Среда, 30 Октомври 2019   
ИСЕЛЕНИЧКАТА ФОНДАЦИЈА „АТАНАС БЛИЗНАКОВ“ НА УНИВЕРЗИТЕТОТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ВО СКОПЈЕ (3)

IF1

ДЕЛ ОД ДОНАТОРСТВО НА АТАНАС БЛИЗНАКОВ

Светлината на една топла мисла

вреди повеќе од пари.

Среќата не ни носи богатство и луксуз,

туку смиреност и работа.

 Томас Џеферсон 

Кај Атанас Близнаков секогаш тлеела донаторската љубов и големата хуманост кон луѓето, кон македонското, кон посреќната иднина на човештвото. Така, според неговите зборови, уште во текот на активностите во МАНС, тој и материјално ја помагал оваа организација и, во период од неколку години, меѓу двете светски војни ѝ  подарил повеќе од 500 долари. Потоа го помагал друштвото ,,Александар Велики”, за кое дал исто така повеќе од 500 долари. Подарувал и на други американски институции и цркви.

Во 1971 година, пак, кога станал и член на Македонската православна црква ,,Св. Петар и Павле” од Гери, дал 200 долари како дар на црквата, а потоа постојано давал одредени суми, особено за активностите на секциите, кои пројавувале голем интерес за одржување и ширење на македонската култура, фолклор, обичаи...

Во почетокот на 1973 година, Одборот на македонската православна црква ,,Св. Петар и Павле” од Гери, Индијана, САД, на своето редовно месечно собрание решил да спроведе акција за собирање доброволни прилози за изградба на Македонската соборна црква ,,Св. Климент Охридски” во Скопје.

Избраната комисија во состав: Атанас Близнаков претседател, Панде Тошков, Миле Метловски, Ристо Илиевски, Вангел Шикановски и Ратка Гулабов Попович како членови, во најкус можен рок организирала многу успешна вечеринка, со богата уметничка програма, со цел да се соберат доброволни прилози.

Вечеринката ја отворил претседателот на црквата ,,Св. Петар и Павле” Борис Веловски, известувајќи ги  присутните за нејзината цел, а потоа му дал збор на свештеникот борис Поповски, кој ги информирал присутните за текот на изградбата на Соборната црква.

IF2

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје

Во таа пригода Атанас Близнаков накусо ја опишал историјата на Македонската православна црква и нејзината улога во националниот, политичкиот и културниот живот на македонскиот народ и, меѓу другото, рекол:

,,Драги браќа и сестри Македонци, македонскиот народ со векови се борел за своја национална слобода и црква и денес неговите вековни стремежи се стварност. Македонската православна црква денес живее и работи како автокефална во слободниот дел на Македонија и таа дејствува во сите краишта на земјината топка, секаде каде што има македонски колонии. 

Новата македонска катедрална црква во Скопје ќе им служи не само за религиозните потреби на македонските луѓе, туку ќе биде и споменик и гордост на македонскиот народ, зашто Македонската православна црква е таа која ги удри темелите на славјанската писменост, култура и литература.

Драги браќа и сестри, во овој момент, кога приложуваме парична помош за изградбата на новиот црковен дом во Скопје, да покажеме дека сме достојни наследници на нашите просветители св. Кирил и Методиј; дека сме следбеници на св. Климен Охридски и на другите македонски апостоли на просветата и доброто на човекот, поклоници на верата, културата и прогресот.”

Потоа биле собрани доброволни прилози од многубројните гости на вечеринката, во износ од 3.335 долари, а Атанас дал 200 долари. Притоа, било одлучено комисијата за помош на Соборната црква во Скопје да работи во текот на целата година.

IF3

Играорки на КУД „Мирче Ацев”

Со акцијата на Македонците во Гери, Индијана, членовите на комисијата, сакале да ги поттикнат и Македонците од другите длеови на светот, од Канада, Америка и Австралија, да го исполнат својот патриотски долг и да ја помогнат изградбата на новата црква во Скопје.

Атанас Близнаков финансиски го помагал и гостувањето на КУД ,,Мирче Ацев” од Скопје при посетата на САД и на Канада во 1975 година, за кое е објавен пригоден текст во списанието ,,Македонија” чиј автор е Атанас Близнаков.

IF4      

По доаѓањето во Македонија, Атанас, се концентрирал на формирањето на Фондацијата ,,Атанас Близнакоф” за која како почетен влог подарил 350.000 долари, за во 1999 година, по период од 22 години, колку што тогаш се наоѓаа во ,,Прудентиал секуритѕ” во Чикаго, во САД.

Благодарницата од Македонската православна црква, за неговата донација на Соборниот храм ,,Св. Климент Охридски” во Скопје.

Се чини дека Атанас Близнаков бил најдобриот читател и вљубеник во списанието ,,Македонија”, на кое секоја година му подарувал од сто до петстотини долари. Тоа го правел со голема љубов и почит кон своето списание, како што често знаеше да рече.

Исто така, подарил одредена сум пари на Македонската православна црква, и тоа 500 американски долари на Соборниот храм ,,Св. Климент Охридски” во Скопје и на други објекти.    

Продолжува

 G6
Пишува: СЛАВЕ  КАТИН

 

На прво место

News image

Игор Јанушев шеф на Републичкиот изборен штаб

Генералниот секретар Игор Јанушев ќе биде шеф на Републичкиот изборен штаб на претстојните предвре...

Историја

News image

ПОТЕКЛОТО НА МАКЕДОНСКИОТ И ЈАЗИКОТ НА НАШИТЕ СОСЕДИ

ПОТЕКЛОТО НА МАКЕДОНСКИОТ И ЈАЗИКОТ НА НАШИТЕ СОСЕДИ

Иселеници

Култура и туризам

News image

ЛИЧНОСТИ ОД ПРЕСПА: АМБАСАДОРОТ РИСТО НИКОВСКИ ОД РЕСЕН – ГЛАСНОГОВОРНИК ЗА МАКЕДОНИЈА (10)

ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА ЗА ПРЕСПА ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „МАКЕДОНСКИ ИСЕЛЕНИЧКИ МЕРИДИЈАНИ“

Фељтон

News image

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ (35)

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА АНТИЧКИОТ МИТОЛОШКИ СИСТЕМ НА БАЛКАНОТ – I ДЕЛ

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.