Среда, 11 Септември 2019   
Душко Синадиновски – иселеник од Вратница и американски интелектуалец од Детроит (14)

hbls1

„МАКЕДОНСКИ ИСЕЛЕНИЧКИ МЕРИДИЈАНИ“ – САД

Душко Синадиновски е познат и признат американски вратничанец кој прво дошол во Париз, а по една година пристигнал во Детроит. Таму го продолжил образованието и завршил гимназија, а потоа го завршил Државниот универзитет Веин (Wayne State University), на кој дипломирал на политички науки. По завршувањето на факултетското образование се вработува во Интернационалниот институт на Детроит, а во 1979 година станува програмски координатор за етничка програма на Универзитетот во Детроит. Во 1982 година магистрира и станува магистер по филозофија

Детроит е велеград кој лежи на езерото Ири - една од петте метрополи во Соединетите Американски Држави и седиште на ав­то­мо­бил­ски­те компании „Форд“, „Крајслер“ и „Џенерал моторс“. Тоа е град на авионската и електронската индустрија, кој уште во 1796 година го формирале Французите. Исто така, Детроит е еден од големите центри на афроамериканското население, како и значаен културен, административен и спортски центар на тие аме­ри­кан­ски простори.

Меѓутоа, за нас најзначајно е тоа што Детроит е средиштето на најбројната македонска колонија во Соединетите Американски Држави, во која првите печалбари од егејскиот дел на Македонија се доселиле уште при крајот на XIX век. Денес во него живеат четириесетина илјади Македонци и тоа претежно од Тетовско, Преспанско и Битолско. Затоа, со право се вели дека жителите од село Вратница - Тетовско и од Љубојно - Преспанско се преселиле во Детроит, а нив, за жал, ги има повеќе таму отколку во Македонија и тоа: околу 300 семејства од Вратница, а околу 120 семејства од Љубојно.

Еден од познатите иселеници во Детроит, секако, е Душко Синадиновски. Според неговите биографски податоци, тој е роден на 21 октомври 1949 година во Вратница, едно од најпечалбарските села во Македонија. Осумгодишното образование го добил во ОУ „Симче Настовски“ во Вратница, кое го завршил во 1964 година, а Машинско училиште завршил во Белград.

Судбината, или желбата за подобро утре, во 1968 година го однела во Париз, а по една година пристигнал во Детроит. Таму го продолжил образованието и се запишал во гимназија на Wayne County Community Coledge, која ја завршил во 1972 година. Во 1974 година се запишал на Државниот универзитет Веин (Wayne State University), на кој во 1977 година дипломирал на политички науки.

skbs2

Вратница

По завршувањето на факултетското образование се вработува во Интернационалниот институт на Детроит, како координатор за културни и социјални активности, а потоа работи како двојазичен инструктор во едно  училиште во Детроит. Во 1979 година станува програмски координатор за етничка програма на Универзитетот во Детроит и во 1982 година магистрира и станува магистер по филозофија. Потоа се вработува во Американскиот оддел за одбрана, каде останува да работи шест години, за потоа во 1998 година да отвори сопствен бизнис за осигурување и инвестиции.

Душко Синадиновски се здоби со образование во Детроит, но не го заборави своето родно место, кое повеќе пати го има посетено. Инаку, Вратница е сместена во Полог, во подножјето на планинскиот врв Љуботен на Шар Планина, на надморската височина од околу 700 метри. Селото се наоѓа на магистралниот пат кој води од Тетово до граничниот премин Јажинце на македонско-косовската граница, во непосредна близина на реката Ракита, која се влева во Вардар. Селото Вратница од Тетово е оддалечено 22 километра а се наоѓа на само 5 километри од Јажинце.

Во минатото Вратница била општински центар во која влегувале и селата Јажинце, Рогачево, Старо Село, Беловиште и Орашје, додека денес селото е дел од проширената Општина Јегуновце.

Се верува дека некогашното село Моравце, сместено околу 800 метри северозападно од него, е претходник на денешното современо село Вратница. Поради притисокот на османлиските власти, жителите на Моравце биле принудени да побараат посигурна област за населбата. Првично се населиле во денешно Косово, но на крајот повторно биле принудени да се вратат назад. По нивното враќање, заедно со потомците на иселениците го создале селото Вратница, кое, во пишаните извори за првпат се споменува во 1795 година.

Вратница била цел на идејата за Голема Албанија, откако била објавена со Призренската лига во 1878 година. Во текот на Втората светска војна, таа на кратко се нашла во територијата на Голема Албанија, создадена од балистите. За време на воениот конфликт во Македонија во текот на 2001 година,пак, била цел на постојани напади и дел од борбите кои се случиле во текот на конфликтот.

Во текот на постконфликтниот период, селото се нашло под удар на албанските вандали и терористи, кога заедно со селата Старо Село, Беловиште и Рогачево, биле под практична опсада од членови на т.н. Ослободителна народна армија.

Селото Вратница за првпат било запишано во османлиските дефтери во XV век. Во првите дефтери, населението изнесувало 59 семејства. Селото било под влијание на миграциски движење во текот на XX век, кога голем број на жители се иселувале во САД.

Во 1914 година, вкупното население изнесувало 1.131 жител со вкупно 131 куќа; во 1948 година, имало 1.299 жители и 197 куќи; а според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 505 жители.

Душко Синадиновски е познат и признат американски вратничанец во Детроит. Тој се вклучил во македонската заедница набргу со неговото доаѓање во новата средина. Уште како студент беше иницијатор за формирање на Културното друштво „Слога“ од Детроит со цел да се организираат забави за младите и за афирмација на македонската култура, формирајќи драмска секција. Во тие години беше избран во управата на тетовското друштво „Шар“ и секретар на „Обединети Македонци“ од Детроит.

Инаку, подолг период меѓу Македонците, во градот на автомобилската индустрија, Детроит, постоела иницијатива за формирање и изградба на македонска православна црква. Меѓутоа, таа желба се исполнила дури во 1975 година кога Македонската православна црква „Света Богородица“ била примена под закрилата на Светиклиментовата црква и потпаднала под нејзина јурисдикција и кога митрополитот Кирил отслужил прва литургија на македонски јазик.

ksbb3

Детроит

Еден од активистите кој имаше позитивни - македонски идеи за формирање на македонска православна црква во Детроит беше, секако, Душко Синадиновски. Меѓу другото, тој беше еден од организаторите на првиот состанок со тогашниот прота Методи Гогов, подоцна поглавар на Македонската православна црква , што се одржал во 1974 година; тој беше член на црквата кој придонесе за правичен избор на архитектот кој ќе го направи архитектонското решение за новиот објект на црквата „Света Богородица“; тој помогна од 1976 година Етничката дирекција на Мичиген да ги запише Македонците како посебен народ и дека треба да се претстават пред американската јавност како Македонци; тој успеа во 1982 година, за првпат во публикацијата на Етничката дирекција на Мичиген да биде објавен текст за македонската емиграција во Америка каде беа опфатени историјата и присуството на Македонците во САД; тој успеал на телевизиските и радиопрограмите да ја афирмира македонската нација и Македонија.

Уште во 1977 година со вработувањето во училиштето како двојазичен инструктор, помогна македонскиот јазик да биде официјално прифатен во училиштата и на учениците од македонско потекло да им се даваат инструкции на македонски, а не на српски јазик. Тие ученици или биле родени во Америка или, пак, биле дојдени како мали деца, затоа тие воопшто не можеле да ги разберат инструкциите на српски јазик. Таа пробна програма подоцна се користеше во многу училишта во Мичиген и пошироко, со што македонскиот јазик беше прифатен како втор јазик за голем број ученици, а се вработија бројни македонски наставници да го шират македонскиот јазик меѓу учениците. 

Значајно е да се одбележи дека во 1980 година, Душко Синадиновски со телеграма беше поканет од претседателот на САД Џими Картер во Белата куќа; што беше првпат еден Македонец да биде официјално поканет во Белата куќа; потоа, тој беше иницијатор за собирање  на книги од македонско творештво во Библиотеката во Детроит, кои беа донирани од тогашната Матица на иселениците од Македонија; беше иницијатор, неговиот пријател  Американецот Пери Данкин (Perry Dunkin) да ја посвети неговата докторска диплома на македонската историја во 1979 година, а кој влијаел кај американските власти да се деблокира Вратница во 2001 година. Во 1980 година, пак, по негова молба на конференцијата на Хелсиншкиот комитет Американската делегација го постави прашањето за човекови права на македонското малцинство во Бугарија и Грција.

klbm4   kflbv5

Во 1979 година, како гостин на Матицата учествува на Семинарот за македонски јазик во Охрид. Во текот на престојот се запознал со голем број вистини за македонската лингвистика, за Македонија, а особено за Македонската православна црква - Охридската архиепископија, при што, заедно со странските учесници на Семинарот  посетил повеќе градови со културно-духовни споменици.

Неговата поврзаност со Република Македонија Душко Синадиновски ја потврди кога беше еден од членовите на МАНА  (Македонско- американска национална асоцијација) од Детроит за време на посетата во Македонија во 2003 година. Делегацијата посети голем број села и македонски културни споменици и цркви кои, за жал, беа оштетени или уништени во т.н. војна во 2001 година. Меѓу другото, делегацијата се сретна со високи членови на Владата на Македонија и со американскиот амбасадор во Македонија, Лоренс Батлер (Lawrence Butler).

Во таа пригода Душко Синадиновски го информираше американскиот амбасадор и неговите соработници за немилиот случајот кога во текот на Втората светска војна паднал американскиот авион во непосредна близина на Вратница. Тогаш вратничани ги жртвувале своите животи за да ги спасат пилотите на авионот во тие немирни времиња кога Македонија била под бугарска фашистичка окупација. Една деценија подоцна Американците подигнаа скромен споменик за паднатите пилоти, при што оддале голема благодарност на вратничани и на Македонија за долгогодишната воена соработка. Исто така, Душко Синадиновски предводи мешана американска делегација во Македонија во 2005 година, со цел да се развие механизмот за соработка со републиката.

Од општествено-политичките активности на Душко Синадиновски треба да се одбележи дека во 2013 година тој беше кандидат на СДСМ за пратеник од дијаспората за Америка.

За својот ангажман во  американското општество и во македонската заедница во Детроит, тој е добитник на голем број признанија и награди, меѓу кои, од американските и македонските институции, како и од Македонската православна црква „Света Богородица“ во Детроит.

Продолжува

 Katin6

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Христијан Мицкоски: Изборот е Заев или Македонија

Христијан Мицкоски: Изборот е Заев или Македони

Историја

News image

ПОТЕКЛОТО НА МАКЕДОНСКИОТ И ЈАЗИКОТ НА НАШИТЕ СОСЕДИ

ПОТЕКЛОТО НА МАКЕДОНСКИОТ И ЈАЗИКОТ НА НАШИТЕ СОСЕДИ

Иселеници

Култура и туризам

News image

ЛИЧНОСТИ ОД ПРЕСПА: АМБАСАДОРОТ РИСТО НИКОВСКИ ОД РЕСЕН – ГЛАСНОГОВОРНИК ЗА МАКЕДОНИЈА (10)

ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА ЗА ПРЕСПА ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „МАКЕДОНСКИ ИСЕЛЕНИЧКИ МЕРИДИЈАНИ“

Фељтон

News image

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ (35)

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА АНТИЧКИОТ МИТОЛОШКИ СИСТЕМ НА БАЛКАНОТ – I ДЕЛ

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.