Среда, 19 Февруари 2020   
Јавен повик од ДИК за пријава и увид во Избирачкиот список за дијаспората

3131

Јавен повик од ДИК за пријава и увид во Избирачкиот список за дијаспората

Државната изборна комисија (ДИК) објави јавен повик за пријава и увид во Избирачкиот список за гласање во странство за предвремените парламентарни избори. Во повикот, македонските државјани кои се на привремена работа или престој во странство се информираат дека на 12 април ќе се одржат предвремени избори и дека гласањето во ДКП-та и конзуларните канцеларии ќе се одржи на 11 април.

ДИК ги повикува македонските државјани кои сакаат да го остварат своето гласачко право да извршат увид во посебните изводи од Избирачкиот список во просториите на ДКП на Република Македонија во периодот од 26 февруари до 11 март. При увидот треба да се идентификуваат пред надлежното лице со важечка патна исправа или со важечка лична карта издадена од надлежен орган на Македонија. Увидот може да се изврши и преку интернет страната на ДИК http://www.sec.mk.

Барањата за запишување, дополнување или бришење на податоци во Избирачкиот список за време на јавниот увид се поднесуваат преку апликацијата со лична електронска пошта до ДИК во периодот од 26 февруари до 11 март.

Македонските граѓани во дијаспората кои сакаат да гласаат на предвремените парламентарни избори пријавувањето за гласање треба да го извршат во периодот од 16 февраури до 11 март, а пријавата за гласање своерачно потпишана се доставува до ДКП-та односно конзуларните канцеларии на РСМ во државата каде што престојуваат и живеат или се испраќа преку веб апликацијата поставена на интернет страницата на ДИК. Ова се однесува на државјаните на РМ кои се на привремен престој во странство повеќе од три месеци или се на привремена работа или престој во странство повеќе од една година.

Македонските државјани кои претходно го имаат пријавено пред надлежен орган својот привремен престој или привремена работа во странство, односно државјаните за кои МВР има евиденција дека се на привремен престој или привремена работа во стрнаство, поднесуваат само пријава. Оние државјани, кои претходно не го пријавиле својот привремен престој во странство или привремена работа пред надлежен орган во земјава, односно државјаните за кои МВР нема евиденција дека се на привремен престој или привремена работа во странство, задолжително доставуваат скенирана копија од документи како доказ за престој во странство и тоа документ/потврда или копија од документот за докажување на привремен престој во сранство повеќе од три месеци или за привремена работа или престој во странство повеќе од една година или дозвола за престој или работа во странство, издадена од надлежен орган од соодветната држава или копија од дозволата за престој или работа во странство.

Право на глас имаат сите македонски државјани, кои имаат пријавено последно живеалиште во Македонија, а на денот на гласањето привремено престојуваат во странство, повеќе од три месеци или се на привремена работа или престој во соодветната држава, повеќе од една година, согласно евиденцијата од надлежен орган, а кои од 16 февруари до 11 март 2020 годна, доставиле пријава за гласање и се запишани во посебните изводи од  избирачкиот список.

На предвремените избори за пратеници во Собранието, можат да гласаат само македонските државјани кои се на привремена работа или престој во странство, а кои доставиле пријава за гласање и се запишани во посебните изводи од Избирачкиот список. Сите останати државјани, кои имаат избирачко право, а не поднеле пријава за гласање, ќе бидат запишани во изводите од Избирачкиот список за гласање, согласно нивното пријавено последно живеалиште во Македонија.

Гласањето ќе се одржи во сабота, на 11 април 2020 во период од 7:00 до 19:00, во просториите на дипломатско-конзуларно претставништво односно конзуларната канцеларија на Република Македонија.

 

На прво место

News image

Христијан Мицкоски: На денешен ден, пред точно 22 години згасна животот на Драган Богдановски

Христијан Мицкоски: На денешен ден, пред точно 22 години згасна животот на Драган Богдановски, но ...

Историја

News image

Како братот на Манданата, Мито, бил избркан од Бугарите во 1941

Како братот на Манданата, Мито, бил избркан од Бугарите во 1941: Што си дошол, ти си се борел за М...

Иселеници

News image

Одржана свечената Академија за Браќата Свети Кирил и Методи во Сиднеј

Одржана свечената Академија за Браќата Свети Кирил и Метод...

Култура и туризам

News image

ВО ЧЕТВРТОК НА 28 МАЈ Е ГОЛЕМИОТ ГОСПОДОВ ПРАЗНИК СПАСОВДЕН. ЗА МНОГУ ГОДИНИ

ВО ЧЕТВРТОК НА 28 МАЈ Е ГОЛЕМИОТ ГОСПОДОВ ПРАЗНИК СПАСОВДЕН. ЗА МНОГУ ГОДИНИ.

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (22)

ФЛЕГИЈЦИТЕ НА БЕОТИЈА И НА ТЕСАЛИЈА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.