснале над Македонија, зошто постојано земјата запаѓа во криза и опасност од губење територии, име, јазик, историја? Одржувањето на македонскиот дух каде и да се наоѓа игра голема улога во себедефинирањето и напредокот во општеството каде живее. Затоа за поздравување се напорите на сите Македонци каде и да се, дејствуваат и работаат во интерес на Македонија и македонскиот идентитет.

Македонската организација има голем број настани во Австралија кои ги одржува и каде се истакнува убавината на македонските белези, македонскиот јазик, култура, традиција.

Оваа манифестација ги надмина сите очекувања по својот концепт да се означи и испочитува македонскиот национален празник Илинден.

Водител на програмата беше Зоран Димовски, долгогодишен активист во македонската заедница во Викторија.

Почесни гости беа Розета Стојковска (адвокат) и Натали Сулејман од викторискиот парламент која со голема почит ги следи активностите на македонската заедница и упати честитки за македонската организација и Лидија Нешковска за огромниот труд кои го вложуваат за нивна реализација и прифаќање во мултикултурното општество.

Од говорницата се огласија Лидија Нешковска, Гордана Димовска со говор за значењето на Илинден, Сашка Ставрески (За Гоце Делчев)

И за тоа дека најубав начин на прослава нема без традиција  и фолклор го докажаа играорците од ансамблот Тоше и културно уметничкото друштво Јане Сандански. Никола Зацески импресионира со кореографската постановка Драчевка, изведбата на химната Денес над Македонија се раѓа, Кога падна од Пирина и други македонски патриотски песни.

Во забавниот дел учествуваше и Татијана Лазаревска и Express band.

Татијана и Клаудија Гроздановски настапија со рецитал Од срцата на комитите и За Илинден.

Честитки за сите кои допринесоа на свој начин да се одржи оваа манифестација и потпомагаат во напорите да се одржува македонската заедница и да напредува уште повеќе во иднина.

Македонска нација

IZVESTAJ ZA ILINDENSKA PROSLAVA MELBURN 1

IZVESTAJ ZA ILINDENSKA PROSLAVA MELBURN 2

IZVESTAJ ZA ILINDENSKA PROSLAVA MELBURN 3

 

На прво место

News image

Замешаноста на Заев во случајот „Рекет“ е се поочигледен

Замешаноста на Заев во случајот „Рекет“ е се поочигледен.

Историја

News image

Кичево, 116 години од битката на „Ѓурѓејца“, 4-ти август 1903 година

Кичево, 116 години од битката на „Ѓурѓејца“, 4-ти август 1903 година

Иселеници

News image

Академикот Ферид Мурад – американски нобеловец (10)

„МАКЕДОНСКИ ИСЕЛЕНИЧКИ МЕРИДИЈАНИ“ – САД

Култура и туризам

News image

Триумфални порти (арки) во Битола

Триумфални порти (арки) во БитолТриумфални порти (арки) во Битола

Фељтон

News image

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ (22)

ПЛЕМИЊАТА  ЈОНЦИ И МИНОИ ОД МАЛА АЗИЈА

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.