Среда, 18 Декември 2019   
ИСЕЛЕНИЧКАТА ФОНДАЦИЈА „АТАНАС БЛИЗНАКОВ“ НА УНИВЕРЗИТЕТОТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ВО СКОПЈЕ (10)

stipendii1

КОРИСНИЦИ НА СТИПЕНДИИ ОД ФОНДАЦИЈАТА

 „АТАНАС БЛИЗНАКОВ” 

Е,е,е,е, чекај животе

ти не брзајсе, ми се живее

е,е,е,е, слушај животе

срце Есмино  ќе ти запее

Есма

Од 1979 година до денес Фондацијата „Атанас Близнакоф” имала 273 корисници на стипендии. Тие биле на сите факултети кои се во рамките на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј” во Скопје.

Во оваа прилика ке поместиме изјави на дел од студентите. Така, Билјана Пиперкоска

била една од студентките која беше стипендист на Фондацијата „Атанас Близнакоф”. Таа е родена 1974 година во Скопје каде што го стекнала основното и средното образование. На Медицинскиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје се запишала во учебната 1993/94 година, а дипломирала во октомври 1999 година, со средна оценка – 9,34.

Со оглед на високиот успех што го постигнала уште во прва година на студиите, ја имаше честа сé до дипломирањето да биде еден од корисниците на стипендиите од Фондацијата „Атанас Близнакоф”.

По дипломирањето, ја прашавме Билјана Пиперкоска, која со љубов и почит зборува за Фондацијата, и еве што таа изјави:

Сега веќе како завршен студент, чувствувам потреба и на некој начин должност ми е овие редови да му ги посветам на донаторот Атанас Близнаков, иако тој физички од неодамна не е повеќе меѓу нас. Меѓутоа, постојат личности кои со своите хумани и благородни дела оставаат вечен белег во својата средина и истовремено значат поттик за следење на таквите дела за благодет на човештвото.

stipendii2

Скопје во минатото

Во нашата македонска средина, историскиот гест на Атанас Близнаков во далечната 1977 година беше редок и единствен пример. Има ли нешто похумано и повредно од тоа со децении да се работи далеку од својата родна татковина и сета печалба од таквата макотрпна работа, со огромна желба и со ширината на едно големо срце, да се подари на студентите на нашиот Универзитет.

Овој чин на донаторот Атанас Близнаков, прв во историјата на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” има непроценливо значење да го стимулира она што најдрагоцено знаењето, и да претставува почеток на една убава традиција во нашиот образовен и културен живот. И токму затоа, Атанас Близнаков го зазема првото место на Спомен плочата на донатори, изработена во знак на почит и благодарност за придонесот во создавањето и развојот на творечкиот подем на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје.

Јас ја имав таа привилегија да бидам стипендист на оваа Фондација и за тоа сум неизмерно благодарна. Бидејќи успешно ја завршив мојата обврска, постигнав завидни резултати во студирањето и на тој начин ја оправдав и ја заслужив дадената привилегија, сега можам да кажам дека сиве овие години таа за мене претставуваше мотив и стимул за постигнување што поголем успех и исполнување на долгот спрема овој наш благороден донатор.

Убедена сум дека желбата во оваа пригода, редовиве да му ги посветам на Атанас Близнаков и да ја изразам мојата неизмерна благодарност и почит кон него, всушност, ја чувствуваат сите негови стипендисти успешни студенти”, рече Билјана Пиперкоска.

Александар Николовски, исто така бешееден од студентите на Ветеринарниот факултет кој доби стипендија од Фондацијата „Атанас Близнакоф”.Тој е роден на 10 април 1974 година во Скопје, каде што заврши основно и средно Ветеринарно училиште, а на Ветеринарниот факултет дипломира на крајот од 1999 година.

Како стипендист на Фондацијата „Атанас Близнакоф”, Александар Николовски го изјави следното:

Познанството со Атанас Близнаков датира уште кога бев ученик. Во тие младешки години не можев да навлезам во значење на неговиот хуман гест основање на ваква Фондација која има големи перспективи, која ќе биде од голема корист за студентите и за Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”, ќе биде позната и призната институција и поттик за други наши во дијаспората. Меѓутоа, како студент и денес како доктор по ветеринарна медицина, сметам дека Атанас Близнаков заслужува посебно место во историјата на Универзитетот, на македонскиот народ и во целина на нашата држава Република Македонија. Тој остави завет и средство за неговото име и дело да бидат вечни, многу генерации да го споменуваат и да се сеќаваат на најголемиот донатог на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”.

Коле Киселиновски е млад интелектуалец кој е роден на 26.06.1976 година во Скопје. Се запишал на Филозофскиот факултет во 1994 година и во определениот рок дипломирал.

Еве што изјави за Фондацијата: „Кога завршив гимназија, еден ден гледајќи во нашата библиотека, вниманието ми го привлече една книга со наслов „Спомени за националната, политичката и културната дејност на Македонците во САД и Канада”, од авторот Атанас Близнаков. 

Ја прочитав книгата, ме привлече со нејзината искреност, борбата за опстанок во прекуокеанските земји, но од книгата извираше и големо чувство на патриотизам и љубов кон татковината.

stipendii3

Калето во Скопје

Кога се запишав на факултет, конкурирав за стипендија на Фондацијата „Атанас Близнакоф”. Се интересирав дали станува збор за истиот човек. Беше истиот добриот, чесниот Атанас Близнакаов. Човекот што повеќе се радуваше на туѓата среќа отколку на својата.

Благодарение на неговата стипендија генерации студенти успеаја да завршат различни факултети. Затоа овој човек заслужува не само почит, туку и поклонение. Тоа го правеше зашто ја сакаше Македонија”.

Пецко Десоски беше еден од одличните студенти на Фондацијата „Атанас Близнакоф”. Тој е роден на 20.02.1976 година во Прилеп, каде што завршил основно училиште и гимназија. Во 1994 година се запишал на Медицинскиот факултет.

Кога го замоливме за куса изјава за Фондацијата ,,Атанас Близнакоф”, тој рече: „За Фондацијата „Атанас Близнакоф” дознав онака „ан пасан”, а тоа неочекувано резултираше изненадувачки.

Нема да зборувам за финансиската поткрепа што ја добивам со стипендијата, туку за онаа другата, моралната. Живееме во време на прагма, кога патот до успехот е секогаш долг, а подадената рака е вистинска реткост. Кога се пробиваш низ џунглата од луѓе, желни за победа, каде што важат сите непишани правила на игра, каде што неретко квалитетот е силно потиснат од протекцијата; издвојувањето од толпата ти дава чувство на сигурност, потврда дека принципот по кој се движиш е правилен.

Моментите на слабост се чести, сатисфакцијата не секогаш стигнува. И може да се претпостави таа идолска еуфорија која напливува во мигот на успех, кога ќе биде посочено на оние кои се во група на малкумина кои застануваат на свои нозе; кога се остава своја трага во песокот зад себе. Зацврстувањето на самодовербата и поддршката во дејсвувањето е она што од оваа Фондација го добив, рече Пецко Десоски.

Бела Глигорова е еден од тогашните студенти кои добиваа стипендија од Фондацијата „Атанас Близнакоф”. Таа беше студент во четврта година на Филолошкиот факултет „Блаже Конески” при Катедрата за англиски јазик и книжевност. Кога ја прашавме за Фондацијата, еве што таа изјави:

stipendii4 

Скопје

Како личност која никогаш во животот не добила парична награда за вложениот и честопати омаловажуван труд од областа на науката и културата, стипендијата на Фондацијата „Атанас Близнакоф”, односно нејзиното добивање на втората година од студиите по англиски јазик и книжевност ми приреди големо задоволство. Би згрешила кога би рекла дека со задоволство ја примив веста, телефонски соопштена. Напротив врескав од радост и од среќа и сé уште го правам тоа секој месец кога одам да ја подигнам мојата парична награда.

Меѓутоа, месечниот износ којшто се добива не е изворот на таа среќа, барем не е изворот на мојата среќа. Се разбира дека сумата не е за потценување, но на што ме исполнува е сознанието дека мојот универзитетски труд, мојата академска надградба се вреднува, дека таа сепак важи нешто овде кај нас.

Токму тоа чувство е моето „спиритус мовенс”, она потребно количество позитивна енергија, толку мало, а сепак толку неопходно да се продолжи понатаму. И мрачните факултетски ходници, и изгледот на наставата што се нема нималку изменето уште од раните почетоци на универзитетската наобразба кај нас, и недостатокот на простории за работа, и парталавите книги што треба да ни служат како основни помагала во учењето, и сите тмурни лица на факултетскиот технички персонал, и времето од кое ни зависи потребната топлина за работа, и сите други мали и големи дневни фрустрации како да се бришат од мојата свест, благодарение на оваа моја парична награда.

Се надевам дека во иднина нема да им биде скратено ова задоволство на генерациите коишто доаѓаат, дека Фондацијата нема да се затвори поради икс причини и да се укине доделувањето на стипендиите.

Имам една желба, можеби звучи по малку надреално, но сепак е искрена и непресушна; би сакала да доживеам да видам како младите граѓани на оваа земја, идните академски граѓани, доживуваат вакви, налик на моите среќни мигови. Да не чекаме да изминат векови додека се појави, самоиницијативно, некоја друга хумана личност, како што беше Атанас Близнаков, туку да дејствуваме сега”, рече Бела Глигорова, студент на четврта година на Филолошкиот факултет„,Блаже Конески”, на Катедрата за англиски јазик и книжевност.

Слични или идентични изјави добивме и од други поранешни и сегашни студенти на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”, кои со одушевување и восхит зборуваат за Фондацијата „Атанас Близнакоф” и за ликот и делото на Атанас Близнаков. Се чини Фондацијата е многу популарна меѓу студентите и при конкурирањето постојано се јавуваат многу повеќе кандидати од бројот кој е определен. Затоа изборот на стипендистите претставува избор на најдобрите меѓу одличните.

Продолжува

 slave

Пишува: СЛАВЕ  КАТИН

 

На прво место

News image

Македонија да ја направиме повторно Горда

  Претседателот на Унија на Ветерани на ВМРО-ДПМНЕ Мане Јаковлески на средба кај Мет...

Историја

News image

Титовите слуги измислуваат македонски национализам

На 18 јули о. г. сите дневни весници од Југославија донесоа подолги извештаи од заседанието на Секре...

Култура и туризам

News image

Верувања од Разлошко

Градба на куќа Кога се започнува да се копа темел за градење нова куќа, обично, се почнува со работ...

Фељтон

News image

ВИСТИНАТА ЗА МАКЕДОНЦИТЕ ВО САД И ВО КАНАДА – (ДЕЛ II) (28)

ДЕЛ ОД ЖИВОТОТ НА АТАНАС БЛИЗНАКОВ ВО МОНОГРАФИИТЕ НА СЛАВЕ КАТИН

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.