Среда, 15 Јануари 2020   
РАДА ВИДИНОВСКА И НЕЈЗИНАТА ПОСВЕТЕНОСТ НА ПОЕЗИЈАТА (11)

sredbi1

ЗНАЧАЈНИ ПОЕТСКИ СРЕДБИ ЗА РАДА ВИДИНОВСКА

Рада Крстевска – Видиновска е Канаѓанка од македонско потекло, родена во селото Живојно, а мажена во Крстоар, Битолско. Околу педесет години живее во Канада каде стана македонски иселенички писател, поет, есеист и раскажувач. За неа поезијата е, всушност, нејзин живот.

Во нејзината поезија се испреплетени нејзините две татковини, Македонија и Канада. Преку нејзините скромни поетски рамки и преку нејзините дела се проектира македонската иселеничка историја, живот, носталгија ... Затоа, со право се вели дека Рада е личност за почит и пример од која можат и треба да се огледаат и други Македонци во двете татковини, Канада и Македонија.

Уште како ученичка била вљубеник во пишаниот поетски збор, но почнала да пишува во периодот кога била активна во македонските асоцијаци и во Торонто во седумдесеттите години од минатиот век, Така, почетокот го означила кога свои стихови објавила во гласилото на „Обединети Македонци“. Меѓу првите објавени песни на Рада Видиновска беше песната „Земјо моја мила“. Во оваа песна со патриотски дух ја изразува својата љубов и почит кон родната татковина Македонија, кон својот народ и кон сè она што е македонско.

Во 1988 година Рада Видиновска ги објавува во весникот „Македонија“ од Торонто песните „Македонија“ и „Цвет“. Двете песни се со патриотски дух и се однесуваат на поделена Македонија, која е како цвет на Балканот. Овие песни наидоа на убав прием кај читателите.

Наредната 1989 година, во текот на летниот период Литературното друштво „Браќа Миладиновци“, за првпат зеде учество на „Струшките вечери на поезијата“ во Струга, во градот на браќата Миладиновци, манифестација која се одржува на крајот на август месец секоја година.

sredbi2

На Струшките вечери на поезијата

За првпат во градот на поезијата дојдоја членови на Литературното друштво „Браќа Миладиновци“ од Торонто, и тоа: Рада Видиновска, Драгица и Никола Белчевски, Алексо Лозановски и Ратка Шапас, кои настапија со свои творби во повеќе градови во Македонија.

Така, на првиот ден, односно на отворањето на Струшките вечери на поезијата во хотелот „Дрим“ настапија Рада Видиновска, Драгица Белчевска и Никола Белчевски, додека во градот на грозјето и виното, Кавадарци, настапи Алексо Лозановски, а во градот на текстилот-Штип, настапи Ратка Шапас.

Исто така и во Скопје, во организација на Друштвото на писателите на Македонија, во Народната и универзитетска библиотека се одржа литературно читање, на кое зедоа учество членовите на Литературното друштво „Браќа Миладиновци“, Рада Видиновска, Драгица Лапајковска - Белчевска, Алексо Лозановски, Никола Белчевски и Ратка Шапас. Исто така настапија и други поети од прекуокеанските земји, меѓу кои беа: Душан Ристевски, Димче Џајковски, Горјан Маслинковски, Бранко Наумовски и Васка Дренкоска, како и поголем број реномирани поети од Република Македонија,

За Рада Видиновска која за првпат учествуваше на Струшките вечери на поезијата значаен беше и моментот на средбата во манастирот „Свети Наум Охридски“, со носителот на „Златниот венец“ на СВП за 1989 година, австралискиот поет Томас Шапкот. Потоа, Рада Видиновска настапи на Меѓународната поетска вечер што се одржа во Хераклеја крај Битола, на која, исто така, настапија и поети од повеќе земји.

Во 1991 година, Рада Видиновска по вторпат дојде во Македонија и учествуваше на „Струшките вечери на поезијата“. На вечерите настапија поети со светско реноме од  дваесеттина земји. Носител на  „Златниот венец“ за 1991 гидина беше Јосиф Бродски, Русин кој живее и твори во Америка. За жал, тој не присуствуваше на оваа значајна манифестација од безбедносни причини.

sredbi3

На овие „Струшки вечери на поезијата“ Рада Видиновска имаше чест да биде претставник од Канада. Учествуваше со свои творби на отворањето и затворањето на вечерите, како и имаше настапи во седум градови низ Македонија. Секако за неа беа спектакуларни настапите на првата вечер на отворањето на вечерите наречена „Меридијани“, а и на затворањето на СВП настапот на последната вечер „Мостови“.

Карактеристично за Рада Видиновска беше и тоа што после „Струшки вечери на поезијата“, заедно со 25 македонски поети беше учесник на одбележувањето на вечер посветена на македонскиот современ поет Коле Неделковски што се одржа во Велес. Сите поети кои беа во Велес, меѓу кои беше и Рада Видиновска го посетија родното место на поетот Коле Неделковски, Фојница, каде на бистата на поетот положија свежо цвеќе, а го посетија и неговото училиште кое денес е музеј.

Исто така, во таа година поетесата Рада Видиновска беше претставена со свое интервју и на  Македонското радио во емисијата „Нашите во светот“ Во емисијата, меѓу другото беше речено дека меѓу македонското иселеништво израснаа и видни творци од разни области, како што е поетесата Рада Видиновска која е составен дел на мултикултурата на Канада.

За Рада Видиновска е карактеристична 1992 година. Таа е година кога Литературното друштво „Браќа Миладиновци“ го прослави петгодишниот јубилеј од неговото постоење. Покрај јубилет на Друштвото посебен белег на вечерта остави претставувањето на првата звирка песни на Рада Видиновска под наслов „Бисерни капки од Нијагара“.

Песните што се објавени во оваа стихозбирка се прва покомплетна објава на поетесата Рада Видиновска, независно што и претходно таа била присутна во одделни книжевни гласила во татковината и во Канада. Во првата нејзина книга се собрани повеќето нејзини досегашни напишани песни од кои не е тешко да се заклучи дека станува збор за една автентична поетска мисла и оригинална идеја.

Годината 1992 е најзначајна за поетесата Рада Видиновска, бидејќи таа тогаш стана носител на „Иселеничката грамота“, награда што на Струшките вечери на поезијата за првпат ја додели Матицата на иселениците од Македонија. Оваа награда ѝ беше доделена на Рада Видиновска за нејзиниот севкупен поетски опис во стихозбирката „Бисерни капки на Нијагара“.

Со добивањето на високото иселеничко признание и настапот на 30. Струшки вечери на поезијата во 1992 година, Рада и Борче беа гости на Меѓународниот поетски митинг во Куршумли ан како завршна приредба на оваа меѓународна манифестација. На завршната средбата настапија повеќето од учесниците на „Струшките вечери на поезијата“, меѓу кои имаше настап и поетесата Рада Видиновска од Канада. Тоа беше можност скопската публика да ги слушне и доживее поетските гласови на повеќе поети од Македонија и од бројни земји во светот.

Активностите за Рада Видиновска по „Струшките вечери на поезијата“ продолжија со  промоцијата на  нејзината стихозбирка „Бисерни капки од Нијагара“, која се одржа и во Битола, а е издание на Книгоиздателството „Везилка“ и Литературниот клуб „Стале Попов“, а рецензент е писателот Анте Поповски,. Така во кафеаната „Гемиџиите“, во присуство на поголем број гости, а во присуство на Рада и Борче Видиновски и нивни пријатели, книгата ја промовираше поетот Илија Мерковски.

И во наредната 1993 година, Рада Видиновска учествуваше на „Струшките вечери на поезијата“ како претставник на Литературното друштво „Браќа Миладиновци“ од Торонто. Тоа беше нејзино трето учество на поетските вечери во Струга, а учествуваше и на други литературни претстави во повеќе градови во Македонија.

Исто така, во текот на посетата на Рада и Борче Видиновски во 1993 година, присуствуваа на промоцијата на книгата „Од раѓање до генерал“ – романсирана биографија на Михајло Апостолски од писателот Коце Солунски. Ова дело го промовираше писателот Гане Тодоровски и генералот Димче Савевски, а се одржа во просториите на Друштвото на писателите на Македонија.

sredbi4

На Струшките вечери на поезијата

Меѓутоа, таа година за поетесата Рада Видиновска ќе биде запаметена и по промоцијата на нејзината стихозбирка „Белези на душата“. Промоција на ова трето нејзино поетско дело беше одржана во Домот на културата во Битола, под покровителство на  Друштвото на Матицата на иселениците од Битола, а пред  поголем број љубители на пишаниот збор. На оваа промоција за авторот Рада Видиновска и за стихозбирката „Белези на душата“ зборуваше битолскиот писател Кире Неделковски.

Во тие години Рада и Борче Видиновски  секоја година доаѓаа во Македонија, во нивното Крстоар. Така, и посетата во 1995 година, на својот роден крај ја искористија за да присуствуваат и на 24. иселенички собир што се одржа  на големиот македонски празник Илинден во дворот на црквата „Света Богородица“ во  селото Трново, Битолско.

Исто така, при оваа посета на Македонија Рада и Борче Видиновски  присуствуваа на концертот на најдобрите млади пијанисти што беше организиран од Музичката  младина на Македонија, а се одржа во галеријата на Даут Пашиниот амам.

Меѓутоа, за поетесата Рада Видиновска ќе остане во сеќавање промоцијата на нејзината најнова стихозбирка „Белези на душата“, која излезе во рамките на едицијата „Македонците во светот“ на издавачот „Матица Македонска“ од Скопје. Ова дело беше промовирано во просториите на Матицата на иселениците од Македонија, а за него говореше писателот Раде Силјан, а стихови интерпретираше артистот Вукан Диневски.

Учеството на Рада Видиновска на Струшките вечери на поезијата и потоа на сите манифестации што се одржаа во Македонија и во Канада беа повод за неа, нејзините поетски остварувања и нејзината поезија да бидат објавени текстови во гласилата: „Македонија“, „Македонски весник“, „Вечер“, „Време“, во списанијата „Македонија“, „Современост“, „Жена“, „Стожер“, „Битолски весник“ и други. Со тоа Рада стана една од најактивните членови во Литературното друштво „Браќа Миладиновци“ како и во македонската заедница во Торонто, Канада и една од најголемите поетеси од македонската дијаспора.

Продолжува

 KatS

Пишува: СЛАВЕ КАТИН    

 

На прво место

News image

Кризата со Ковид 19 – генерална проба за „светската Влада“

Нуклеарната „печурка“, после првата проба на атомска бомба во пустините на Невада во 1945 го...

Историја

News image

Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (57)

Голем број познати личности од јавниот живот говарат за ликот и делото на Мане Јаковлески. За неко...

Иселеници

News image

ПОЕТСКАТА ПРИКАЗНА ЗА РАДА КРСТЕВСКА – ВИДИНОВСКА (5)

ДЕЛ ОД ПУБЛИКАЦИЈАТА „МАКЕДОНСКИ ИСЕЛЕНИЧКИ МЕРИДИЈАНИ“ ...

Култура и туризам

News image

ПОКЛОНЕНИЈА ПРЕД ГРОБОТ НА СВЕТИ КИРИЛ ВО РИМ (5)

ВЕСТИТЕ ЗА КИРИЛ И МЕТОДИЈ СПОРЕД ИТАЛИЈАНСКАТА ЛЕГЕНДА

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (21)

ФЛЕГИЈЦИТЕ НА БЕОТИЈА И НА ТЕСАЛИЈА - ДЕЛ I

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.