Среда, 27 Ноември 2019   
ИСЕЛЕНИЧКАТА ФОНДАЦИЈА „АТАНАС БЛИЗНАКОВ“ НА УНИВЕРЗИТЕТОТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ВО СКОПЈЕ (7)

atanbliz1

НАЈЗАСЛУЖНИ ЧЛЕНОВИ ЗА ФОРМИРАЊЕТО НА ФОНДАЦИЈАТА „АТАНАС БЛИЗНАКОВ”

Едно име имаме

Во душата го носиме

За тебе живот даваме

О, Македонијо

Народна песна

Советот на Фондацијата „Атанас Близнаков” при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје, веднаш по формирањето презеде низа актинвости. Така на 14.11.1977 година во Ректоратот се одржа седница на која првпат се разгледуваа молбите на кандидатите за стипендии на фондацијата „Атанас Близнаков” за редовни студенти на факултетите на Универзитетот, и тоа: 10 стипендии на редонви студенти по македонски јазик, национална историја, медицина, новинарство, археологија, историја на уметноста и математика и 2 стипендии за редовни студенти на постдипломски студии по македонски јазик.

Се пријавија вкупно 13 кандидати. Од областа на медицинските науки 7 кандидати, историја на уметноста 3 кандидати, математика 1 кандидат, историја 1 кандидат, новинарство 1 кандидат.

Советот сметаше дека релативно малиот број пријавени кандидати се должи на недоволната информираност на студентите и заклучи во иднина на конкурсот да му се даде поголем публицитет. Исто така, беше решено да се разговара со деканите на факултетите за што подобро запознавање на студентите со условите и можностите што ги пружа Фондацијата.

По деталното разгледување на секоја од молбите Советот додели 6 стипендии, и тоа на: Виолета Илиева, од Математичкиот факултет; Гоце Ристовски, од Факултетот за новинарство; Стојче Наумовски и Виолета Тимова од Филозофскиот факултет; Киро Бајатов и Голубе Јаневски од Медицинскиот факултет.

Бидејќи на конкурсот не се јавија кандидати за постдипломски студии на македонски јазик Советот реши да го остави отворен конкурсот до 15 јануари 1978 година и да додели две стипендии за македонски јазик и национална историја.

Меѓутоа, денес Фондацијата „Атанас Близнаков”, која е прва од ваков вид во Република Македонија, предизвикува големо интересирање меѓу студентите, во јавноста во Републиката и сред македонското иселеништво во прекуокеанските земји.

atanbliz2             

Таа, во прв ред, е гордост на донаторите Атанас и Славка Близнакови и претставува подарок за младината и за Македонија, но и поттик за другите добротвори, без разлика каде живеат, да го помогнат побрзиот економски и културен развој на својата Татковина.

Формирањето на Фондацијата „Атанас Близнаков” претставува не само завештание и животна ориентација на познатиот македонски хуманист Атанас Близнаков и неговиот сопатник Славка, туку и светол пример за највисоката просветна институција во Македонија – Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”.

За основањето на Фондацијата „Атанас Близнаков”, секако, најзаслужни се Димче Стојанов Мире и Томе Буклески - Маќули, кои заедно со Атанас Близнаков ја осмислија, ја поддржаа идејата и ја формираа Фондацијата. Со тоа тие станаа и првите доживотни членови на Фондацијата. Како претседатели на Матицата на иселениците од Македонија, тие вложија усилби да се реализира идејата за основање фондација. Тие со својот коректен, исправен и патриотски однос, придонесоа Атанас Близнаков да дојде во Македонија и да основа Фондација.

По смртта на Димче Стојанов – Мире, од 1991 година за постојан и доживотен член е избран Славе Николовски Катин, а по смртта на Атанас Близнаков во 1998 година, за постојан и доживотен член е избрана неговата сопруга Славка Близнакова.

atanbliz3 atanbliz4 atanbliz5 atanbliz6

Димче Стојанов Мире е роден на 10.10.1910 година во Прилеп. Завршил Филозофски факултет – група историја во Белград 1935 година. Тој бил учесник во НОБ и член на СК од 1941 година.

Во животот се наоѓал на следниве работни места и должности: Во виорот на војната активно учествувал во Прилеп и пошироко во Македонија. Тој е еден од видните борци од Прилепско и виден деец во Македонија. Уште во војната бил професор во гимназиите во Пеќ, во Кратово и во Ловеч.

По војната бил на раководни места меѓу кои, шеф на Ка бинетот на Владата; потпретседател на Планската комисија, директор на ПТТ – Скопје; министер за просвета на НРМ; претседател на Народното собрание и на Одборот за просвета; директор на Државниот архив на СРМ; директор на Архивот на Македонија и други функции, а во пензија отишол на 31.10.1980 година.

Димче Мире бил: народен пратеник на АСНОМ, член на Президиумот на АСНОМ, член на Сојузниот одбор на ССРНЈ, член на Архивскиот совет на Југославија, член на Републичката комисија за верски прашања на СРМ, член на Народниот фронт и на Главниот одбор на ССРНМ, претдседател на Друштвото на историчарите на Македонија, пратеник на собранието на СРМ, член на Советот на Институтот за национална историја и др.

Исто така, покрај другото, бил член на Народниот фронт, а потоа на Главниот одбор на ССРНМ; претседател на Матицата на иселениците од Македонија од 1951 до 1962 година; претседател на Советот на Ансамблот „Танец”; претседател на Друштвото на архивските работници на Македонија, а бил именуван за член на Универзитетскиот совет во Скопје и член на Советот за просветни прашања на малцинствата при Сојузниот извршен совет.

Одликуван е со Орден на Републиката со сребрен венец. Орден Братство и единство ИИ ред. Орден заслуги на народот III ред, и Орден на трудот со црвено знаме.

Продолжува

 slave

Пишува: СЛАВЕ  КАТИН

 

На прво место

News image

Христијан Мицкоски- Македонскиот јазик постои, тој е посебен и им припаѓа на Македонците

Христијан Мицкоски- Македонскиот јазик постои, тој е посебен и им припаѓа на Македонците

Историја

News image

Македонскиот етнос и етногенезата на Македонските династии

Краток опис на античката историјата за Македонија и нејзиното име

Иселеници

News image

ОМД: Венецијанската комисија и официјално против законот за јазици

ОМД: Венецијанската комисија и официјално против зако...

Култура и туризам

News image

Брсјаци и Мијаци

Брсјаци и Мијаци, двете најсочувани племиња на нашата територија, вечните ривали но сепак најдобри...

Фељтон

News image

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ (39)

ОЛИМПИСКИОТ ПАНТЕОН ВО ПАНОНИЈА -III ДЕЛ

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.