Среда, 09 Октомври 2019   
КОРЕНИТЕ НА СЕМЕЈСТВОТО ВИДИНОВСКИ ОД КАНАДА (15)

gph1

УЧИТЕЛОТ И РЕВОЛУЦИОНЕР ЃОРЃИ ПОП ХРИСТОВ – КРСТОАРЕЦ (II ДЕЛ)

За одбележување е податокот дека во текот на Илинденското востание Ѓорѓиучествувал во нападот на железничката станица во Екши Су и во прекинување на телеграфските жици во регионот, потоа во нападот на касарните во Невеска, како и во други борби

По завршувањето на востанието се повлекува во Грција и е уапсен во Волос. Во своите спомени Поп Христов ќе забележи:

„Во истрагата учествуваа двајца офицери. Прво ме запрашуваат дали знам грчки и зошто не знам... Тие се чудат и велат: – Како така, ти си по потекло од Македонија и да не знаеш грчки, кога Македонија е наша и слично. Потоа прашуваа кој ни го даде оружјето за востанието. Им кажувам: - Никој, со пари сме го купиле од вас и каде сме можеле да најдеме. Тие останаа со уверување дека јас не сум од Македонија, а дека сум бугарски офицер. Не можеа да поверуваат, исто така, дека ние сме го направиле востанието. Велеа: - Бугарски офицери како Сарафов и други го направиле востанието, а не вие. Уште тогаш разбрав каква злоба и какви намери се раѓаат кај Грците против нас... во Македонија“.

Ѓорѓи Поп Христов успешно избегал од притворот во Пиреја, а потоа преку Атина, со помош на архитектот Георги Киселинчев од костурското село Косинец, се префрлил во Варна, Бугарија. Кон крајот на 1903 година, учествувал на состанокот на дејците на Македонската револуционерна организација во Софија, а потоа во пролетта 1904 година заедно со војводата Ванчо Србаков повторно се вратил во Македонија, каде работел на обновување на Организацијата во Битолско, Леринско и Костурско. Во мај 1904 година, учествувал како делегат на Прилепскиот конгрес, а во октомври 1905 година учествувал на Рилскиот конгрес.

Во текот на 1906 и 1907 година, Ѓорѓи Поп Христов кој страдал од реума и се разболел од маларија, останал да се лечи во Бугарија. За да може да го плати лекувањето тој работел како учител во софиско училиште,  а во меѓувреме се оженил со битолската учителка Василка Стефанова која активно ја помагала Македонската револуционерна организација.

gph2   gph3

Ѓорѓи Поп Христов                                                    Крстоар

По расцепот во Организацијата кој настанува на Рилскиот конгрес, Поп Христов зазел неутрален став. Оттука, тој не присуствувал на Ќустендилскиот конгрес кој го организирале конзервативците од 5 до 15 март 1908 година. Сепак, по Младотурската револуција од 1908 година, откако се вратил во Битола каде работел како учител, не го одбегнале внатрешнопартиските пресметки во Организацијата.

Кон крајот на 1909 година, тој бил уапсен по убиството на Црногорецот Ј. Јовановиќ, но по два месеца бил ослободен. Во 1910 година, младотурските власти повторно го затвориле во Мала Азија, од каде во 1911 година успеал да побегне. Пребегал во Бугарија и се вработил во Главната дирекција за статистика.

Пред Балканските војни, Поп Христов повторно се вклучил во дејноста на Македонската револуционерна организација и заедно со Димитар Влахов и Павел Христов правеле напори да ја обединат поделената Организација. Биле свикани сите благотворителни македонски братства и бил избран исполнителен комитет. За претседател бил избран Александар Протогеров, а за секретар Ѓорѓи Поп Христов. Верувајќи дека се бори за ослободување на Македонија, Ѓорѓи Поп Христов како и голем број Македонци учествува во Балканските војни и Првата светска војна.

Во виорот на Втората балканска војна Ѓорѓи Поп Христов повторно се вклучил во Македонско одринско доброволство во Третата бригада под команда на Александар Протогеров. По завршувањето на мегусојузничката војна и Букурешкиот мировен договор кој бил одржан на 10 јуни 1913 година, доаѓа до поделба на Македонија помеѓу трите балкански држави Србија, Грција, Бугарија  и новоформираната албанска држава.

За поделбата на Македонија во Букурешт во 1913 година, Ѓорѓи Поп Христов во своите спомени ќе напише: „Наместо да се случи посакуваната слобода нашата родина Македонија со Букурешкиот договор беше поново поробена и распокината помеѓу Грција,Србија и Бугарија,таа војна и нанесе најголем удар на македонската кауза и ослободителното движење.

gph4 

По Првата светска војна емигрирал во Бугарија и се држел неутрално меѓу спротивставените страни во Организацијата. Во 1921 година учествувал во основањето на Илинденската организација и станал нејзин секретар. По превратот во Бугарија од 9јуни 1923 година, како битолски војвода заминува со Александар Протогеров, Петар Шанданов и други во Албанија од каде преминуваат во Вардарскиот дел на Македонија. Тие го обиколуваат Ресенскиот, Демирхисарскиот, Охридскиот и Кичевскиот Регион и го организираат Битолскиот окружен конгрес. На крајот на септември 1924 година, се вратиле во Бугарија преку Италија.

По убиството на Тодор Александров (1924), Ѓорѓи Поп Христов на Шестиот конгрес на ВМРО во 1925 година, бил избран за член на Централниот комитет. По убиството на Протогеров (1928), Поп Христов ја предводи протогеровистичката струја на ВМРО, која е незадоволна од раководењето на И. Михајлов. Во 1931 година, Поп Христов се повлекол од активната дејност во ВМРО. Починал 1962 година во Софија, Бугарија. Во своите „Спомени“ тој во детали ја опишува историјата од тоа време, посебно активностите на ВМРО.

Ѓорѓи Поп Христов умира во Софија на 20 февруари 1962 година. Во своите спомени, тајни писма и преписки со своите сореволуционери, во   револуционерната архива на Организацијата се среќава под псевдонимите-„Бистров“, „Ѓорги Крстарецот“, „Форов“ѓ  Ѓорги Поп Христов, со своите дела и живот посветен на македонското ослободително дело се издигнува во еден  скромен македонски деец, кој целосно и доследно ѝ служи на македонската кауза, тој претставува еден неуморен работник на ВМРО со силен револуционерен дух, кој поминал една цела животна голгота посветена на македонското ослободително дело.

Ѓорѓи Поп Христов претставувал еден револуционер кој, пред сé, се стремел да обединува и помирува. Тој му служел на македонското револуционерно дело триесет и две години и поминал низ сите фази на  револуционерната епопеја на ВМРО, во која овој битолски (крстоарски) револуционер се издигнал како одличен организатор, стратег и еден неуморен деец целосно посветен во борбата за слобода на Македонија.

Продолжува

 slave

Пишува: СЛАВЕ КАТИН     

 

На прво место

News image

Пропаѓањето на проектот „Северна“

  Пропаѓањето на проектот „Северна“

Историја

News image

ПОТЕКЛОТО НА МАКЕДОНСКИОТ И ЈАЗИКОТ НА НАШИТЕ СОСЕДИ

ПОТЕКЛОТО НА МАКЕДОНСКИОТ И ЈАЗИКОТ НА НАШИТЕ СОСЕДИ

Иселеници

Култура и туризам

News image

ЛИЧНОСТИ ОД ПРЕСПА: АМБАСАДОРОТ РИСТО НИКОВСКИ ОД РЕСЕН – ГЛАСНОГОВОРНИК ЗА МАКЕДОНИЈА (10)

ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА ЗА ПРЕСПА ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „МАКЕДОНСКИ ИСЕЛЕНИЧКИ МЕРИДИЈАНИ“

Фељтон

News image

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ (35)

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА АНТИЧКИОТ МИТОЛОШКИ СИСТЕМ НА БАЛКАНОТ – I ДЕЛ

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.