Среда, 29 Јануари 2020   
ИСЕЛЕНИЧКАТА ФОНДАЦИЈА „АТАНАС БЛИЗНАКОВ“ НА УНИВЕРЗИТЕТОТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ВО СКОПЈЕ (16)

2deceniifond1

ДВЕ ДЕЦЕНИИ ОД ОСНОВАЊЕТО НА ФОНДАЦИЈАТА „АТАНАС БЛИЗНАКОВ“

За одбележувањето на 20-годишнината од основањето на Фондацијата ,,Атанас Близнаков” при Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј” во Скопје, беше изготвена предлог-програма за која се грижеше Одборот од следните лица: Атанас Близнаков, основач на Фондот и постојан член на Советот на Фондацијата, Томе Буклески, постојан член на Советот на Фондацијата, Славе Николовски – Катин, постојан член на Советот на Фондацијата, проф. д-р Радмила Кипријанова, ректор на Универзитетот, проф. д-р Александар Андоновски, проректор на Универзитетот, Душко Сековски, генерален секретар на Универзитетот и Дочка Тодоровска, секретар на Фондацијата

На свечената седница покрај членовите на Одборот присуствуваа: проф. д-р Саво Климовски, претседател на Сенатот на Универзитетот, проф. д-р Димитар Керамитчиев, претседател на Матицата на иселениците од Македонија, Васил Зигоманов, секретар на Матицата на иселениците од Македонија, митрополитот Кирил, архиереј на Полошко-кумановската епархија, деканите, членовите на Советот на Фондацијата ,,Петар Стаматоф”, претставници на Министерството за надворешни работи,  на Министерството за финансии, Министерството за образование и физичка култура, Министерството за наука, роднини и пријатели на Атанас Близнаков, досегашни дипломирани стипендисти на Фондацијата, сегашни стипендисти и други гости.

По повод овој свечен чин, 20-годишнината од основањето на Фондацијата ,,Атанас Близнаков” при Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј” во Скопје, во просториите на Универзитетот, на 18 мај 1997 година со почеток во 11 часот се одржа свечена седница на Советот на Фондацијата.

2deceniifond2      2deceniifond3

На свечената седница на присутните им се обрати ректорот на Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј” проф. д-р Радмила Кипријанова. Таа покрај другото, рече:     

Почитувани членови на Советот,

            Почитувани студенти стипендисти,

            Почитувани гости,

            Денешнава свечена седница на Советот на Фондацијата ,,Атанас Близнаков” при Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј”, на која, поради здравствени причини, првпат меѓу нас не е присутен почитуваниот господин Близнаков, ја организираме по повод дваесетгодишното непрекинато дејствување на оваа Фондација и истовремено, да ја изразиме нашата голема благодарност за хуманиот и благороден гест на неговиот основач, почитуваниот господин Атанас Близнаков, кој е всушност и првенец во редот на донаторите на нашата универзитетска средина. И не случајно, тој го зазема првото место на Спомен-плочата на донатори изработена во знак на почит и благодарност кон сите кои дадоа значаен придонес во создавањњето и развојот на творечкиот подем на Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј”, а по повод минатого­дишното чествување на нашиот патронен ден.

Името и делото на почитуваниот господин Атанас Близнаков е широко познато и присутно меѓу македонските иселеници и меѓу македонската јавност. Тој ѝ припаѓа на напредната и прогресивна генерација од првите доселеници на американскиот континент, кој, далеку од својата родна земја, целиот свој живот го посвети на слободата и напредокот на македонскиот народ.

Веднаш по враќањето во Македонија, тој и натаму продолжува да го дава својот придонес на својот народ, при што, не помалку забележителна е неговата творечка и публицистичка дејност посветена на револуционерното организирање и движење на Македонците во далечната прекуокеанска Америка.

Изразувајќи ја својата приврзаност кон Македонија и Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј”, својата макотрпна печалба остварена во далечна Америка, почитуваниот господин Близнаков, со посебно задоволство и готовност ја стави во функција на создавање материјални услови за студирање на нашите студенти. Така, овој хуман гест во 1977 година, со неговото завештание и тестамент, е изразен преку формирањето на Фондација за стипендирање студенти - ,,Атанас Близнаков”. Овој чин, прв во историјата на нашиот Универзитет, има двојно значење.

Првото и основното е содржано во самата намена на Фондацијата, во мотивот и желбата на Атанас Близнаков да го стимулира она што е најдрагоцено и најпотребно за секој народ – знаењето.

Второто значење на овој чин произлегува од фактот што со него се создава една традиција во нашиот образовен и културен живот, традиција со која на недвосмислен начин се манифестира приврзаноста и љубовта на нашите сонародници кон својата земја.

Од формирањето на Фондацијата ,,Атанас Близнаков” до денес, чест да бидат корисници на стипендии имаа 214 студенти од поголем број факултети од сите научни области: од техничките науки, природно-математичките, медицинските, општествените, биотехничките науки и од уметностите, а од нив со високо образование се стекнале над 150 стипендисти.

Големото благородно дело на нашиот сонародник прв донатор Атанас Близнаков, претставува своевиден пример и поттик за младите генерации да придонесуваат во развојот на науката и афирмацијата на Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј”, а со тоа да учествуваат во развојот, јакнењето и угледот на нашата држава, за што тој, низ целиот свој животен пат се залагаше и придонесуваше.

Во тоа име, дозволете ми, уште еднаш да ја изразиме нашата голема благодарност за неговото хумано длео, да му посакаме добро здравје и да му ги пренесеме нашите искрени желби тој да биде свидетел на уште многу дипломирани студенти – стипендисти на Фондацијата ,,Атанас Близнаков”, истакна д-р Кипријанова.

По повод 20-годишнината од основањето на Фондацијата ,,Атанас Близнакоф”, телеграма со изрази на почит до Советот на Фондацијата, испрати претседателот на Република Македонија, г. Киро Глигоров. Во телеграмата, меѓу другото, тој вели:

,,Почитувани господа, драги пријатели, искрено жалам што сум спречен да присуствувам на свеченото одбележување  на 20-годишнината од основањето на Фондацијата ,,Атанас  Близнакоф” поради ангажираност со други службени обврски. Ви ја честитам годишнината и Ви посакувам плодотворна работа на полето на едукацијата на стручни кадри кои ќе го понесат натамошниот развој и просперитет на нашата земја.”

Исто така, и претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Тито Петковски, испрати телеграма до Ректорот на Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј”, и до Советот на Фондацијата ,,Атанас Близнаков”, во која се вели:

,,По повод одбележувањето на 20-годишнината од основањето на Фондацијата ,,Атанас Близнакоф”, извонредно значајна донација која во изминатиот период во голема мера придонесе материјално да се поддржи едуцирањето на младите и талентирани студенти, ги упатувам моите честитки за 20-годишниот јубилеј, а наедно преку Советот на Фондацијата, молам да бидат пренесени моите поздрави и желби за добро здравје до г-дин Атанас Близнаков.”

2deceniifond4

Дел од присутните при формирањето на Фондацијата

Телеграма со слична содржина пристигна до Советот на Фондацијата ,,Атанас Близнаков” при Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј” и од претседателот на Владата на Република Македонија, Бранко Црвенковски.

Во неа се вели:

,,Најсрдечно Ви се заблагодарувам за поканата да присуствувам на свечената седница на Советот на Фондацијата ,,Атанас Близнаков”, по повод 20-годишното постоење на оваа прва значајна фондација во нашата Република.

Во текот на 20-годишното постоење на оваа Фондација, на голем број млади луѓе им беше овозможено да се школуваат на нашиот Универзитет, со што остварува значајна образовна и хумана функција.

Искрено и од се’ срце го честитам јубилејот на оваа значајна Фондација, со желби за добро здравје и успеси во реализацијата на вашата благодарна мисија.”

Во периодот до прославата на 20-годишнината од формирањето на Фондацијата ,,Атанас Близнаков” имаше бројни преписки со Агенцијата ,,Пруденшијал секјурити” во Чикаго. Тие се однесуваа на имотот и акциите во САД. Така, во 1993 година имаше интензивна кореспонденција и со други правни лица и, од повеќе одговори, сугестии и препораки, тој се одлучи да ја препушти работата и понатаму да ја води Агенцијата; таа да ги продаде акциите и средствата, да ги депонира и тие да останат во САД на име: ,,Фондација Атанас Близнаков” Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј” – Скопје, Македонија”, што беше негова голема желба, бидејќи тој сметаше дека парите нема да загинат, туку ќе се користат за целите што тој ги одредил. Во прилог на книгата го давам неговото последно писмо, на англиски јазик, што тој го испрати до господинот Роберт Хардин, човекот кој многу искрено и чесно се грижи за Фондацијата. Писмото е со оригинален потпис на Атанас Близнаков.

Продолжува

 KatS
Пишува: СЛАВЕ  КАТИН

 

На прво место

News image

Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги усвои победничките листи за парламентарните избори

  Муцунски: Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги усвои победничките листи за парламентарните...

Историја

News image

Гоце Делчев неприкосновен лидер на македонската револуционерна борба

Општонародниот водач на македонската ослободителна борба Гоце Делчев е роден на 4 февруари 1872 годи...

Иселеници

News image

НАЈГОЛЕМО ПРИЗНАНИЕ ЗА АНСАМБЛОТ „Томов“ И ЗА ГЕОРГИ (ЏОРЏ) ТОМОВ (19)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ТОМОВ“  НА СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

News image

Велигденски пост

Првичната цел на предвелигденскиот пост била насочена кон огласените, кои се припремале да бидат крс...

Фељтон

News image

АКТИВНОСТИ НА ФОНДАЦИЈАТА ПО СМРТТА НА АТАНАС БЛИЗНАКОВ – (ДЕЛ II) (25)

ДЕЛ ОД ЖИВОТОТ НА АТАНАС БЛИЗНАЈОВ ВО МОНОГРАФИИТЕ НА СЛАВЕ КАТИН

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.